Со тоа што.породилното го продолжија до 31.07 даваат знак дека до тогаш и градинките нема да работат, зашто некои од тие мајки ќе мора некаде да ги остават децата, па ако тоа го продолжија до 31.07.... Некоја логика така вика. Незнам. Ова од шушукање меѓу некои вработени во МТСП. Официјално нема.
Што ке правиме?! Завршува вонредна состојба ние на работа а децата? На потврдата пишуваше "додека трае вонредната состојба" што значи од понеделник ке тргаме нема на кој да ја оставам да ја чува...
Прво ги затворија градинките како МЕРКА па после се воведе вонредна. Тоа што вонредната ќе прекине не значи дека мерките исто ќе запрат. Голем дел од мерките сеуште ќе се применуваат.
Мене ми е ќе ме викнат на работа а малава нема кој да ја чува, да не испадне да бираме помеѓу работа и дете ако ме разбирате
Во мерката пишува дека имаш Легитимно право да ја користиш, тие смеат само да ти дадат од дома да равотиш...нормално ако може.
Одеа, запишани се... Јас треба да однесам потврда од работа дека мора да одат во градинка кога ке почнат градинките. Бидејки почнав да работам во градинка баш тогаш кога испозатворија се и таа недела требаше да ме пријават, бакзус. Кога ке почнат градинки, почнувам и јас, тогаш ке ме пријават, а од нивната градинка бараат потврда сега. После ке можам ли да однесам и тогаш да почнат? Да не речат не донесе потврда, сега неможе... За 2 нед да ги чува некој ке се снајдам ама за повеќе не...
Ќе однесеш кога ќе те пријават не може да не ги примат, нема врска кога се вработил родителот, бар јас не гледам логика .
Боледување, одмор, боледување, па маж ми боледување одмор боледување. На крај и мирување на раб место 3 месеца, па белки ќе помине.
Болна сум била па не ми дале. Рефче со сипаница,.ми дава 7 дена, и велам " како тоа ми ксжуваш дека 14 дена трае сипаница а боледување ми даваш 7". Вика-оди си на комисија, ќе ти даде уште 7 Немам пријателка доктор за да ме вади од ситуации. А неплатен.одмор....мало морген. Со кој изговор да го земам.Даваат за школување или лекување кај нас.
Од нашата градинка ни го пратија ова известување: Спојлер: Известување Според протоколот донесен на Влада, а се однесува за работата на детските градинки родителите треба да донесат: 1. Две потврди (за двајцата родители) од работодавецот дека нивното присуство е задолжително на работното место. 2. Здравствена потврда на детето не постара од 3 дена пред поѓање во градинка. 3. Да се достават уредно платени сите заостанати сметки за престој во градинка. Значи сепак потврда од двајца треба дека е присуството на работа неопходно.