Ама ако имало менување со сопругот(пример една недела тој да користи мерка, една мајката)тогаш и двајцата како корисници и на двајцата по 50%. Наводно се чекало избори да поминат, да не го љутат народот. Како ќе дојде, такае тераме. Не можеме ништо да смениме.
која е поентата да не се носи дете во градинка ако сите возрасни се цело време потенцијално изложени на вирусот- преку идење на работа, пазарење, гледање со браќа сестри и остало... Ете кај нас лани сезонкиот го донесе маж ми од работа... сите не пореди... освен што ќе го осакатиш социјално друго не гледам. Исто така, и да не оди во градинка, зарем нема да го шеташ у маало, да се гледа со други деца , да се лула, и слично? или нема да заигра со дете у наредните 4 години...
Децава ги затапевме дома. Колку многу учеше додека одеше цо градинка а и дисциплина имаше. Сега навечер неможеш да ја налегнеш, наутро спие до 10, се и е пореметено и доручек и ручек...одбива некои јадења кои во градинка мораше да ги јаде зашто брше гладна, ама дома секогаш има втора алтернатива во фрижидерот. Телефонот неможеш да и го земеш, ако не е на телефон, тогаш гледа ТВ. Ама НЕМАМ ШТО ДА И ПОНУДАМ друго. Пишуваме, броиме, боиме, читаме... Ама сето тоа сами дома е ДОСАДНО!! ..и трае кратко. Нема игра, нема интеракција со деца.
Па вероватно чим е дете запишано у градинка, сакале родителите да оди, а не да седи дома нели?? Ама сега друг наложува кој ќе оди кој не. Иначе мое дете лулашки и парк нема видено.. Шетаме по маало, избегаваме гужви и несовесен народ. На одмор бевме на планина. Се гледаме со одреден број на луѓе 2-3 фамилии за кои знам како се пазат. Одиме на плац и земавме реквизити за двор итоа е тоа... Не знам кој родител сака вакво детство, ама и немаме некој избор. Што повеќе се буниме иправиме спротивно, толку подолго ќе трпат нашите деца.
не е баш така, затоа што во мај кога требаше да се отворат градинките првично , од 30 деца само 8 се пријавиле кај нас, а сега 15. зошто не сите 30 како лани? сега родителите изнаоѓаат решенија за дете да не иде во градинка а со тоа не го штитиш од вирусот. тоа ми беше поентата.
Кај нас у градинка го поставија прашањето, што ако дете мора да тргне октомври и понатаму, рекоа, ко ќе треба да тргне, ќе донесете тогаш потврда
Збориме генерално за градинка или??? Ако е за вирусов само апсолутно секој има право да постапи како сака... И апсолутно има право да го заштити ос ваков вирус ако има можност. Самите си знаат кој колку е изложен. Летно време секако е намален бројот на деца во градинка, па се поклопува...
Член 112 од ЗРО го предвидува тоа со 50%. Јас откако ја видов фамозната изјава која треба да ја пополни секој родител, убедена сум дека не се спремни градинкиве. Фино и протоколи и се, ама некој треба да ги спроведува. Чим од родителите бараат изјава дека се е во ред и градинката нема да е одговорна за ништо, јасно е се. Јас да ставам потпис на изјава на која пишува дека градинката ги спроведува сите хигиено не знам какви мерки? Од кај јас знам дека ги спроведуваат?! Јасно е дека нема 100% гаранција дека нема да се заразат во градинка и сите сме свесни за ризикот, ама префрлање одговорност само зборува за неспремност! Што не ми дадат и они мене изјава дека ќе ги спроведуваат сите мерки? Нели носењето во строго дефинирано време беше да се спречи мешање на групите како превенција?! Е па во фамознава изјава пишале дека си согласен ако нема место, да ти го пикнат во др група. Стресови само за децата. Тоа е таа типична македонска неорганизираност. Чекаме до крај да дојде јајцето на газот, па да мислиме како ќе биде. Нит вработија персонал, нит имаат идеја како да се справат со предизвикот. Со следење мерки и совест од сите, можно е да фумкционираат. Кај нас 300 вработени одеа на работа цело време. Со маски, визири, дистанца, мерење тт, протоколи, па и протокол за пушење има, дезинфекција секоја недела, дневно интензивно чистрње и од март не сме имале случај.
за вирусот збориме дека е актуелен инаку да секој има право да прави како мисли меѓутоа форумов е за изразување / споделување мислења и ставови, инаку не треба да постои не ми замерувај што не се сложуваме на некоја тема, нормално е и здраво е .
Гледам на фб најгласни против отварање на градинките се мајките на продолжено породилно што си лапаат парички од државата и си седат дома. Нека не прашат нас што мораме да одиме на работа и што нема кој да ни ги чува децата, што мора да се молиме на други за да ни ги чуваат децата. И јас и маж ми одиме на работа, башка јас сум бремена. Тие мерки на владата очигледно не важат за сите. Овој вирус можеби ќе биде присутен овде до бескрај, ама животот мора да продолжи. Не може по цел ден дома да седиме и маски да носиме. Да не зборам па колку е пренапумпана ситуацијата. Секој ден 5 месеци само за корона се зборе секаде. Како луѓето да не умираат од други болести, како само она да постое. Тие што нејќат децата да им одат во градинка нека не ги носат, не ги принудува никој. Во нашата група сите 14 деца сакаат да почнат на градинка кое од септември, кое од октомври, секако ако се решат да ги отворат градинките.
Па гласни се, си го бараат тоа што им следува. Место да збориш против тоа што тие се борат, глеј ти бори се за своето. Трн у око ви се мајките што седат дома, ко тие да ви се криви зашто вие не седите. Повели, научи нешто од ова.
А ти за што се бориш? Пошто јас не гледам ти за нешо да се бориш, туку у туѓ двор гледаш кој лапал пари.
Па за тоа што некој лапа пари и седе дома ЈАС БРЕМЕНА СО ДЕТЕ ВО ГРАДИНКА ОДАМ НА РАБОТА. Епа нека важи законот за сите
Да бидеме реални, да така е. Тие се најгласни. И мајките од државните институции. Решение можеше да се изнајде за сите. Ама не беа битни приватните кои го полнат буџетот туку гласачите од државните администрации. За кој да се борам во држава која за некој е мајка за некој маќеа? Не Лили , немам намера. Само ми е криво што нивните се деца , а моето не. И тебе ќе ти беше. Затоа си пакувам куферите.
Тогаш не се нафрлај на Форумче. Ова е чиста вистина што го напиша. Не можеш да пријавиш. Препорака е. На голем дел шо седат дома ги враќаат парите назад на газдата.