Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.034
    Допаѓања:
    5.544
    Мене се ова ме плаши ама ептен. Јас лично не пуштам дете во градинка. Моево е катастрофа, од растечено носе за 2 дена пнеумониа. Сега почнав сирупи за имунитет да давам што ќе седи дома, неќам ни да помислам да ја пуштам во градинка. Нашата градинка е мала и нема капацитет. Ходникот да го видите кај што им се шкафчињата г'з место, а е за 4 групи. Тоалетот за 4 групи е со 5 шољички и 3 чешми. Ќе се потепаат внатре. Жално е све ова и за децата, родителите како и учителките. И тие се дома мајки на дечиња, викаат со страв ќе одиме на работа.
     
    На Martka и LiliBoz им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.300
    Допаѓања:
    226.906
    Пол:
    Женски
    Катастрофа.
    Ќе рече некој во други држави одат.
    Ама условите се далеку подруги.
    И кај мене да се 2 на 8 деца нема да ми е страв...
     
    На Martka, Sofi.ja, eli.karameli и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    И моето е во јасли.
    Поднесов документи уште во Јануари. Прашав пред некое време дали треба пак, ми рекоа нема потреба, на список сме.
    А сега ни се немаат јавено воопшто. Јас вртев неколку пати, не дигаат.
     
  4. day.dreamer

    day.dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    900
    Јас немам баба на располагање. Среќа уште се водам на породилно ама кај и да е и тоа ќе го укинат, а директорот едвај чека да се вратам на работа.
    За во Мимоза? Јас во Јуни потврдив дека сме за од Септември. Сега пишав на една колешка која се знае со некоја вработена, па штом имам инфо ќе ти пишам.
     
    На Мариаа. и Spidy им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.949
    Допаѓања:
    14.684
    Пол:
    Женски
    @Мариаа. @day.dreamer 072245311 - еве ви број од централната управа на Весели Цветови во Кисела Вода, јас овде вртев и ми се јавија.
     
    На Мариаа. и day.dreamer им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    А од кај па ти знаеш дека они ќе почитуваат протокол, па да знаеш дека не е нивна вина. Што се нема да им текне!
     
  7. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.034
    Допаѓања:
    5.544
    Епа редицирана група на деца, нема прием внатре во објектот надвор ќе оставаш, не смееш да влезеш, мора секој родител маска да носи, учителките и персоналот ќе носеле маски итн. Све сѐ сведува ако имаш муда пуштај дете ако не чувај си го дома.
     
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Протоколот вика и одржување хигиена, чистење, миење, дезинфицирање, носење маски, дистанца. Од кај да знам дека го прават тоа?
     
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Мене едно не ми е јасно, поврзано е со градинкиве ама и со потврдите од работодавецот.
    Приметив дека од сите кои користат мерки за деца кои одат во градинка, само некои вадат потврди дека мора да се присутни на работното место.
    Има и такви кои си ќутат и ќе си седат дома иако нивното присуство е повеќе од неопходно...еве пример работи на шалтер во УЈП (значи тој неможе од дома, мора на работа).
    Ним ќе им биде и понатака дозволено да си седат дома?
    До кога?!
     
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Додека отворат градинките.
    Тогаш ќе се укинат сите мерки.
    Не треба да ќути
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.020
    Допаѓања:
    110.665
    Пол:
    Женски
    Како ќе дезинфицираат под кога кај нас е етисон? Од крај до крај!

    Што со родителите кои се фриленсери? Не можеш да работиш од дома додека чуваш дете зошто детето не е саксија да се стави на под и да седи. Маж ми конкретно работи навечер и скроз му е сменет биоритамот, ама не може вечно така нели?! Нит спие нит јаде како што треба, нит функционира. Има ситуации кога не може навечер, мора одсабајле, дете кое не гледаше цртани стана зависно од цртани, мора да е уштекано на телевизор цел ден за да може да сработи он нешто. Ај кај нас ете има опција, а што со родители кои мора да се вклучат на работа во период кога се сами дома со дете? Кој ќе го чува? Има состаноци во живо и дете ти бара на пример нокшир среде состано?! Потврда од фриленсерство не се вади, не ти дава никој, потврда и од родител кој работи во странство исто... Многу неразмислена работа.

    Јас знам дека јасли нема да примаат, дури ни оние запишаните, а нови па нема шанси. Така кажаа мајкиве кои прашувале во градинка, муабет во школски двор, ништо официјално.

