Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    Moevo nema pravo na glas...:puke:.:x:x:x.6+ e, neznae sto go ceka.
    Ke vidime kako ke bide:bow::?:, mnogu se nerviram.
     
  2. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.856
    Пол:
    Женски
    Ама мила објасни и дека нема гушкање,нема делење играчки,секој свои фломастери,пластелини...да знае зошто кога ќе отиде ќе се разочара.Кажи и додека е вирусов така ќе е.Е сега дете е,објасни и низ игра.Пробај

    Немој никогаш да ја плашиш со градинка со учителка или со било кои вработен таму.Многу е погрешно.Ти си знаеш,а јас вака од туѓо искуство.Ја плашиш и после не сака градинка,епа нема да сака.И мене да ме плашиш и јас нема да одам.
     
    На kalinaka и kukla21 им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.801
    Допаѓања:
    142.112
    Знае, се знае... само мисли дека кога ќе си оди лошата болест тогаш ќе оди у градинка.
     
    На azelea и Martka им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Така е ако јас и го создавам стравот. Не и е од мене. Едноставно не сака да оди.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Не ме.ни плаши отварањето колку она мерење Т на врата, па од еден до друг родител 10 минути...па јадење во занимална каде спијат, цртаат, седат по цел ден..
    Има досра процедури и за хигиена,е мора да биде некој задолжен и за тоа.

    Што ако пример еден родител е позитивен?
    Значи ли дека цела група ќе се распушти?
     
    На Coco31, TeddyGrey и Martka им се допаѓа ова.
  6. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.856
    Пол:
    Женски
    И за тоа има во протоколот,важно ќе биде брисот на детето,ако е негативно детето ќе си оди во градинка.Но ако сметаат од јавно здравје дека треба да не оди,нема да оди.
    Мораш да и зборуваш позитивно за градинката и вработените(пример:"Игра ти си учителката а твоето девојче и заедно глумите како одите во градинка,како треба да ја слуша учитечката)здравје ќе се породиш и со тоа што работиш и дома ќе ти треба градинката.Полека подготвувај ја.Но не мора да ме послушаш.
    Све ама све можеш да правиш,само немој да ја лажеш.Мора некако да и објасниш во стил да внимава,да ја слуша учителката за да биде здрава.Приказна за болното мече.

    И на крај знам сите сме мајки и го сакаме најдоброто за нашите деца(знам го знаете сево ова што го напишав),ама малку помош и мое и туѓо искуство.Никогаш ама никогаш не ги лажете децата-потрудете се да им објасните,никогаш не ги плашете со никои и ништо.Се надевам дека ќе пребродиме успешно@referentka,@kukla21,@Ска.Храбро мајки еден ден и ова ќе помине:muscle:
     
    На pianogirl и referentka им се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Секако нема брзо да оди. Немам верба во протоколиве. Кој тоа ќе чисти?! Жениве деца да гледаат или на 2ч да пазат хигиена. Ќе има ли екстра персонал за чистење? Таа една на цела градинка што попрво?! Па во 13 кога воспотачката ќе си замина, негувателката што попрво.

    Фино пишувале протокол, ама некој и персонал да пишеше.
     
    На azelea, Coco31, TeddyGrey и 2 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    И така се дефицитарни со луѓе.
     
    На TeddyGrey и Martka им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Баш. По секое менување пелени, миење раце на детето и персонал и дезинфекција на површината. Кај помаливе лудило
     
    На referentka и Martka им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    На секои 2ч да се бришат штекери, кваки, прекинувачи, мијалници, столици, маси... подот неколку пати во денот. А бе кој ќе го прави ова?!
     
    На Spidy и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  11. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.856
    Пол:
    Женски
    Точно така е.Јас можам да дадам на предлог волонтери од Меѓаши ако сакаат да помогнат сепак се залагаат за доброто на децата за која се залагаат и они.За протоколот јас го и ќе го почитувам ама другите не знам....гледајќи како се однесуваат сега.....страв ме фаќа.Јас се мислам и учителките да не фатат да чистат(зошто технички персонал фали во градинкиве).По протоколот на два часа дневно менување на постелнина,луфтирање,дезинфекција на играчки,прекидачи,влезни врати,вециња,спална,занимална.....Не знам како ќе постигне досегашниов кадар.....
     
