Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Ај за летото ќе биде бројот како што налагаат повеќето нема да пуштат, ама што од септември? Како ќе бираат кое дете ќе оди кое не. Сите што се запишани, имаме исто право. И доколку сите сакаат да почнат од септември?

    Еве пр јас имам кој да ми ја чува, ама сепак од септември сакам да оди,доколку се нирмализира ситуацијата. Од
    кога почна в градинка друго дете е. Почна да дели играчки, среќна е со изработките кои ги прават, со гордност ми ги покажува. Сликата од нг и сега секој ден ја гледа и си ги кажува другарчињата.

    Мислам дека ништо нема да е како порано. Ќе ја направат градинката "војска" и ни учителки ни деца нема да се осеќаат слободно. Замислете наредени дечиња па мерат тт па ајде следниот. Па едното да измие раце, па чекај да излези па другото. Или пак предавањето на дете од метри дистанца. Додека излези воспитувачката да го земи, што ќе прават другите деца. Па кој ќе го слечи , кој ќе му стави топлинки. Треба кадар и за пречек да вработат. Или да нема настани, па тогаш ќе нема ни приредби, ни панаѓури ни славење родендени. Ќе сеизгуби поентата на цело социјализирање. Или теписоните да им се извадат. Па децата седат на земја играат.

    Јас сум за да има ред и хигиена на повисоко ниво, и реално некој точки од протоколот треба да им се секојдневие, ама прво треба да се обезбедат услови.
     
    На Coco31, Leo_29, Martka и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    Другарки, во право сте. Ама пишав еднаш оддамна кога почна коронава. Нема многу опции и пак ќе се удри на џебот на родителите.
    Ќе бираат дома да седат без примања или можеби приватна градинка со високи цени а убаво згрижени деца.
    За жал, тоа е.
     
    На referentka и fana им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.910
    Допаѓања:
    77.449
    Пол:
    Женски
    И замисли и на првата повисока темп и првото разболување, кашлање пострашно... (а нонстоп се разболуваат дека има сепак и други вируси и бактерии)... Има да биде хаос, паники. Ке се трча корона тестови да се прават..
     
    На Kitten, Martka, Spidy и 2 други им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Ова со мерењето тт ме потсети на ситуација што ја имавво Жан Митрев. Одам да правам пренатален и на влез мерат тт. А надвор кочан ладно. Влага тој пред мене 35 тт, влагам јас исто. Ај чекај 5 мин да се аклиматизираш па после мерење пак. Се направи гужва само ради ова. :)
     
    На kiki_riki, referentka, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Според мене ако веќе почнуваат градинките, треба да функционираат најнормално. Не може деца да се делат, да бидат на дистанца, да не се групирале, соба за изолација, маскирани негувателки... ниедно дете нема да сака да оди, трауми за цел живот ќе има. Јас не би сакала да седам во таква средина неколку часа а не па дете. Сите почнаа да ги носат децата по паркови, да ги мешаат со деца на пријатели и овие мерки со градинките не се воопшто во ред.
     
    На mariz, НаталиЛили и Mari-Li им се допаѓа ова.
  6. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    А замисли снег до колена, дете наоблечено, јакна, капа, ракавици вадиш од кола, надвор врни снег не се гледа пред очи тие застанати тт мерат. Или како што гледам дечиња помали полузаспани што ги носат.

    @mariz Баш така. И по правилата на протоколот едно на 10 деца ќе ги исполнува условите да посетуваат градинка.
     
    На kukla21 и mariz им се допаѓа ова.
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Мајка ги читам и јас и по сто пати се запрашувам дали до мене е проблемот што сум во паника или.... ама никогаш не ги прочитав дани, мари и останатите дека ги мешаат децата со други луѓе. Кај нив детски игралишта беа комплетно затворени и по олабавување се со мерки за растојание. Кај нас на лулашки врие, пред згради врие. Мене детето ќе треба моите да ми го зимаат или да седи до 16:30-17:00... е тоа е разликата. И јас ги читам и се обидувам да се охрабрам од нив, ама некако тешко ми оди.

    Скоро секаде затворија градинки :^). За нив најригорозно е враќањето во нормала секаде.

    И ние се пријавивме, ама дете нема да оди, бар не со овие бројки.

    За жал има. Познаничка една што не работи им рекла на негувателките дека штом отворат одма ќе им го истовари детето. Е дали ќе и го примат е друго прашање]:)
     
    На Coco31, referentka, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.858
    Пол:
    Женски
    Во светот работат градинките,но народот и менталитетот со нашиот се лук и вода.Кај нас прво народот да се превоспита(децата гледаат од родителите-ако родителот не носи маска и детето нема да носи),проста работа.И како све во државава,и се мислам протоколот е copy-paste.Со ваква култура и однесување од народов (секоја чест на исклучоци),Господ на помош на персоналот во градинките и на децата.
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.984
    Допаѓања:
    14.771
    Пол:
    Женски
    И пред коронава имавме тука еден муабет дека во некои градинки им барале потврда дека двата родитела се вработени за да го примат детето, па има мајки кои на хартија не се пријавени, а работат. И обратно, има мајки кои не се вработени вооошто, па ги запишуваат децата во градинка.
    И тогаш не беше фер на тој основ да се одлучува кое дете ќе биде примено во градинката, ама барем ако не ти го примеа во оваа градинка зошто е фул, ќе можеше да одиш во следната. Сега сите градинки ќе бидат со 3 пати помал капацитет.

