Нееее... Кај мојата се 8 деца, без разлика на мерките со 2 учителки. Според влада треба да се 15 Никој ништо не бара, едвај ги чекаат
Во групата на ќерка ми, под 2 години, во приватна градинка, беа 10тина деца со 3 учителки. Според меркиве што се предложени, треба на таа возраст да се 5 деца со 2 учителки. Немаат место за да ги поделат на 2 групи, така да или некои сами нема да ги однесат, или самата градинка ќе мора некако да ги редуцира. Муабетот ми е, иако во приватните градинки генерално се помали групи, пак не мислам дека секаде ќе може да ги спроведат новиве услови. Затоа во државни градинки ми е рамно на невозможно да ги спроведат, со уште помалку простор и кадар, а три пати повеќе деца.
Најлогично е или да се примаат само децата на родители кои работат во есенцијалните сектори кои не се ослободени од работа или (по примерот на Германија) да ротираат дечињата.
Не знам дали секаде во Германија е исто, ама читав на темата за Германија мајките кажуваа дека децата ротирале. На пример, 2 дена едно дете, па 2 дена друго и така... Место 5 дена во неделата, 2 дена ќе оди на пример. Не е и ова идеално решение, ама па најфер ми е.
Приватните не смеат да отворат дур трае вонреднава. Бар така ми кажа нашата учителка. Нашата градинка не е баш типична градинка, повеќе е како едукативен центар/игротека. Има деца од 2-6 години во една група. Повеќе од 15 деца не чуваат. Се јави учителката да праша дали планирам да продолжи, ѝ реков дека би сакала, доколку секако нема некој со поголем приоритет од нас. Под тоа подразбирам родители кои работат прва смена и немаат друг избор. Сакав да го пратам, бидејќи баш во септември ќе ни дојде новиот член, па не сакам да мисли дека ради бебето го праќам. Али тоа е, како за сите, така и за нас. Здравјето и безбедноста пред сѐ. Инаку работам од дома, попладне,2ра смена само. Имам среќа што сеуште не ме открил во која соба сум тие 8 часа. Иако има 4 години е многу радознал, а работата ми е нешто слично на кол центар. И нема време за чекање,или да завршиш подоцна. Се знае, од толку до толку си онлајн и крај приче. Фала богу па дозволија, по желба да работиме од дома до 31.12, доколку лично сметаме дека сме загрозени, па 99% сум сигурна дека ќе ја искористам таа можност. Секако во средина на август заминувам на породилно. Да не одам офф топик, ама стварно сум бесна што приоритет се стави на казината и кафаните, а градинките се во заден план. Најмногу ме револтира фактот што родители се изнашетаа со децата, ги испомешаа со луѓе, ама скокаат да имало скрининг во градинка. Епа, пардон ми госпоѓо вработена во администрација, за да видиш промена, тргни од себе.
Нема врска,не е точно ова што го кажуваш за предноста.Се знае што е вработен и невработен родител....и работа од дома е вработен рпдител.И тоа многу потешко е да се работи од дома со дете што чека од мајка да го гупка,игра,оброци да му спреми...
Валда работи ко фриленсер? у тој случај најверојатно сама си плака придонеси и осигурување.За фриленсери не постои опција потврда од работа,зашто нели,самовработен си.Истово и за авторски договор.
Точно е тоа што го кажувам. Одреден период работев во градинка. Знам како ги примаа децата. Пак ќе пишам...на нив не им е гајле ти ако си дома како ќе го чуваш детето.
Што сакаше да кажеш незнам. Во погорниот текст кажа дека "тој што работи од дома сепак може да го чува детето. Затоа даваат предност на оние деца чии родители работат." И да се дообјаснам има родители кои се водат за вработени и работат од дома, работата им дозволува но и работата трпи бидејќи не секој ден успеваме да се снајдат и добро да изменаџираат. Тие што се самовработени дома и остваруваат приходи, притоа плаќаат на државата данок зошто да немаат право да ги пуштат децата во градинка. Персонален плаќаат. Придонеси не плаќаат но тоа не е ни битно бидејќи разликата меѓу вработениот и фриленсер кој не плаќа придонеси е пензијата. На крај вработениот ќе земе пензија и државата ќе му ги врати парите што ги плаќал преку придонеси па може дури и за персонален што плаќале за него и ќе ги има бенефитите кои ги имаат пензионерите. Фриленсерот нема да земе пензија, но персоналниот останува за државата. Ако сакаат можат да најдат начин и да им ги примаат децата во градинка. Немора да е со потврда за вработен. Може да биде потврда од УЈП дека лицето остварило приходи над 14500 ден во просек месечно. Како за се што бараат ако си над мунимумот да не ти следува така и сега нека направат над тој минимум да следува. Таман ќе бидат опфатени и од други сектори не само од ИТ. Тие што не плаќаат никакви даноци нека немаат право. И друго никако нетреба да се даде предност на администрација бидејќи приватниот реалниот сектор го полни буџетот а тој ни е потребен сега за да не придвижи. Така ќе обезбедиме пари и за приватен сектор и за буџетари.
Хаха сигурно нема да се џитне ама тензија сигурно ќе се осеќа. И навистина се за греота децава. Замисли го чуваш цел ден и работиш со него и оп во 16ч карантин. Лудило ќе ги фати и родителите и децата.
не сум видела една на 35 деца. патем ако не ти одговара у државна градинка, моеш у приватна.. ко што кажа чка, две на осум деца се.
И кај нас беше според предност, независно од работниот однос на родителот. Најпрво беа децата кои догодина почнуваат со школо, потоа втора категорија, па на крај трета. Едната ќерка почна неколку недели пред другата.
Апсолутно си во право за ова. Имаме правилник колку деца смеат во група и пусти врски и тука се мешаат. Притисоци врз негувателките и тие несмеат да се побунат. Родителиве па ич. Искрено им се восхитувам за тоа што го работат, и жалам што се во такви мизерни услови и никакви плати. Треба да се воведе плаќање според примања на родителите и тие пари дирекно да се искористат за повисоки плати. Но за чувањето деца тоа им е работа и негувателката не работи на компјутер тие 8-9ч, не договара на моб и сл. Едноставно тоа и е работа да ги чува и воспитува и секој еден има тежина во својата професија. Има родители кои имаат 3 или 4 деца меѓу кои сум и јас и мораат да работат од дома, да кренат телефон да се јават и сл. И да се вратам на темата, бев сигурна дека ќе ги носам во градинка но повеќе не сум. Нека поминат уште непроспиени ноќи но дури не се смири ова незнам што е паметно. Башка нежни сме со здравјето.
Во право си дека тоа и е работа. Ама Министерството треба да поведе малку сметка. И да се води по тој Закон за заштита на децата во градинките. Едно да има 10 деца во група, ама друго е 30. И тоа како може да се прошири зараза.