Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.490
    Барем имате приватни градинки во Скопје.......... гревчиња сме по провинцииве
     
    На ennaz и Nine25 им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.378
    Допаѓања:
    44.819
    Јас не сум многу за приватни градинки. Мислам дека не вредат за парите. Многу се скапи, околу 10-12000 колку што знам, а групите и не се толку мали - по 15-20 деца. Е сега можеш да го оставиш детето до подоцна, ама мислам дека нешто екстра и не добиваат.
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.803
    Пол:
    Женски
    Ариел во Црниче има државна градинка "8-ми март", ќерката на другарка ми оди таму и се презадоволни. :)
     
  4. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    42.423
    Пол:
    Женски
    И моите деца одеа во 8-ми Март во Пржино,(ќерка ми сеуште оди), и само најубави зборови,како што напишав претходно.
    А има и приватна една во близина,,Големи и мали,, се вика,мислам дека е околу 6000 ден,јас кога требаше да ги запишувам се распрашував и ја погледнав(тоа е пред некои 4 год.),но посебен впечаток не ми остави.Измешани деца од сите возрасти,една кујна,една просторија за играње и една за спиење.
    Многу ме потсеќаше на игротека.
    А за Лилипут на Водно,не знам како е,имам пријателка која ги носи таму и е задоволна,но цената е 12000 ден.А за разболување,и таму се разболуваат децата.
     
  5. rozalija

    rozalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Најчесто разболување на децата во градинката,според мене постојат два причинитела и тоа : воспитувачката и останатите деца.
    Лично се имам уверено во ситација во која воспитувачката е причинител за разболување на децата, со размислување дека имала многу деца во групата (25)и неможела тоа да постигне :o , и притоа намерно прави промаја на време пред нова година на - температури :x ,каде што децата во занималната се по кратки ракавчиња, сите прозори се отворени, врата ширум отворена ,и слично. :x


    истото го имама и јас забележано, првиот ден бев со синчето во градинката(за адаптација) и што се случува пред мои очи,а да не зборувам што зад наш грб
    децата ги легнуваат во креветчињата за да спијат и веднаш отвараат прозорци "да изветреат",а децата се уште незаспани,се врткаат се откриваат и следниот ден болни епа тоа е во нашите градинки,и ете сега после 2 недели градинка седиме дома со бронхит
    А за се останато сум презадоволна од градинката и од воспитувачките во однос на едукацијата

    Ние одевме во приватна градинка и плакавме 12.000 денари месечно,сега сме во државна и можам да кажам дека сум позадоволна во секој смисол
    Пр.детето во приватна градинка за период од 5 месеци не научи ниту една песничка,а во државната за 2 недели научи една(ни дадоа дома ливче да ја научиме)
    Во приватната ја појадок јадеа јуфки со сиренје и чај,а во државната исто тоа но со јогурт :)
    Во приватната градинка ручаа лека со мелено месо и салата,а во државната лека,салата,к млеко и јајце(зборувам за денот кога јас бев присутна и го забележав тоа)
    Во државната се 22 деца во група а во приватната беа вкупно 13 од сите возрасти(од 8 месеци до 6 год)
    А детето и во двете градинки се разболува,така да нема врска ако оди во приватна нема да биде болно-поради тоа се одлучивме со маж ми за приватна градинка,но погрешивме
    Епа родители видете ја разликата од 12.000 денари и 1.500 денари :)
     
  6. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    190
    Наши пријатели ја носат малата во Лилипут и секој понеделник ја носат дома со растечено носе, и с седи дома цела недела. Пак ке ја однесат во понеделник, пак ја вракаат настината.
    Така се мачеа 4-5 месеци, 2 недели дома -2 во градинка. Им пукна филмот си најдоа жена за истите пари кои ги плаќаа во Лилипут и сега си е дома малата, супер е.
     
  7. rozalija

    rozalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    И ние пред да почнеме во градинка бевме дома со жена(2 години) и супер беше,но сепак на детето му требаа друштво на негово возраст а не некоја жена од 40 години
     
  8. mistica

    mistica Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Во потрага сме по градинка-) Би ве замолила ако некој знае да ми одговори каде поточно се наоѓа приватната градинка Големи и мали.немаат контакт телефон((
    Ву благодарам и поздрав до сите феминки
     
  9. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    436
    мислам дека е во Црниче,јас имам слушнато дека оваа градинката приватна франкофони мислам дека ссе вика во центар што е француската дека била добра околу 7000 денари било месечно од 7 до 6 мислам дека можиш да го оставиш детенцето
     
  10. mistica

    mistica Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Lina24 благодарам, знам и јас дека е во Црниче но залудно лутам кога незнам каде точно да барам.Знам само дека е на Рузвелтова 33 и ништо повеке.Што има во близина нешто попознато, чисто за ориентација хаххх.
    Ова градинките паметот ми го земаа.Сите ги поминав и во ниту една ненајдов соодветни услови за детево, само не замајуваат со нивните слатки и бајковити разговори...остај го детето и има што да видиш узас невиден.
    Поздрав и чекам поконкретни информации.
    Ви благодарам
     
