Од нашата градинка е штама, никаква информација не даваат. Не знаеле ништо и толку. Ова што се случува е страшно, којзнае што ќе биде. Едит: Кај нас во група во месец Јуни негувателката пиша дека итно до утрешниот ден морало да пуштиме потврди на кој му е неопходно згрижување за да ги направеле групите. Во Јуни, од денес за утре. И знаете што, 90% од родителите рекоа дека не можат за толку краток рок да обезбедат потврда, дека треба бар уште некој ден плус да се даде. Одговорот беше дека така им е наложено и дека не можат ништо да сменат. У превод, можеме да се сликаме. Затоа нигде ги нема и не знаат ништо
Треба да се разговара со работодавачот. Фирмата претпоставувам има план како ке продолжи кога ќе се укинат мерките. Или ќе ги врати вработените на работа или ќе продолжи од дома. 30 деца во група не смее да бидат. Ќе направат две групи. А доколку е планот да бидат 10 во мала група ,толку ќе бидат. Јас мислам 20%од децата нема да продолжат во градинка. А можеби и повеќе.
Ама нашиве деца се запишани во градинка. Од март до сега уредно си плаќаме 521 денар за одење во градинка. Имаме договор. Да работеше градинката сега ќе си одеа децата. Септември само ќе си продолжеа. Која е логиката да не ти го прима во ноември, а ти си плаќаш секој месец?! И друго, пак ќе кажам, сите големи (и сериозни) фирми имаат свои протоколи за враќање на работа. Истото е за заштита на здравјето и безбедноста на работниците и осигурување континуитет во работата. Едино решение е сите да извадат потврди, да си "чуваат" место и да го однесат детето кога они ќе сакаат. Друго, потребата од градинка е многу лошо дефинирана. Само оние кои треба физички да одат на работа, може да носат деца. Јас стварно не можам да сфатам на кој паметен му текна дека работа од дома и чување дете идат заедно, посебно кај мали деца! Ако може просторно и кадровски да се организираат како што кажуваш, тогаш само треба тоа да се направи и СИТЕ да одат во градинка или бар тие кои сакаат да пуштат деца. Ќе има повеќе помали групи и тоа е. Се согласувам и дека нема сите да сакаат да ги пуштат иако може ќе обезбедат потврди. Чисто за чување место. Како ќе имаат реална бројка? Никако. Фино лепо ако не знаеа како, требаше да видат како се правеше отворање на градинки/школи низ светот и да ископираат. Во 6 месеци ништо да не се направи е па и тоа не иде.
И Косми е во право кога ќе размисли човек @Cosmi . Ние родителите сме ставени во клинч и секој бара чаре. Деновиве контактитам со учителки, мајки... Знаете што ми рекоа??? Градинките не се спремни. Нема ни опрема за учителките освен еден пар ракавици и еден визир. Ами кај се два пара постелнина? Ами кој ќе чисти и дезинфицира површини на секој саат? (и тоа било во протоколот) Пола од учителките биле со хронична болест и ваделе потврда за да не одат на работа, останале 2/3 од нив здрави, ама и тие уплашени зашто знаат дека нема услов ни за 15 деца во една занимална а не па дете повеќе ( а секогаш ќе има врсксџиско дете на некого кое мора да се прими). Ни средства немаат за обична дезинфекција на подовите
Наскоро во прегратките на "Срничка" Почитувани родители и мили наши дечиња,"Срничка" повторно ве чека во своите прегратки.Не грижете се,почитувајќи ги препораките на надлежните институции,беспрекорно и професионално ќе се залагаме да се спротивставиме на ширењето на пандемијата,сé со цел да бидеме добар пример за нашите мали јунаци и да го вратиме животот во најмилото царство во кое царува другарство. ✅ДЕЈСТВУВАЊЕ -Хигиена; -Спроведување на протоколи за престој во градинката; -Правила за поздравување; -Максимална грижа за децата; -Редовни контроли на здравствената состојба на децата за време на нивниот престој во градинка; -Спроведување дополнителна дезинфекција на сите објекти; -Континуирана грижа за хигиената во објектите; -Перманентно обезбедување на средства за дезинфекција и хигиена; -Приспособување на дворните површини за детски игри; -Секој вработен ќе има своја насока на дејствување во својата професија при спроведување на протоколите; -Секое дете задолжително ќе има обележано свое креветче и своја постелнина; -Неминовно ќе се почитува бројот на децата според протоколите.