    Кај нас нема никакво известување за потврди и пак го наметнувам прашањето, што кога мм ќе тргне на работа нормално? Тогаш нема да важи потврдата? Зошто кога он остана дома јас тргнав на работа одма, не седев дома, дали тогаш ќе важи па мерката еден родител дома или и тоа папала маца?!

    Многу неодговорени прашања, дури и ако речеме се ќе биде во ред, нема да се шири болеста во градинките, дури и да нема други вируси и бактерии како досега, да замислиме дека нашите деца се најбезбедни на свет во градинка, а не се, дури и тогаш ќе биде нефунционален овој начин. А дека ми треба градинка?! Ооооо....
     
    На mal.ecka, Kitten, kikin и 2 други им се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Зборевме со @An-na страни нананзад за фриленсери. Кога плаќаат данок ок е за државата, тогаш работат. Кога треба еве да смета дали работат или не, тогаш кој ве врти.

    Работа од дома и дете чување НЕ иде! Можеа да се смислат многу други критериуми за редуцирање на групите, а тие го смислиле најглупавиот. Ај да се деца од 7-8 год кога може сами да се ангажираат, ама вака?!
     
    На Elen4e_sonce, Milkiway, Kitten и 6 други им се допаѓа ова.
  14. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
    Во колку лоша ситуација сме доведени сите родители тоа чудо едно. Короната ни покажа колку на ниско ниво ни е социјалната грижа за најмалите, колку не сме се бореле да смениме нешто на подобро претходно. Да не ни беа хигиенските услови во градинките пред коронава такви какви што сите знаеме дека се, полесно ќе можеше да одлучиш да преземеш ризик и да го пратиш повторно во градинка. Конкретно ние сме растргнати денонојќно разговараме, дали да не го пратиме во градинка од септември, да го оставиме на чување на 70 годишен свекор, кој е дефинитивно карактерно лошо влијание врз малиот, да му го скратиме социјалниот живот и напредок следните година или две, или пак да го пратиме со тоа што со првата температура или растечено носе, ќе полудиме од грижи, ќе се молиме со работодавачи да ни дадат ден или два да го опоравиме и повторно во круг. Од друга страна може ако се почитуваат навистина протоколите да тргне на подобро работата и да се реши еднаш за секогаш проблемот со хигиената, па може ќе го снема клишето: почнува градинката, почнуваат мрсулите (знам дека е преоптимистичко сценарио ова ) Во секој случај знам дека ќе се покајам, која било одлука да ја донесеме. Тешки времиња!
     
    На Martka, azelea, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    По мое мислење од целава ситуација е дека потврди бараат да видат која е реалната бројка на деца кои би тргнала од септември и врз основа на тоа да одлучат дали ќе ги отворат градинките. А тие што ќутат, нека не се надеваат дека баш тие ќе седат дома ако отворат градинките . Со самото отварање автоматски мерките се стопираат. После нека се мислат кој ќе чува деца, ќе се бунат дека не им го примаат детето итн итн итн
    Искрено, сакам да се врати детето во градинка, ама од друга страна ќе се плашам на секоја тт, не само на моето дете, туку било кое од група да крене тт, сите ќе сме стресени. И не само тоа, на секоја настинка ќе трчаме тестови да правиме... Лудило ќе е, а башка, сите овие месеци седење дома ќе паднат во вода. Знам дека мора да прекине еднаш и седењето дома, ама баш во период на вируси на есен... Па и не мора.
     
    На Spidy и referentka им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.808
    Допаѓања:
    142.182
    Screenshot_20200808-001645_Facebook.jpg
     
    На Martka, AngelOfArh, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам во тие родители. Две деца, ни носе им нема затечено, а камо ли нешто друго.
     
    На mal.ecka, Bibi30, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.436
    Допаѓања:
    90.810
    Пол:
    Женски
    https://www.fakulteti.mk/news/07082...e-cela-generacija-stav-na-d-r-haris-babachikj
     
    На Kitten и Cka им се допаѓа ова.
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.313
    Допаѓања:
    119.201
    Пол:
    Женски
    Исто. Секој месец бронхит.
    Сега да не ја урочам ни нос има растечен нит има кивнато што се вика.
     
    На mal.ecka и kikin им се допаѓа ова.
  20. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.