Не било така. Негувателката отворено ни кажа дека само од анкетата децата ќе ги примеле. А анкетата беше пред некој месец, сите скоро користевме мерки и работевме од дома. Плаќам само што ќе почне нов месец, ама џабе ми е. Искача дека ако ме викнат на работа, две деца ќе треба со мене да си ги носам да седат 8 саати. Одговор - Не е до нас
И кога ќе искочат со изјава "од утре мерки нема, градинки се отвараат, сите назад на работа" и нема да знаеме што попрво да правиме и тие што плаќале, и тие што се упишале пред коронава и тие што сега првпат ќе треба да почнат во градинка. Јас само се надевам дека ќе кажат со најава недела-две да имаме време за организација. А не како кај мене на работа, од утре не смеете да работите, па после 2 месеца од задутре може да работите. Па не знаевме ни од кај да почнеме. На ништо не личи тоа.
Шо им знае га*от на сите. Божем работиве.се дадени еднаш за секогаш. Оти ако е така и ако нема да ти го примат детето не рекла- извини, ама не плаќај пп 521,00 0.... Оти па да плаќаш ако не треба?! @Spidy пред 1ви нема да отворат. Чекај сеа од 10.08 ќе почнат со анализи
Па тоа и пишавме и ние родителите. Дека и ние не знаеме преку ноќ што може да се случи и дека за вака осетлива тема мора да се прилагодуваат на ситуацијата. Којзнае што ќе испадне на крај. Ама факт е дека не знаат кај тераат.
Во многу фирми работат од дома ако природата на работата им дозволува, имам две другарки во различни фирми од март работат од дома, немаат деца и ќе продолжат до нова година. Тебе ако те викнат значи си потребна и физички и можеш да си донесеш потврда и да го примат во градинка.
@mimiiiii не се согласувам со тебе. Работа од дома не значи и дете гледање. Значи работиш од дома и треба да обезбедиш концентрација и ефективност како на работа. Тоа знали да се вклучиш и на конференциски повик ако треба и да седиш активно на состанок. Да не збориме дека работа од дома законски кај нас не е регулирана и трудова прогледува низ прсти заради ситуацијава. Секако дека тој што има како да го згрижи детето треба да даде приоритет на другите, меѓутоа кажав еднаш, градинката не е само место за згрижување деца.
Не е точно Фана... учат многу, се дружат, јадат здраво, вежбаат. Градинката е основа, мозокот највеќе се развива од 3 до 5 год.
Потполно се согласувам, знам како е чување на мало дете и работење ама тука мајките се против отварање градинки затоа што не сакаат да се укинат мерките, ок не е задолжително ама нека се отворат за на тие што им е потребна не може вечно да трае работава мора да се најде начин ако некој смета дека не е безбедно нека не го пушта ама избор мора да има.. Градинката е многу важна за децата и не треба да се занемари затоа што е тешко да се спроведат протоколи, ова може ќе трае а на децава времето не се враќа, а родителите мораат да работат не се сите ослободени.
Тоа ми е јасно, ама муабетот ми беше во контекст дека само за згрижување деца се користи затоа што 90% од моето опкружување не би го пратиле детето во градинка ако има кој да го чува.
Moite baraat i vo skolo da odat, baraat da se druzat si go sakaat nazad stariot zivot, sto vika sinko. Ne e kompletno mozno, no delimicno e. Neka najdat nacin, decata gubat najmnogu so ova odlaganje. Za bebusot nema sto da kazam, ke odlagame duri mozeme 6+. Ne e poentata samo da gi drzime pod kluc i da ne mozat da funkcioniraat normalno, deca se. Kerka mi veli za rodenden najgolema zelba ke mi bide korona da nema i se da bide kako prethodno. Dali od mene zavisi ( da i ja ispolnam ili e) ?!
Баш денес прашав во моиве човечки за тоа..Со издавање на потврдата дека мора да извршувам работа од работно ѓесто,автоматски ми се укинува важење на уредбата за ослободување на дете на предшколска возраст.
Мене исто ми се фаќа, оти ден мерка немам искористено. Работевме од дома кога фирмата нѐ ротираше сите вработени, ама баш мерката за деца до 10 години ја немам користено. Сега не сакаат да ми издадат ни потврда оти немале официјален документ или допис, само на вајбер муабети не верувале. Јас сум во зезната ситуација оти сум цело реме на договор од три месеци и може многу лесно да не ми продолжат договор. А и друго си мислам...имам едно дете во градинка и едно во школо. Што ако ми дадат потврда од работа, а школите не почнат заедно со градинките или имаат различна политика од нив? Потврдата ќе ми важи за едното дете, а за другото?
исто и кај мене и кај сопругот не ми е јасно за некои ќе важи мерка пд дома рсботење а за некои нема да важи дека со сила ќе носиме ваква потврда дека нема да го примаат градинка , а автоматски со оваа потврда ни се укинува мерката не ми е јасно ако не носиме сега потврда нема да го примат детето кога ке ги укинат меркиве?
И ова и го поставив на учителката...Ми вети ќе се распрашала во управата н а градинката.. Значи,дали доколку не обезбедам потврда би го изгубило местото во градинка за понатаму?..ах,сите лутаве,и институции,и родители,и шефови од работа..
Уредбата секако ќе се укине кога ќе отворат градинките. Добра воља на фирмите да поддржуваат работа од дома по престанување на важењето на мерките.
Истово го поставив и јас на меил во нашата градинка. Еве одговор нема, а упорно се инсистира на таа потврда. Што ако,сега не однесам, а од 1 септември мора да го носам? Дали тоа значи кога ќе исполнам услови би ми го примиле детето или... Баш пиши ако добиеш некаков одговор.
Мене цело време тоа ми е муабетот. Може и да се укине мерката мојот работодавач ќе одлучи заради безбедност да не остави дома или бар на ротации како и сега. Тогаш сигурно нема да оптеретувам и со сила да го носам во градинка. Одговор од градинката (поточно од директорката, од градинката официјално не ми одговорија) е дека мора да се донесат потврди до петок за да ги прателе во министррство за да се направеле групи за во септември. Ова мене ми мириса дека кој нема сега да обезбеди, во септември нема да биде примено
Само вашата градинка ли треба да праќа потврди. Па и тоа во Министерство Ако е така ма сите ќе бараа. Кој тоа ќе администрира толку хартија за цела држава?! Приказни за мали деца. По мене градинката ќе си чува тоа (како потврди за вакцина) и треба да ги покаже ако има контрола .
Па не, претпоставувам нема да ги праќаат туку бројка врз основа на тоа ќе пријавуваат. Ама муабетот ми е дека се банда без команда во буквална смисла на зборот. Не може едни да инсистираат до петок, некој барал пред два месеци, а некој воопшто не бара. И какво е тоа заклучување бројки од сега. Мислам јас и онака ако се договорам со моите нема да го праќам, ама ако не дај боже искрсне нешто со ова сега што го прават може да излезе кога ќе дојде време да кажат - не може да ти го примиме детето, не е влезено во примарен план.