скрининг пред 1 месец се тестираа некои што ако не се заразиле измеѓу вработените ништо не е безбедно...
Дечки Градинките нрма наскоро да се отворат. На 150 заболени во денот, нема теорија градинка да се отвори
https://deca.mk/nad-1-300-roditeli-...dinka-ova-ke-trae-da-ne-unishtime-generatsii/ Еве интересна статија, не е лошо да се прочита.
Денес од воспитачка во градинка разбрав дека градинките во септември ќе ги отворат. Тие средиле, исчистиле, дезинфицирале во занималните, ама отварање нема да има.
Не ме чуди... И Филипче денеска на новинарско прашање кога ќе се отворат градинките одговори во стилот "се уште е рано да зборуваме на таа тема".
Во септември ќе отворат оти ќе нема корона тогаш или децава ќе научат дистанца до тогаш да држат? Чему скрининг во мај, ако не отвараат до септември?
Јас од добавувачите за храна низ градинките разбрав дека се спремаат со набавки за од 1ви Јули. Сепак не е ништо сигурно и тоа може да се откаже.
^Ситуацијата со вирусот се менува од ден во ден, логично е дека и плановите за отворање на градинките да отстапуваат од некои првични планови. Услови за почитување на протоколите едвај би се исполнувале во нормални услови, не па сега. Мислам на број на деца во група, две постелнини на дете и слично. За одржување дистанца и слично, нема шанси. Можеби кај најголемата група. П.С.Синми од 1 јуни и официјално е отпишан од градинка. Школарец
https://a1on.mk/macedonia/filipche-...te-mozhno-e-tamu-da-se-zgolemi-transmisijata/ Еве нешто од Филипче. Колку сум исплашена од коронава, толку сум исплашена и од отварање на градинките. По храбра бев и сакав да се отворат, ама како гледам околу мене многу заболени со лесна клиничка слика ама и со тешка, се повеќе сум за НЕ отварање. Во септември нема да го снема вирусот, ама тогаш веќе ќе мора да се покрене цело образование па нема само градинките да бидат извор на трансмисија туку општо цели школи.
Јас сакам да ги раскажам досегашните фази може на некому ќе му олеснат. Малата тргна на година и еден месец во градинка. Одеше три недели пред да се случи коронава. Сеуште не одеше и и беше многу тешко да се привикне од втората недела. Третата беше и со плачење плус и болна. Три месеци подоцна она оди многу стабилно и сите реквизити може да ги користи. Има поголема меморија ги памети децата и сака да си игра со нив. Ги разбира игрите, лизгањата, забавата во песок и вода. Самостојно јаде и пие вода. Не сака да си иде од градинка и заклучно со денес ќе и ја потврдат фазата на прилагодување веројатно бидејќи само ја оставив, десет минути седев во просторијата и искочив до крај/до ручек. Ако продолжи вака за две недели ќе си оди регуларно во градинка. И она е пресреќна гледам дека сака да учи, да се дружи се ја интересира. Има многу убава градина, имаат многу игри, песнички на касетофон и колички за секое дете за возење. И по карактер е многу самостојна и се сака сама да направи. Веројатно допринесува за ова прилагодување. Иако само со нас е по 24/7 логички би требало да плаче по нас или да е лепак. Ако некој се двоуми за возраста еве моето искуство од денешен аспект што говори. Има некој прелом од 11 месеци до 16 каде е детето е тешко за упис во градинка бидејќи е фаза на многу многу нови моменти. Затоа сум на мислење или пред или потоа.
Градинката е најдоброто нешто за децата и покрај сите настинки. Ниедна баба, ни дадилка нема да ги научи како градинката. Затоа ми е многу криво толку долго што не одат.
Во април по телефон ми рекоа дека уписи ќе има од првиот ден кога ќе отворат. Ама еве поминаа преку 2 месеци, не се отворени и нема ни да се отворат скоро. Дали некој од вас упишал дете за од септември, бидејки идеа вработениве некое време на работа додека беше скринингот, или уште ништо нема? Не сакам да ѕвонам пак на телефон, да не биде "ти кажавме веќе еднаш"...
Јас денес бев во градинка , секој родител имаше обврска да отиде да си земе изработки од детето. Кажаа дека наскоро нема да отворат.
Омилените пижамчиња со Биби ни се таму, можеме некако да си ги земеме? Само шо ги купивме, ке ни се смалат еднаш ги облековме