Еве кај нас јас оти ревносно ги подизнервирав мене ми пишаа ама на други не. Затоа пак јас на сите кои ги знам им ја препратив пораката. Извинете, ама мноооогу идиотски ми е сето ова
Мене изгледа ме играат најмногу,кога го запишав ми кажаа дека детето ќе биде примено 1 септември 2020,од после уште два пати бев и истото ми го кажаа,сега кога бев прво се правеа наудредни. Па после почна да ме мафта како уште незнаат како ќе биде,им давале предност на поголемките дечиња,со маливе како ќе се снаоѓале пикале се во уста. Во нормални услови вика извезстуваме средина на август,сега незнаме како ќе биде. Ме запиша демек дека сум била па ќе се јавеле. И нели ми наметнуваше чуства на вина.
Се повикуваат на владина одлука или така им е најавено само? Извесно е дека од 1.09 ќе отворат, според мене, и комисијата даде предлог, сепак, треба владина одлука. Ако не се лажам...и појма немам сега у пол.ситуација кој, како...
Исто Анксот на најјако. Посебно зашто оградата им е прецвикана и ми е страв да не отиде на улица, јер нели, повеќе ќе се надвор. Душава лешник
Дефинитивно не може да е зашто треба да е владина одлука. А како менуваат одлуки преку ноќ, ништо не ме чуди што и да се одлучи. Препорака беше. Е сега тоа што се спремаат со потврди и сл, можеби имаат некоја најава.
Јас во Сончоглед се јавував, само имам оставено документи, малата не почна воопшто таму, а требаше баш во март. Во мај ми рекоа штом отвориме може да дојдете да аплицирате за новата година од септември. Сега пред некоја недела пак ѕвонев, ми рекоа кога ќе најават отварање тогаш пак да прашам, за сега толку е, имам дадено апликација ама ништо не ми е загарантирано. Сега со новава ситуација, маж ми секако работи од дома, значи нема да земе потврда дека мора да иде на работа, а и фирмата не ги тера да се вратат во канцеларија, им рекле може и цела зима. И затоа на крај се откажав скроз, јас идам втора смена, маж ми ја чува поручек, ако има работа некогаш ептен ќе помогне некоја баба, и така тераме.
Сега ми текна... Пријателка работи во градинка во Маџари или Хиподром, не знам точно. Рече кај нив дефинитивно нема да се примаат нови деца, независно од возраста. Главна причина, немање услови, од простор до кадар. Тоа било одлука на ниво на нивната градинка. Значи, дали ќе се примаат нови, на адаптација, ќе зависи од градинка до градинка.
Од 1 септември почнуваат официјално. Денес ни стигна соопштение и согласност да потшишеме дека градинката нема да сноси одговорност доколку детето се разболе од ковид, а ќе ги следат сите препораки. Потврда од матичен дека дете е здраво. И на прва температура да си останете дома со дете, ако не доаѓа неколку дена после повторно со нова потврда од матичен.
аха. а кој ќе сноси одговорност? баш ова го размислував деновиве. во време на пандемија не тераат (тие што немаме баба систем) да враќаме деца во градинка, а одговорноста чива ќе е?