Јас пак како залудена сум. Еден ден сум за да се отворат, еден за да не се отворат Исплашена сум од изјавите на Директорот на ЦЈЗ дека кога ќе отворат школи и градинки на дневна база ќе има четвороцифрен број на ново заболени Ваму , работата не стиска, ваму дете си пикаш во гужва... Од што ми е мачно дури ми се плаче.
Исто, и тоа не од ден за ден... Од саат во саат. Еден саат викам ајде нека се отворат и деца со деца и социјала и за мене и за нив... После викам, Божеее не, скраја да е да се поболат, со нив ние и сите топтан како ќе се лечиме болни. Абе 300 филмови во глава
Коа ќе се спомне социјализирање црева ми се превртуваат. Да, точно, подобро е во градинка. Ама па јас не одев никаде до 5 год па еве, не се осеќам заостаната. Пандемија е .
Не мислев ништо лошо. И јас не сум одела во градинка па добра сум да не се урочам ахха. Мислев, малку од малку ќе се вратат во секојдневието, не битно лошо се изразив. Во ова лудо време и на децата не им е сеисто. Особено, можам да кажам за моиве, не се ни на нишалки однесени, никаде каде што има деца, се ги шетам кај шо не знаат никој, кај шо нема гужви. Жал ми е малку.
Не мислев на тебе. Општо кажав, пошто гледам на фб колку скокаат мајкиве. Жално е знам, но многу помали се шансите да се зарази на отворено неголи во градинка. Мојов го пуштам да си игра (пример копаат со лопатчиња) и немаат допир меѓу себе...
Иначе, не е толку за децата, ете лесно минеле они, ама па домашните може инаат хронични проблеми... Не ми се пушта, ама вчера дојдоа 2 комшичиња у двор и трчаа со топка, си играат и мојава иде и вика, тато, не сум сама!!! Срце ми се скрши. 6ти месец нема другарче 6 месеци само јас и татко и. Ај ние ќе отидеме до работа, у маркет... она.... затвореник. Па си викам нека оди, и да ни донесе дома ќе оздравиме! Па ми текнува дека она од вируси 41 качува и ми се креваат цревата.
Рефче ќе оди во градинка. Тоа е веќе дефинирано и решено. А после како ќе биде-незнам. Господ нека ни е на помош
Јас најдов работа 2 дена пред да затворат градинките. Ама ради состојбава фирмата не почна со работа, најавија од септември. И сега никако не сум.. Работава е за мене сон, не верувам у скоро време да се погоди друга со толку добри услови, ми се оди на работа, абе ми се плаче. Од друга страна, страв ми е да пуштам дете. Градинка сите знаеме колку лесно се пренесува се, деца се... Протоколот ни го пратија прошли пат и некако ми е нестварен. Како ќе микаже во колку саат да однесам дете? Денес можам јас, утре маж, двајцата од 8. Ако носи дете он, мора у 7и20. Јас во 7:50. Ако живеам подалеку и недајбоже по пат закасниш, не примаат дете у градинка. Ако плаче, плаче(добро ова и не ме секира толку пошо мојава и коа плачеше не обраќав внимание јас), ама трауми се за деца, ново е,чудно е... да ги гледаат со маски, ракавици, да не се сите другарчиња на број. Исто и за зимање? Како ќе го земеш у одредено време? До 4 сум денес, а утре ако углавам? Еве мм не знае до последно дали ќе углави или не, а доволни се 5 мин вон работно време... Ај мн почнав да разглабам.. Ама највише ме боли за работава искрено, не ми се одбива ич.
А да појдеш на работа и да најдеш жена да ја гледа неколку месеци дур се среди ситуацијава? Не е идеално, сепак дел од платата ќе оди на друго место, ама по некој месец, ем градинка, ем работа ќе имаш.
Стварно не знам како ќе биде, се некако на хартија изгледа перфектно, ама во пракса кој да знае... Секој случај поединечно си имаме своја приказна, некоја точка од протоколите сите не прави дискриминирани, ама ќе мора да се најде заедничка солуција. Уште не ми е јасно со 16 тото дете што ќе се случува... А вака не може до бескрај да тераме, да не се оди на работа, а плата да се исплаќа. Не знам стварно, ама ме плаши целокупната ситуација од септември кога ќе заврши бонус периодот од банките, кредити ќе се плаќаат, плати можат да намалат ако продолжат мерките,луѓе мн без работа остснуваат, страшно ќе е...
За жена нема да имам пари за жал... башка коа веќе ја чува некој ја имам баба и, ама нема шанса да дозволам она да ја чува по 8 саати(колку сакате осудете ме само јас си знам зошто е тоа така). Едноставно не можам да оставам дете на некој кој не почитува ништо што ќе кажам и ќе ми сруши се што сум напраила до сега со детето. А и плус нели у ранлива категорија се... Ќе си оди у градинка, само нека искочи работава. @kikin баш така...некако не може да се напраи баш на сите да им одговара. Еве сеа ќе смислат да одат 10 деца(нели со потврди). Ама ќе ми се јави мене, тебе, на комшиката потреба и??? Како ќе се справат тогаш? Да не испадне тие шо има кој да ги чува моментално, нема градинка ни после за нив.
Од не официјални извори разбрав дека градинките нема да се отвараат. Мерката за еден родител да седи дома ќе траела до наредна прилика за пуштање градинки. Наводно (кој е правник сигурно може да провери) имало во некој Закон (ваљда за работни односи) уредба дека во вонредни услови тој што нема да е физички присутен на рсботното место и мора да одгледува.дете ќе биде на 50% плата и нема да виде задолжен да работи од дома. Е стварно незнам еве... Вистина е ова? Да не е некој бош муабет???
Приказни има 10000. Јас пак наслушнав до пролет нема градинки.. Лошо е многу е лошо.. Многу се опаеднувам со ова.. може највеќе ради работава. У меѓу време можно е нешто од дома да работам, ама не пријавена. Сепак за денар плус се бориме.
Страшно, мене ова со 50% воопшто не ми одговара и ќе испадни ако сакате цела плата снаоѓајте се за чување, а градинки нема.
Може да замачкаат очи... 2пат го прават ова, а реално услови нема.. Требаа да мислат на старт кога стегнаа без врска, а ослободија се кога најмалце требаше. Едит: сеа прашав кај нас, уште немаат никакво известување од влада.
Истото го чув за 50% плата. Ако не идеш, не ти плаќаат. А колега прееска ми кажува, жена му у градинка, денеска им рекле изгледа јануари. По 200 заболени имаме, и тоа е пречката. Исто ќе имало забрана за носење деца со хронични болести (астма), и слично да не се носат.