Во јаслените групи дозволено е да има по 6 деца,а во градинка дозволено е до 15 деца; -Времето на пасивен одмор ќе се одвива организирано,така што децата ќе бидат поставени на креветчето според принципот "нозе-глава" со препорачано растојание. ✅ПРИ ПРИЕМ -На влезот на кој што ќе влегувате редовно ќе правиме проверка на телесната температура со далечински термометар; -Задолжотелно ќе биде носењето маска; -Наутро,треба да го донесете вашето дете задолжително во време за кое сте се договориле дека ќе го носите; -Ве молиме направете дезинфекција на вашите обувки кога влегувате од надвор; -Редовно дезинфицирајте ги вашите раце; -Ве молиме,не се поздравувајте со другите родители.Вашиот поздрав нека биде без физички контакт; -Имајте трпение и застанете на местото одредено и обележано за стоење; -Одржувајте го потребното растојание; -Кога кашлате,сторете го тоа во вашата подлактица; -Потрудете се помалку да го допирате вашето лице; -Доколку имате административни прашања искористете го меилот на градинката (gradinka.srnicka@gmail.com) ✅СО ДЕЦАТА -Наша обврска и задача е да обезбедиме сигурна и безбедна средина за нашите деца; -Стручниот тим изработи насоки за повторна адаптација на децата; -Вработените имаат обврска да се грижат за своето и за детското ментално здравје; -Ќе го интензивираме престојот и учењето во дворот на градинката,со цел децата од здравствен аспект подолго време да престојуваат на отворено. ✅ОБВРСКА НА ВРАБОТЕНИТЕ -Персоналот задолжително ќе носи заштитни маски и често ќе врши дезинфекција и миење на рацете; -Ќе се врши дезинфекција на играчките,работните површини и на подот; -Ќе се спроведе забрана за непотребно движење низ објектот; -Ќе се користи добро развиена стратегија за игри на отворено и спроведување на потребното физичко растојание; -Максимално почитување на протоколите и мерките за заштита. Со почит, вашата градинка "Срничка" Oва го имаа објавено од градинка Срничка -Аеродром на фб вчера,е сега колку ќе биде вака
Ова што кажуваш се решава за еден ден. Средства се купуваат и носат одма. Во протоколот пишува подот се брише неколку пати на ден. Не знам дали го имаш оригиналниот протокол од Влада. Нели имаше листа на хронични болести кои се ослободени? Не сите се опфатени. И еве, Косми вика може одма да вработат замена, значи не е проблем, само треба агилност.
Читав протокол, сеа под заворавен ми е. Ама кажувам на што се жалаат вработените во граринките. Велат, на никого не му е гајле, само носат одлуки и протоколи а ваму не се исполнуваат. Незнам, можеби учителките намерно не разубедуваат (во што исто верувам) да не носиме деца во градинка зашто е опасно. ...како да моја е фирмата па кога ќе си решам ќе одам на работа, кога сакам дома ќе си седам. Се решава сето тоа за еден ден, се слагам, ама не се заложува никој изгледа. @azelea убаво напишано, нема што. Да видиме како ќе го изведат тоа.
Градинките ако сакаат за 3 дена ќе ги спремаат. Нема нешто што не се решава со пари и добра организација, барем вакви работи. Друго е што учителките креваат паника и пуштаат муабети за да се намалат групите. Градинките 6 месеци затворени и родителите во неизвесност. Што е е разликата со почнувањето од септември или од пред 3 месеци. Случаите горе долу се толку. А сега од септември ќе се направи гужва и со градинки и школи и сите вратени од одмор. И аман со вадење потврди за хронично болни, пола администрација со такви потврди. И тие хронично болни чувале деца, нас ни ги враќаа на врата за најмала ситница (не ме сваќајте погрешно бидејќи во право беа што враќаат болно дете) а сега учителките хронично болни и на било која бактерија да се појавеше во градинка учителките не беа тестирани. Родителите на помали деца несмеат да бидат дискриминирани. Приватен сектор ослободува, ама трајно те ослободува откај него, со отказ. Мора да останеме смирени и позитивни. Децата во градинка ќе поминат подобро и од нас и од школските. Мене повеќе ме плашат децата над 10 години и возрасните. Бидејќи од возрасните се шири заразата а не од децата.
Да се надеваме,во Срничка од лани има нова млада директорка која има деца колку нашиве и многу се заангажира и доста работи смени во градинките и знам нешто рече ново мени за исхрана подобро ќе има,ние завршуваме веќе со градинка ама сакам да е подобро за сите деца.
Браво! @referentka по мене кадарот најмалку знае. Сигурно и тие имаат многу недоумици. Во ситуацијава само ќе им кажат што и како. Веројатно има и такви, еве @monik55 нели кажуваше како и набиваат чувство на вина. Низ Карпош веќе се дезинфицираа градинки, душеци, веројатно ќе се прави пак. Рака на срце, Богац фино се справи со ова.
