Работа од дома е работа! 10 саати седење пред комп, додека дете има потреби е лошо за сите! Ни е сработено салам, ни дете е чувано салам! Мислам дека низ цел Балкан работат градинки и школи освен кај нас.
Прават прашалници за да видат колку деца ќе има во група па да направат скрининг дали може или неможе да се отворат градинки. Голем број од родителите се на став дека не би пуштиле дете и можат да продолжат со работа од дома, некои имаат помош за гледање дете. Има и такви на кои градинката им е единствена опција. Во муабет со директорка на една од скопските градинки се спомна дека градинките ќе отвараат во ноември, што ми е не верно. Дека ќе се одржува некој ред во група од 15 деца (па и 8 нека бидат) ми е не изводливо зашто како што ги читав протоколите за работа на градинките, малку е тешко тоа со мали дечиња. Можеби нај големата група ќе се придржува до каква-таква дисциплина, ама со деца под 4 години тешко е да се спроведе. Пропишано е голем дел од времето да се престојува надвор во двор.Ама тој двое е ЕДЕН за сите па кога ќе се соберат сите надвор (каде има и љуљашки) тешко ќе биде да командаш ситуација.А ако стане збор секоја група посебно да излегува, тогаш неможе да се поврзе со поминување на голем дел од времето во двор зашто ќе биде лимитирано (за да може секоја група да излезе надвор по малку). Постелнини по два комплета. Теретот на родителите ќе падне..плус и допопнителните трошоци за материјали, обезбедување, осигурување, балет, музика... Затварањето по занимални ќе значи ширење на секој вирус не само на Ковид. Доволно ќе биде еден случај на Ковид за да се изолира (пушти дома) цела група сосе наставнички. Сакам да се пуштат градинките не за да се ослободам од детето, ама сметам дека на секое дете му фали материјалот кој го учат таму.Колку и да работиме дома со нив, го немаме тој авторитет како учителката, ниту пак ја имаме нивната вештина. Од друга страна не сакам да се отворат ради стравот што го имаме сите. Во секој случај - како ќе решат- така. Како за сите, така и за моето.
Кај нас стои меѓу другото и : “ Според уредбите на Владата ќе бидат згрижувани само дечиња на кои и двајцата родители се вработени.” Пишува во најбрз рок им требаат информации за да се организирале од 1ви септември.
И кај нас стигна истото. Од цела група дечиња само едно би го пуштиле да оди, другите сите се изјаснивме дека не. Не ми е јасно како се тоа ќе се изведува. Децата и од поголемите групи трчаат играат, знаат да влезат и кај помалите. Тоалетот е заеднички таму кога ќе им се оди ќе им викаш чекај издржи да држиме дистанца. Греота се дечињата, факт е дека е битно пред се да се здрави ама и менталното здравје не смее да се изостави. Моето дете од фебруари не е смешано со други деца. Работиме нон стоп дома со неа, пола Просветно дело го купивме, ама не е доволно продуктивно како кога си работеше во градинка.
Кај нас во група повеќето се пријавија дека ќе праќаат дете. Толку многу прашања има за целава ситуација, непознати, што не ми е јасно како сега можеш да решиш/знаеш дали ќе пратиш дете. Верувам дека има родители на кои навистина им треба градинка. Не сите работат во државна администрација, па дома да си се лабави без работни обврски или со баба сервис. Ние излудевме тотално со работава од дома. Ко што вика @Ano се работиш и никако да постигнеш. Дете да анимираш, па и ручек, ранење, јадење. Не знам на кој му текна ваква „генијална“ идеја дека тој што работи од дома и дете ќе чува?! Не знам која фирма ќе одбие да ти даде таква потврда доколку сакаш/треба да се вратиш на работа. Друг момент ми е социјалниот момент за децата. Градинката не е само место за чување деца кој нема каде да го чува. Го забораваме најбитниот елемент и тој во моментов на децата најмногу им фали. И по тој основ глупа е одлукава тие што работат од дома, да не носат деца. Тие што во изминатиов период изгубиле работа, казнети се дома да ги чуваат децата затоа што нема да може да обезбедат потврда. За протоколите не ми се ни прави муабет. Уште не ми е јасно кој ќе ги спроведува.
