Ова е суштината на проблемот. За ова треба решение. Стварно еве, што ќе се прави на прво разболено дете?
Ами веќе 5 месеци е така Па и канцелариското ќе си го сработи па и на шалтер ќе си седи зашто и канцелариското неможе од дома, мора класери, странки, сметководство,да собира потписи од колеги... Сеа на вести кажаа дека во петок ќе се збори за ова, наводно само планови се за градинките.
Во протоколот пишува дека ако детето пројави температура се известуваат родителите и одма се отстранува од групата и се праќа на тестирање.Ако недај Боже е позитивно децата од таа група прават тест како и учителката и негователката и ако има контакти тогаш се тестира и техничкиот персонал чистачката што е задолжена за тој дел.Откако ќе се добијат резултатите се јавува во центарот за јавно здравје и потоа редот на работата и се решава што ќе се прави со таа група врз база на добиени резултати.А и тие можат да земат брисеви од децата(за родителите да не одат приватно).Ова е на папир,а во реалност ќе видиме......
https://www.facebook.com/55164645762/posts/10158572090315763/ Да можеше и кај нас вака да беше ,би било одлично.
Искрено не знам што толку ти сметаат мајките што работат од дома. Јас исто работам, само физички не сум присутна. Инаку мојата работа јас си ја рабитам, не е на товар на никој од колегите. Од поодамна те читам дека ти смета тоа што седиме дома да чуваме деца и плус сме со фул работа која никако не трпи зашто од дома работиме. А, како што знам и ти дома седиш, или грешка сум. Има кој да мисли за нас, нема потреба од зајадливи коментари. Користам мерки, работам од дома и почитувам се што е како мерка дадено, не ги мешам децата со други деца.
Во нашата градинка одма после спиење им ги облекуваат патиките од надвор и сите деца одат во една занимална на куп. А на негувателките дома не им оди контрола (за приватно зборев дека си прават журки и собиранки), не почитуваат мерки и се мешаат со тон народ.
@ivi1987 ќе се воздржам од одговор зашто ќе отиде муабетот во погрешен правец и онака би било вон тема.
Кај нас малите не ги мешаат. Секоја група си е во својата просторија. Немаат заеднички дел. Си седат во топлинки до земање. Е кај големите т.е во градински дел не знам како е.
Оф Дафи, камо да беше вака и кај нас најсреќна ќе бев. Колку пати беше на родителска зборено и молено буквално во топлинки да ги оставаат до зимање. Ама не, немало шанси, малтретирање ќе било за вработените, хаос ќе се правело, не било изводливо. И рачунај, во мала занимална сите дечиња што остануваат до покасно од сите можни групи на купче со обувките од надвор седат. Па бебиња лазат и фаќаат по тепихот, големите трчаат, паѓаат играчки па ги зимаат и во усте директ. Многу лоша ситуација и во нормални услови, не па сега во пандемијава. А да има услови и јас сум за да одат и да почнам на работа.
Мојата таман се навикна почна короната Сега зборува прашува за градинката, вели дека сака да оди ама мислам дека ќе остани само на велење Дека пак ќе треба да минуваме низ плачки, и не сакање. Ама па си викам можеби поголема дека сега повеќе разбира ќе сака. Ќе видиме.
Denes zborev so na postarata kerka negovatelkata sto i bese, zasto malata ne mi e zapisana uste vo gradinka, pa ja prasuvav sto se zbori kaj niv, kako stojat rabotite. Nisto vika ne se znae, na 5 min menuvaat odluki, neznam kako ke se odvivaat rabotite. Haosni sme nema zbor!
Мене ми е најмал проблем дали сакаат да одат или не. Јас само барам начин како да ги згрижам додека сме на работа со маж ми.
Кај нас ќе се работи од дома. Имаме корпоративни насоки и нема шанси да се отстапи. Нема да загрозиме целокупно работење ако има опција да се работи од дома. Моево не сака да чуе за градинка. Така ја плашам за да јаде