    И сега мора да го редуцираат бројот по некој критерум. Ако скроз ја укинат мерката, сите родители мора да се вратат на работа. Тој што седел дома со детето последниве 3 месеца сигурно нема да земе денови од одмор да го носи негде. Не е реално да се очекува како претходни лета дека ќе има 60% помалку деца. Дури и тие што бабите ги чувале, можеби сега не би им ги пратиле заради ситуацијава.

    Значи едноставно физички нема да има услови да се одржуваат сите мерки што ги предложиле. Да не зборам за одржување хигиена, на секоја група ќе треба по една хигиеничарка плус само да пребришува се по цел ден, и еден редар во тоалет да им помага на децата да мијат раце.

    За во Америка знам за еден куп градинки што отвориле само за деца на доктори, полицајци и пожарникари. Апсолутно најесенцијалните работници. Не знам што да кажам, што е најпаметно во моментов. Ама ги затворија градинките на помалку од 20 новозаболени, а ќе ги отвараат на преку 50 новозаболени. Смисла нема тоа, колку сакаат мерки за хигиена нека воведат.
     
    На Sexybaby86, SummerGirl, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. pepapa

    pepapa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    911
    Dobro ne mi e jasno samo letovo ke primaat decata so dvajca vraboteni ili i od septemvri? A sto e so tie sto rabotat od doma? Zarem nikogas nema da im gi primat decata vo gradinka?
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    @Ano се е до системот. Ние немаме верба и заради тоа тераме вакви дискусии.
    Тоа што дечињата ги мешаат надвор, ако отворат градинките не ми мења многу. Секако ќе се мешаат во групи. Од каде да знам со кого се родителите се движат.

    Јас тука кај нас не сум видела такви масовни собиранки како што опишуваш. На игралишта, лулашки, не сме биле, па немам идеја како е, ама вака кога сум поминала немало некои собири. Може па затоа аеродром има многу заболени и е една од општините кои се споменува за затворање.

    Мора свеста да проработи кај сите на друго ниво инаку вака, далеку нема да стасаме.
     
    На Sexybaby86, referentka, kiki_riki и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Така е. Воопшто немам доберба во целиот систем. Не се дечињата проблем, таман работа. Да бевме сите возрасните доволно свесни и одговорни они се бајмалиот проблем во целата алка.

    Во аеродром е ужас од собиранки за жал. Прееска пред зграда детски роденден си славеа :worried:. Со подароци, со торта, со пеење хепи брдеј.
    Цел живот сум во оваа населба (родена, израсната, мажена), ама последниве 5 - 10 години не ја препознавам населбава.

    Сега со ситуацијава мислам дека прв пат помислувам за селење од државава. Се виде најлошото во секој поглед ;(
     
    На Coco31, referentka, kukla21 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.788
    Допаѓања:
    38.704
    Пол:
    Женски
    Е па тој што работи од дома сепак може да го чува детето. Затоа даваат предност на оние деца чии родители работат.
     
  14. Lady..M

    Lady..M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Женски
    Да, но некако не е фер целава ситуација. Еве јас на пример не работам, и сега да не ми го вратат в градинка оти не работам,да ми речат ќе си го чуваш штом не работиш. А напротив за да почнам да работам, баш детето треба да ми е вградинка. Некако излегува се од контрола, веќе луѓево почнаа да не се плашат од самиот вирус, туку како финансиски ќе преживуваат. Лошо
     
    На pepapa и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    Плус да не заборавиме на психолошкиот моменет кај децата. Сите треба да се во градинка, освен ако родителите од Х причини не одлучат поинаку. Ова е страшно, само тука прво се отворија казина а библиотеки, школи и градинки под клуч. Жално..
     
    На pepapa и Spidy им се допаѓа ова.
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.984
    Допаѓања:
    14.771
    Пол:
    Женски
    @Mari-Li сосема се согласувам дека сите деца треба да одат во градинка за правилно социјално да се развијат. Ама градинките кога ги затворија, имаше накај 10тина новозаболени, сега има по 60 деновиве. Ич не мислам дека е време да отворат градинки.
     
    На Cka, Coco31, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    https://360stepeni.mk/protokol-za-g...a-po-dve-postelnini-dezinfektsija-na-2-chasa/

    Немам коментари најискрено, малава моја во јасли почна пред коронава да не зафати сега е 10месеци, во групата се 30 дечиња малку рекоа дека нема да одат и јас верувајте морам да ја носам со една плата не се живее во македонијава знаете и сами, ме буни тоа по 6 да има во јасли од сите само 6ке смеат да одат или ке ги делат од тие пријавените по 6во одделни простории... Како ќе не биде еден господ знае
    По би се нафатила нека не зимам сега минимална 16.300 нека ми даде пола да го задржам работното место и детето дома да го гледам додека не стивне коронава
     
  18. pepapa

    pepapa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    911
    Pa i ne bi rekla deka moze da raboti od doma i dete da cuva ama ok ne navleguvam vo detali, sekako deka imaat prednost so dvajca vraboteni. Potreba od gradinka imaat site decinja cii roditeli resile taka
     
    На TarantulaA и kukla21 им се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Ај дојди чувај дете и работи од дома. Само да се каже нешто.
     
    На AngelOfArh, Leo_29, TarantulaA и 8 други им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.788
    Допаѓања:
    38.704
    Пол:
    Женски
    Седиш дома. Во градинка им е гајле дали ти можеш да го чуваш детето. Затоа даваат предност на двајца вработени. Мене ми се јавија пред некој ден на телефон да ме прашаат дали ќе го носам.