Работата е што една температура ќе не измести сите по дома. Како што се разболуваат маливе бактерии, вируси ќе трчаме сите да се тестираме од Ковид.
Искрено децата подивеа со седењево дома. Ги гледам во школски кај што го носам да се провози, абе се е диво. Џиткаат, маваат, кршат, се тепаат, друга крајност па не сакаат да се дружат, како моето на пример, за жива глава нема да се здружи со некое дете, а затоа и го носам, нели да не здиве, колку толку да види дечиња, ама не. Моментално мм е дома, не оди на работа, он го чува, ама попладне си работи до ниедно време и малку е да речеш дека заглавува, до сабајле е обесен на компјутер па после нервозни дека он не може да се наспие, а јас до 3 на работа... Не знам, ова многу тешко ќе биде. Не сум сигурна дека ќе го пуштам баш така лаганини во градинка, ќе причекам малку сигурно, ама не сакам да седи дома никако. За работа со него немам проблем, јас неговите апетити за работа не можам да ги достигнам. Чита, пишува, бои, сече, лепи, моделира, склапа, расклапа, дури досадно му е од што совлада се што едно прваче треба да совлада во 1во одделение, уште броевите собирање и одземање што не сме ги фатиле. Да не бидам погрешно сфатена, не сакам да го прави тоа, не е тоа за дете од 4г, ама сака да учи и сам научи да пишвуа и чита, кирилица и латиница, сам чита и научи скоро се од Книгата на знаења на Биби. Пошто кај нас компјутери, таблети и телефони не играат улога воопшто мора да се снаоѓа. Ама не е тоа работата, да имам дома штреберче а да не оди социјализацијата со ред. Но тоа е што е, како викаат, мора да се научиме да живееме вака. Ваљда ќе тргне следнава година во градинка бар малку да се социјализира пред да тргне во школо.
Верувај има неодлучни. Јас не користам мерка туку сум во редовни ротации кои важат за сите вработени. Аналогно на тоа во момебтов не би ми издале потврда, а може да им текне за една недела да сменат политика и да треба сите да се вратат на работа. Нејсе ќе се мисли во од и онака никој ништо не знае. Учителката вика дека они се на колективен одмор до средина на август. Само им стигнало од управата да пуштат инфо без никакви дополнителни информации.
Мене ми рекоа дека не е итно за потврда. До средина на август да носиме. А сега само да се изјасниме дали ќе го праќаме во септември.
не ми е јасно зашто бараат таква потврда ако носам тоа значи дека сега треба да се врстам наработа како ке ми дадат таква потврда а јас ке продолжам да користам мерка? а градинките не се отворени ако не носиме потврда кога ке се укине мерката нема да ни ги примаат градинка?
Од работа потврдуваат дека за двајцата родители има физичка потреба на работа, неможе од дома да работат. Тоа значат потврдите. СдК дека имаат нужна потреба од градинка.Према податоците собрани сега ќе прават план ДАЛИ ќе се отворат и како ќе работат градинките.
Така почна и во Србија. Прво као само тие кои имаат двајца родители на работа. Па сега сите одат. Имам внуче таму. Цела група одела нормално. И таму се скоро 40 деца. А одеа првата недела 10-15. Не дека и тоа добро, ама кога се нема излез, мора градинка .
Тоа не зависи од мене, од тебе...од потеебата на фирмата зависи. Незнам зошто се нафрлаш како да јас ги смислив правилата. Ете, дај преставка.во МТСП и нека важи за сите. Плус има шалтерска работа која од дома не се врши.