Кај нас во градинка секоја година е истиот муабет "мајка ако има кој да ти го причува седете дома, почнаа грипови, настинки, децава со бактерии и сл" и сериозно ми е смачено. Па кој родител сака да го изложува детето на опасност. Еее а оваа година што ќе биде. Можеби подобро ќе беше да ги организираа со ротации. Две недели една група, две друга група. Родителите да ги ослободеа една недела мајката, една таткото, така помалку ќе се осетеше отсуство. Можеби грешам, но и да се појави случај тие две недели ќе бидат како самоизолација, а другата група ќе продолжи да функционира.
Има начин, само треба некој да сака да успее целата оваа работа. Кај нас ми мириса, дека сакаат да ги задоволат приватните бизниси, дека еве се обидуваат да направат се за да се вратат децата во градинка и да ја тргнат мерката, ама ова да не успее и да се продолжи по старо . Кај нас ништо не се прави за доброто на сите. Сето ова е политичка игра. Сакам да верувам дека сум грешка, ама ми личи како да сакаат намерно да не успее целата работа. Требаше да си направат сценарио како сите дечиња кои имаат двајца вработени родители (родител за самохрани) ќе имаат потреба да се вратат во градинка и да ги планираат капацитетите согласно таа бројка, а не на некоја почетна бројка, па потоа другите да извисат. Така ем ќе има растеретени групи, и ќе има место за сите кога ќе треба да се вратат. Еве јас не планирам да го вратам, дедека можам да го чувам дома (јас, мм, моите ако се создадат услови), ама ова не се знае до кога ќе трае. Ама како што тргнала работата, за такви кои ете оставаат шанса другите да профункционираат нормално, а не по секоја цена да го пратат детето во градинка, кога ќе имаат потреба ќе останат незгрижени. @Cosmi моето дете е запишано во градинка и одеше до 10 Март. Редовно плаќам секој месец за местото.
Луѓе со толку многу протоколи сигурно нема да функционираат градинките.Прво ќе излезе толку големо незадоволство како на овој може , а за моето нема место и јас треба да работам.Треба кадар и простор плус.Видоа и германциве дека не може па се вратија во нормала. На почетокот и тука имаше протоколи ама одеа многу малку деца.За профосии како медицински кадар, пожарникати,полиција , продавачи итн.Многу малку професии.Потоа ги проширија листите со професии и знаеа колку деца ќе има.Па така само еден од родителите да биде во оваа група можеше детето да оди, ама под услов и двајцата да се вработени. Оваа група беше многу широка и видоа дека дојдоа многу деца и повеќе не можат да спроведуват протоколи, ама не можат ни да кажат нема место.Па од јуни ги отворија за сите деца.Нема некои протоколи, освен маски да носиме кога ги носиме и зимаме и раце да дезинфицираме(што ова го правев и пред короната).Децата не се поздрвуваат со воспитачките со рака туку со лакт.Под не бришат 10 пати и не држат децата растојание.Ако има еден случај потврден од корона се затвара цела градинка 14 дена.Не смее дете што кашла( правеа и за нос проблем ама не повеќе)во градинка минимум 48 часа откако ќе снема симптоми.Моето оти има проблем со кашлица за жал мора да остане дома цела недела на секоја настинка иако нема тт.Откако е почната 30.04 во градинка 3 пати има добиено кашлица ниту еднаш не и правеа корона тест само диши диши. Еве како е во Германија ништо комплицирано.Исто и школите од другата недела ги отвараат со тоа што децата ќе мора маски да носат
Дали на некоја мајка и се имат јавено од градинка во Кисела Вода? Малиот треба да тргне од септември во јасли но немам никакво известување. Вртев на еден број но никој не крева.
Оваа ситуација нема да заврши за месец ,два ,три ќе трае ,така е требаше да ги планираат групите ,еве јас сега сум на трудничко што кога ќе ми заврши труничкото јас сум здравствен работник за мене нема исклучок за седење дома кој ќе го згрижи моето дете ,а јас редовно си подмирувам сметките ,кога и го поставив ова прашање на нашата учителка беше толку безобразна што ни одговори ако не сакаме да плаќаме а она неможе да гарантира за место за моето дете сме можеле да одиме на веб страната на градинката и слободно да го отпишеме .Не сакав да бидам безобразна и да се расправам ама нека дојде ситуација да нема место за моето дете ,е богами тогаш нема да молчам .
На секого по нешто му стига, само на нашата градинка НИШТО. Дури некои градинки имаат и краен рок, на едни 14.08 на други 17.08 за доставување на потврди од двајцата родители. Боже мили, како да потврдите растат во саксија па кога сакам тогаш ке ја скинам Ама не...сеуште сум на мислење дека учителките намерно не не известуваат, туку само поединечно со кои родители ,,добро си стојат,,