Сите 8 родители си имсле иста мака и затоа се прошло не приметно, се додека некој не ги пријавил. Потребата од градинка е огромна, некои родители ги викаат на работа а немаат каде да остават дете, ама тоа не ја амнестира градинката а богами и родителите. Ако има мерка, треба да се почитува. Ако веќе отвараат , нека ги отворат за сите.
Сеа ако сме веќе искрени, колку се виновни граринките толку се и не лиценцираните жени кои гледаат деца.
Прво, неможеш да најдеш. Второ, и тое што ги има дигнале цена, па под 18000 не се наоѓа. Трето, од каде да знам дека се придржува кон правила и мерки ... Да не испадне на крај дека сами болеста дома си ја викаме.
Има и за помалку. Мене најмногу ме мачи делот со социјализација. Од кај ја знам со кој се се дружи. Со мајка ми не можам да се разберам за тоа, не со трето лице.
Ни стаса во групата дали од 1септември би го пуштиле детето во градинка... Мене на неколку пати од раб ми се јавуваат за да се вратам ама кога нема кој да го чува и ги одбивам ама ако ги отворат ќе мора да бирам
Кај нас во друга крајност отидоа. Родителите до четврток да донесат потврда од работа дека не можат да работат од дома Скопје - Аеродром
Не претходно само беше оној прашалникот, дали доколку се укинат мерките би имале потреба да го пуптиме детето во градинка. Сега бараат потврда од работодавачот.
аха и секој односно повеќето ќе издадат потврда дека мораш на работа.групи од 45 деца ,ќе биде тепачка за кој 15 .и работодавецот ќе ти рече имаш градинка ајде на работа.и?абе убаво рече сашко на златна бубамара.стануваат сабјле и со идеа каква поголема глупост да смислиме.секоја чест.
Така некако излегува работава. Незнам што да кажам, ама стварно немаат план и концепт во главата. Има многу потпрашања поврзани со ова. Да јас во моментов работам од дома, ама со ротации, а мм користи мерка. Ако мерката трае, тој мислам дека ке може да седи уште дури и кај мене да одлучат на работа да не врата сите. Ама ако се укине мерката него сигурно ќе го вратат на работа, а и за кај мене знак прашалник е, зошто и сега секој ден се менуваат одлуки, како ќе му дувне на некого. Плус како што се претпазливи со потврдиве сигурно 1000 подпрашања би имало за условите, а никој не знае да каже дали ова е за моменталните услови со ослободување на 1 родител или ако се укине мерката и така натаму и така натаму.... Искрено мене ми е многу потешко работа од дома. Ако нешто не се заврши одма ти висат демек од седење домае, а реално од дома многу повеќе работам токму заради ваквите коментари.Да не кажам дека друго ми е кога сме во канцеларија и се координираме со колегите зошто таква ми е работата па се договараме. Сега сме на некој начин поделени и некој може да се случи да не може да стане до тоалет да отиде, а некој може да е полабав. А да не кажам со дете дома кое си бара внимание. Кај доволно тешко е што е изолиран од сите, па уште и јас кога морам да го игнорирам Ова излезе повеќе пост за во СДК, ама целава ситуација веќе мава на психа.
Па не сум сигурна, зошто прашалникот што ни го пуштија во Мај беше колку ќе мораат да ги носат децата одма, а колку откако ќе се укине мерката. Ништо ќе мора да се молиме со моите за чување, па ќе се покриваме на смени зависно од тоа како ќе одлучуваат кај мене на работа.