Не. До 31.07 е продолжено. Бараа мајките да се продолжи, ама никој ништо не се изјасни. Имаше за ова на страната на министерот во коментари на некоја од објавите. Пред десетина дена.
Ќе се отворат градинките 100% Ми кажа директорката каде работев. Податоци бараат за да знаат кои деца ќе одат за да ги направат групите.
Градинкте веќе си имаат протокол за работа(само сумљам дали ќе се почитува од страна на родителите,знаејќи каков народ сме).Се планираше нивно отварање,ги спремаа и ќе ги отвореа(кога имавме 20 заболени),но бувна бројот и нормално не се ни отворија.Избега све од контрола.Исто така треба да знаеме дека ни градинките нема да бидат како до сега(додека трае коронава),и тоа треба родителот да му објасни на детето дека учетелката ќе носи маска,нема гушкање,нема делење играчки(а не да се лажат децата дека ќе им биде добро во градинка-сепак тоа се дечиња-стравот и паниката ќе бидат присутни).Читам дека демек учителките седеле дома(не комемтирате за вработените што седат дома со години и примаат плата),него учителките трн во очи,ама ќе ве разочарам дека во општина Карпош учителките работат(моментално може и одмор да користат),откако почна све да се отвара.Им посакувам на сите просветари голем успех во справувањето и употребата на протоколот,во ова време невреме.
Затоа што работа од дома не е критериум за дали детето да оди или не. Работа е работа. Си правиме муабет тука, не дека тебе те обвинувам јас сум убедена дека секоја фирма ќе даде потврда независно од потребите. Мене да ми побара вработен, ќе му дадам. Тој пак нека работи од дома. Секако полесно ќе му е и поефикасен ќе е.
Градинката ќе барала неопходност за присуство на работа. Нека ми издаде фирмата па нека ми рече да си седам дома. ...ама "мало сутра" тоа во моја фирма. Плус, кој ти дава од дома да работиш а цела плата да земаш (ова за адми истрација).
Да да сега видов во документот 31.7 пишува. Значи на 1 авг треба со работа да се почни, а без градинка како?
Многу глупава ситуација,како тие од дома што работат на одмор се дома и на чување дете ,а не на работа,хм. Јас не можам да работам од дома ,ама имаше ситуации јас на работа мм од дома работеше и детево само се чуваше ,маж ми се шетал во спална, во дневна,во купатило со лаптопот. Среќа што мојава е малку поголема и разбрана,сама се заигрува или пишува,бои и немаше проблем,ама со помали деца многу тешко.
Па нели ќе отворат од септември а не од 1ви август. Нормално дека ако се отворат ќе се вратиме сите на работа.
А што ако фирмата даде потврда дека работата мора од работното место да се извршува, а реално има можност да се работи и од дома? Дали ќе има некакво "чешлање" на фирмите? Оти реално, сите би издале потврда за да си ги вратат вработените на работните места.
Ама не можат 3 дена пред почеток да кажат! Ако е од понеделник враќање на работа требаше одамна да кажат! Уствари ... и за децата од 1 одд кажаа од денеска за утре па ко луди мајки трчаа на работа од плажа )) деца по комшии оставени, у последен момент, па таткото бега порано од работа а мајката се успива наводно, за да можат да чуваат дете... каков хаос беше тоа...
Па и не баш сите. Некој се плаши, ако еден заболи цела фирма во изолација би му идела. Дури и со мерки и претпазливост, климата во канцеларија истиот воздух го врти. Ова за кај мене кажувам.
Во моето решение што го добив пишува дека трае додека траат времените мерки,дата нема и не може да има не знаеме короната кога ќе заврши или намали.31.7.е продолжено породилното и трае додека траат времените мерки и исплата ќе има од фзом.Има и соопштение на сајтот на МТСП.Така да трае додека не се одлучи на влада дека времените мерки престануваат и е безбедно за мајките и нивните дечиња.