За темата (не)работници од дома. Јас ослободена со потврда, а мм работи од дома зашто му се може. И двајцата активно работиме од дома. Едниот станува во 6 ч за да фати некој саат плус. После 8 најчесто јас не работам, дете јадело- не јадело, мочало....итн. Па се ротираме, и така до бескрај. На пц имаме два монитори, на едниот пушташ цртани, на другиот работиш. Во меѓувреме, другиот работи на лап топ. Поминале два саати. Дете уште гледа цртани, време лета. Па нели не е фер цел ден да е пред екран?! Ќе дојде 17-18ч да одиме надвор, ние двајца скапани, не ни се мрда, дете не истрчано. И тоа трае веќе три месеци. И кој знае уште колку. За тие што мислат дека е лесно да работиш од дома и дете да гледаш. Само уште сум несигурна дека би пуштила дете во градинка во ваква ситуација, а мораш да се појавиш на работа....
Како и сите други работи, од денес за утре ќе решаваат и за ова. Некој ден ќе има прес во 16ч, и ќе речат од утре се отвараат
До вчера мислев дека на 15ти ќе ги отворат. Ама судејќи по државните инстутиции кои ќе им го одземат новиот одмор на мајките во јуни, се повеќе мислам дека нема да ги отворат
Леле Добро бе па вас ништо не ви чини, ете кафани и кладилници отворени се. Да не му е досадно на народ. Сеа не ќе мислиме и на малите деца дали им е досадно, шо знат тие шо е досадно.
Некои мерки, меѓу кои и за градинкиве, ќе може да тераат и во случај да не се продолжи вонредна состојба. Неколкупати е појаснето и укажано.
Кај нас во Штип има заболени од персоналот во градинките,како да пуштиш дете таму кога и бројката расте секојдневно
башка скриниг правеа пред две три недели нели можно е да е некој измеѓу заразен и јас незнам како ќе го пуштам ..
Мн се нервирам у оваа џунгла уопште не мислат на децата а и не кажуваат кои се заразени.мн неодговорно
Дали некој знае дали може потврда отпосле да се однесе и децата да почнат градинка отпосле? Пример ако пуштат градинки сега, да почнат Јули моиве. Причина ми е што потврда немам да однесам одма, а ке работам во градинка...