Не седи дома туку работи од дома, има разлика. Едно е да седи дома да не е вработена а друго е поради ситуацијава да е принудена да работи од дома. Замисли 2 годишно дете да го чуваш и да работиш со фул време. Дома седи државна администрација. Ослободени од мерките ама ич не се замараат кога ќе почнат градинките со работа. Нив никој не ги брза а ниту ќе ги избрка. Има разлика и тоа голема. Ете нека ги отворат и нека дадат предност на приватен сектор. Без административците се виде дека може да се функционира, и онака се премногу, нека седат и нека не прават гужва со децава.
Не ме разбра. Битно дома се. Мислиш дека на директорите во градинките им е гајле? Затоа по телефон прашуваат дали и двајцата родители се вработени. Податоците ги испраќаат во Министерство. На мене така ми кажаа. Јас секако го отпишав. Од Септември ќе биде прваче.
Па вработени се, работат од дома. Не исто како седат дома. Со укинување на мерките, се укинува и работа од дома. Тогаш вработени ли ќе се?
А осигурани ли се тие што работат од дома? Еве мајка од нашата група е германски преведувач, ама не била никаде пријавена и нема потврда од работа.
A што е битно дали се осигурани?! Плаќаат даноци и работат од дома. Фриленсери се тоа. Инаку кај мене цела администрација работи од дома. Пријавени со потврда од работа би биле.
Епа како нема врска, кога бараат потврда од работа за родителите, дека се во редовен работен однос. Од каде ќе донесе потврда ако не е пријавена како вработена.
Тоа е глупост на системот и тој што го смислил. Колку ИТ работат од дома на проекти? Еве и @An-na кажа дека работат од дома. Само кај нас за вработен се смета оној кој има М1/М2. Ќе донесе дека месечно плаќа даноци на УЈП на име хонорар кој и не е така мал. Само на некој треба да му текне. Дискриминација.
Осигурувањето како такво е во полза на вработениот и апсолутно не е мерило дали некој плаќа данок или не т.е не плаќаат данок само вработените. Јас сум фреленсер и неосигурана (по сопствен избор) плаќам данок на приход 10%, плаќам ДДВ и внесувам пари во државава кои ги трошам тука. Дали ова во очите на државава ме прави недоволно добра да ги користам бенефитите на истата? Дали моето дете можеби е непривилигирано затоа што јас ете сум одбрала да не бидам осигурана оти сметам дека парите ми одат во дупка и можеби сум одбрала подобра опција а тоа е животно осигурување? И уште ова (нема врска со муабетов, ама нејсе) кога земавме кредит за станов (мажот ми се вработи за да можеме да го земеме) се обидовме да аплицираме за купи куќа, купи стан проектот. Ама, ни рекоа воопшто да не се обидуваме оти не ги исполнуваме условите т.е сме имале приходи поголеми од 900 евра во последните 6 или 12 месеци. На мажот ми платата не му беше толкава, ама во овој случај ги вбројуваа моите приходи, а кога сакав да бидам кокредитобарател не. Кога сакам моево дете да го запишам, исто не сум од привилегираните, ама кога државава треба да ми даде нешто, е тогаш имам доволно приходи? Абре ај!!! Во ситуацијава, јас би ги примала децата на есенцијалните сектори, другиве нека седат дома уште некое време. Ама исто така ригорозни контроли кај газдињава кои не ги пуштаат дома вработените, иако им следува истото.
Се слагам. Ама системот е таков каков е и нема чаре. Женава за која зборам работи по цели ноќи зашто дење неможе од детето. Уморна и исцедена е, едвај чека да се отвори градинкава. Но, за да бидат што помалку деца прават селекција.
Како ќе донесат образец дека се вработени ако не се пријавени? Прават селекција. Ги примаат оние деца што имаат потреба да одат во моментов.
Селекцијата треба да биде на принцип на професии како што ги читаме овие во странство. Има распоред и се водат по тој. Кога ќе ти дојде редот, добиваш маил и носиш дете. Види, ти не работиш и не си работела од дома. Значи дискусијава е беспредметна. Тие родители работат од дома. Не седат, не уживаат. Дојди еден ден кај мене да видиш како тоа функционира. Додека сите деца шетаат, моето збеснува дома. Додека мајките гледам си бојат, си црткаат, моево оди од еден на друг за внимание и се менуваме кој да поработи со него. Едвај чека да дојде 6ч и како кутре стои на врата да излезе, ги зема патиките и покажува на која врата сака да излезе. Така да не ми кажувај на мене кој работи, а кој не работи од дома.
Теоретски - можеш да го чуваш додека работиш од дома. Пракса - малце потешко. Дете од 2 години бара малтене цело внимание. Доаѓа и седи кај што седиш ти, имитира да куца на тастатура, чепка, истражува. Ти носи играчки, ти бара и што му треба и што не за да ти привлече внимание. Бара да оди надвор, плаче од бес итн нормални работи за таа возраст. Јас седам на компјутер и ги игнорирам тие потреби. Не е воопшто лесно да се работи од дома. За состанок да имаш, му даваш цртани кои баш тогаш не се интересни.
Во деновите кога ротиравме со колегите, работев од дома и се чуствував како најлошата мајка на свет, рокови те притискаат, а детето не разбира дека имаш работа и баш тогаш мора да проба да се качи на комодата на пример, да стиска по компјутерот....
мене ми го гаси компјутерот и ми го преклопува. Си бараат внимание. Мислам за нив најтешка е цела ситуација
Не што се малце, и високи се цените. Кај плаќаш 18000 па и да ми суди ли дали имам или немам потреба да го носам?!
Јас кажувам тоа што ми беше кажано. А вие сфатете како сакате. @referentka ги разбирам до некаде државниве градинки околу потврдите. Ама приватните? За таа цена многу барања имаат, додека во државните е тепачка за место.