  12. katte82

    katte82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Ќе биде како со кафаните и кафичите ,првин само фамилија на маса па 2 ца да седеле.....,за да сега е башибозук.ако отвараат градинки ,нека најават со време дали мерките ќе ги укинат.ако останат мерките за еден родител ,јас не пуштам дете у градинка.воспитачите и негувателките не се тех.персонал.за да спроведаат нечиј протокол од канцечарија смислен без да го видат теренот,им треба волшебно стапче.
     
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Кај нас во група, бајаги пријавени има. Над пола деца.

    Сите истото се прашуваме, дали цела група дома ќе оди после првото разболено дете, а тоа ќе биде за од 3 до 5 дена.

    Јас не ја пуштам за сега.
    Мала е, тешко се објаснува вирус и дистанца. Не е тешко, невозможно е.
     
    На Spidy, Coco31 и Martka им се допаѓа ова.
  14. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.856
    Пол:
    Женски
    Така е мајка.Децата се чувстителна тема и многу е битен фактот да не е повредена емоционалната страна на детето.Еве пр.Децата не ја виделе учителката одамна и таа го пречекува со маска(притоа не се гледа ни насмевка,ни устата,ни носот(забрането е гушкање)-не може да го гушне ни ако плаче(ќе и ја фати маската со раце),некако ќе бидат како робови,без чувства и емпатија.
     
    На Kitten и azelea им се допаѓа ова.
  15. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Тие мерења на тт ич не се релевантни да се базираат на нив. Не знам како ќе биди ама ќе биде хаос.

    Пред два дена малата со тт одиме на дежурен на болница на ургентно и мерат тт 37,5 . Од ургентно до детско одделение ( во бт) има нецела минута одење. Ни мерат пред детско 38,6. Се чудат како на ургентен им покажало помалку. Влегуваме внатре ни даваат живин топломер мериме 39,2.
     
    На Kitten, azelea и fana им се допаѓа ова.
  16. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.856
    Пол:
    Женски
    Бога ми мајка има разлика од 37,5 до 39,2.

    Градинката и училиштата се колективни институции.Еден кивне утредента сите останати.Може да се проба со протоколот,но сите да бидат доследни на тој протокол(а не директорката ми е братучетка-па да не важи ништо за неа,ни маска ни бутур).Што се однесува на општина Карпош има доктор на ниво на градинките,кои претпоставувам ќе ги следи дечињата(кивање,кашлање), и останати симптоми па да реагира кај воспитувачите.Малце ми е дискутабилно и оставањето и земањето од градинка.Сите вработени со маски,сите учителки ќе се збунам на кого го оставам,а кој ќе ми го даде на земање.Не знам,да се проба,но да не не чини скапа пробата.
     
    Последна измена од модератор: 29 јули 2020
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Од кога ќе почне да има уписи или оваа година нема?
     
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.936
    Допаѓања:
    14.645
    Пол:
    Женски
    Јас се јавував во мај и сега скоро пак. Ми рекоа уписи нема додека официјално не отворат. Ама ме прашуваа дали претходно имам аплицирано, им кажав дека имам однесено документи за лани, требаше да почне во март, ама откажавме. Ми рекоа дека повеќе од тоа не може, и официјални уписи за следнава година од септември уште нема и не знаат кога ќе има.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.296
    Допаѓања:
    119.123
    Пол:
    Женски
    Од нашата градинка сеуште нема список за кој би одел од септември, а ниту имаат потврди побарано(facepalm)
     
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Исто.
    Ништо.
    А еве читам дека активно се бара, па дури и на ТВ вчера се кажа.

    Ни пари немаат побарано , оние 521,00 за јуни и за јули.