Зависи од градинката. Свекрва ми оди секој ден на работа. Ги гледам и кај нас скоро секој ден се. Јави се на учителките, ќе ти кажат.
Ама не возможно е да не ги отворат, мајките нема да ги остават до недоглед од дома да работат. Незнам ама мора рационално решение да најдат.
Па не зависи од него. Еве и утре да ги отворат, јас сум убедена дека по 5 деца дали во група ќе има. Ептен некој што нема излез ќе пушти дете на оваа ситуација.
Да не разгледуваме индивидуални случаи каде администрацијата си седи дома, најголем дел од мајките ги притискаат да се вратат, ги реметат им се закануваат со отказ и сл. Со дете ќе оди на работа? @PUPICA кога ќе отворат градинка се укинува и мерката.Ќе се вратат оние кои мораат. Оние кои не мораат нека не ги носат
Искрено се надевав дека од септември ќе ги отворат ги броев деновите,сега како ќе не биде господ знае. Многу ние мачно за чувањево,неможе некој цело време да ме мења на работа со смените,а и има размак од два часа додека си дојде еден од работа а другиот треба да оди. Го растргнавме детево веќе де кај едни де кај други,ред и дициплина никаква.
Ако не е до него, нема но што тој да размислува нели? Во тие безизлезните сум, да. @referentka па тој само тие родители ги рачуна, во администрација. Другите кој ги *бе. Ќе си седат дома без плата за да си ги чуваат децата оти дотичниот и нему сличните не направија ама баш ништо мерката за седење дома да е спроведена подендакво секаде (и приватно и државно). Згора на се, као дадоа помош за фирмите за април и мај, јули сме, а некој е без работа. Срамота!
Кај нас се шушка дека до декември ништо. Сепак ова се само муабети. Но од друга страна од министерство за образование барале од училиштава бројка на вработени кои имаат деца до 10 години. Ова многу кажува и ме загрижува
На прес конференциите не зборува во име на Венко, туку во име на цел тој синџир институции кои одлучуваат за мерките и препораките во актуелнава ситуација. Имам разбирање за твојата ситуација и мал милион слични, но, за жал државава е таква каква што е. Проблеми кои тлеат со години и свесно не ги решаваат ни едни, ни други... Да сме нормална држава, пријави го работодавецот за непочитување на препораките и чао аморе. Не само во ситуацијава, туку, воопшто. Пример и да се отворат градинките и покрај се. И да се случи, а верувам ќе се случи, случај на позитивен кадар или дете, пак Венко ќе биде крив дека ги отворил и покрај околностите. Врти сучи, многу е измешана работава. За жал...
Секаде има корона, но животот мора да се врати во нормала. Овде градинките се решени на тој начин што им е дадена дозвола на родителите дали ќе ги носат во градинка или не. Значи прво се уклучува ризикот се е на своја лична одговорност. Од мерки кои ги преземаат е не ги мешаат групите. Порано сите групи си играа во хол или двор или заедно ручаа. Сега секој ден има дезинфекција на играчки и групата брои четири деца. Тие четири фамилии кои сме заедно со две учителки мора поодговорно да ја сфатиме короната, бидејќи едно ако се зарази шест фамилии идеме во изолација. Но само шест. Останатите во градинката се безбедни од нас, фактички изолација во сама градинка. За школите спомена Кити се шушка за онлајн настава од Септември насекаде низ свет
Леле,леле тешко на нас и на децата,осакатени генерации ,мислам ќе пукнам. @Kitten што ќе правиме ма со нашиве првачиња?? Се,се ама за децава не можам да преболам што ги оставија без решение,мојава уште се надева дека ќе тргне еден ден во градинка,не престанува да ги бара другарчињата,така се разделиа преку ноќ и сега директно па нема ни во школски клупи да седнат
Ист случај и со мојов. Што малер генерација Јас уште не можам да ја прежалам завршната приредба и тргнување на училиште во вообичаени услови... Исто и тој. Десетина дена пред да ги затворат градинките почнаа да се организираат за приредбата, живи среќни беа сите. Секој втор ден прашува „кога ќе идам барем на еден ден да си ги видам другарите“ Па врти сучи го зема алманахот од градинка и го листа без да изусти нешто. Едвај некако се објаснивме дека речиси со истите другари ќе оди и на училиште...
Ни јас Пупи не можам да ја прежалам завршната,мислам повеќе од неа ја чекав,како ќе плачам таму кога ќе ја гледам,детево од 9 месеци таму ми порасна ,втор дом и беше градинката,многу ми е мака,стварно малер генерација .
Ќе дремеме дома и ќе "образуваме" деца онлајн. Отсабајле ќе чувам мало дете и ќе учам со првачето, а попладне јас ќе работам и снимам часови. За викенд ќе ме замараат ученици и ќе проверувам домашни. Ќе поцркам од работа А и тебе богами те чека напорен период од јануари натака, ако не се смени ништо Незнам како е изводливо да станеме и авторитет како учителки, сите мајки со помали деца што одат во училиште се жалеа дека децата одбиваат да работат, мислат дека ги мачиме. А истото и мене ми се случуваше откако затворија градинките, од мај навака не ни сака да седне да сработи нешто што ќе и зададам.
Да и јас истиот муабет го слушам од мајкиве,децава дома се пореметија откако не одат во градинка,се им е изместено ниту ред во јадење,ни спиење имаат,а за активности и мојава колку многу работеше по дома кога ќе си дојдеше од градинка сама,сега ништо веќе не и е интересно,не сака ништо да работи се со сила,само се шутка по дома натаму-наваму ,дефинитивно им фали тој авторитет на наставник,и градинка си е градинка,кој како сака нека рече,тој развој таму никој не може да го замени. А јас од јануари ....
А плачење без причина? Ми иде некогаш да ја треснам од земја, ама сфаќам дека е ради премногу седење само со сестра и, без дружба со други деца. Кога и дојде другарката од градинка да си поиграат тука кај нас, мислам детево леташе два дена, толку беше среќна и расположена!