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    84.035
    Кога дојде време за градинка, јас и мм одлучивме сонценцето да оди во приватна градинка (во која одеа повеќето деца на вработените од фирмата на мм). Требаше јас да одам неколку дена за да се привикне. Ќе Ви го раскажам првиот ( и последниот ) впечаток.
    - влегов го куќата и прво што ми падна во очи беа скалите па прашав - Нели е малку опасно за децава по скаливе? Ми одговори - па вратата горе е секогаш заклучена така да нема опасност... ВРАТАТА БЕШЕ ОТКЛУЧЕНА! :@
    - Влеговме на горниот кат каде беа занималните ( по нивно кабинетите ) и ме прошета во сите 3 простории со објаснување за секоја од нив - тука учиме биологија, хемија , цртаме, пишуваме :o (мореее напредни деца на 2,5 год. - биологија, хемија,,,,а физика????) - и да ви кажам - „ на листовите цртаме од двете страни, штедиме“ (бреееј). Идеме понатака...празна просторија - горе таван , доле паркет - е тука играме (абе ај што збориш). Одкако се уморивме од шетање ме однесе во последната (3-та) просторија ( кабинет - за спиење???). На подот 5-6 душечиња, во шкафчето уште 2-3. Прашувам - па каде спијат децава, кога нема за сите душече ( кревет беше во ситуацијава веќе СФ)? Па не спијат сите - кој несака немора да спие ( кој фати место - по мое ќе спие). Ај и тоа ок.
    - По обиколката прашувам - во која група ќе биде моето дете? Кога ме погледна, ме уби со поглед - па нема тука групи, какви групи сите се заедно . УФФФФ
    - Излеговме во дворот. Едно девојче дента имаше роденден - 5-ти роденден. Малава од возбуда или страв ( што уште ги немаше мама и тато со тортата) или што знам што...се искакала во гаќички. Боже, боже кога и се развика...страшно.
    - Си го земав сонценцето во раце и и викам - многу ми е мило што никогаш повеќе нема да ве видам!
    ДА НАПОМЕНАМ ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА ПРИВАТНА ГРАДИНКА КОЈА ВАЖЕШЕ ЗА БР.1
    **********************************************************************************
    Во оваа прилика јавно им се заблагодарувам на вработените од градинката Буба Мара - Пчелка 2 што беа дел од детството на моето сонценце :clap: :clap: :clap:
     
  12. elidi75

    elidi75 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Dali nekoj znae sto se slucuva vo majski cvet vo centralnata gradinka. Imam informacija deka imalo bakterija streptokoka i deka od dekemvri nemozat da ja izlecat? a da potsetam deka imase i epidemija na sipanici??
    Dali nekoj ima podetalni informacii???
     
  13. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.490
    Еве ме назад со апдејт :( Значи постов е од 20 Март, децата уште се болни. Одеа во градинка од 15 до 17 Март, синчето на 17ти веке имаше температура. Педијатар ни препиша Цефалексин, пиевме 9 дена двете деца. И после толку антибиотик, носињата сеуште им беа затнати со густ секрет кои буквално ги гушеше и крчеа до степен да се бореа за воздух при спиење. Ај ке помине, да не креваме паника ама и после 7 дена од антибиотикот немаше никакво подобрување. Ги однесов двете во Систина на Педијатар и Оториноларинголог и после направени брисеви, се покажа дека имаат бактерија. И сега повторно од пред два дена антибиотик Амоксиклав, локално капки гарамицин со физиолошки раствор. Два дена градинка, месец дена антибиотици............
     
  14. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    34
    Sanjaeva, kolku sto te razbrav tvoeto detence idelo vo Pcelka 2, toa e na kosot na ulicata vo Lisice.
    Zadovolna li si, od koja vozrast trgnavte vo gradinka. Jas sega silom prilike ja zapisav tamu, ama mnogu se plasam kako ke bide. Ima 19 meseci. Ja stavija vo vtora jasli. Te molam pisi mi vpecatok.
     
  15. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    66
    Пушти ја нека оди. За тоа со гриповите и сипаниците вакцинирај ја, ама градинката е многу важна. Таму ќе научи многу работи кои се важни за нејзината возраст и на тоа се гради основата на нејзиното образование. Ќе научи како е со учителки, дека треба да слуша,да се труди да биде добра ученичка. Исто така ќе научи да комуницира, ќе си најде другарчиња, ќе биде поотворена исто така. Градинката е навистина важен дел од детството таму ќе научи повеќе работи. Сепак ти на крајот си знаеш најмногу,но не треба да се бега од одговорностите(бидејќи и ова на некој начин е одговорност за неа) што ќе биде кога ќе оди на училиште? Не е тоа тоа. :worried:
     
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    84.035
    Prazadovolna. Sekogas deteto mi bese srekno i nasmeano. Ne se desilo da ja zemam ispotena, isflekana, razbusavena...duri i ne sum svesna kako toa im uspevase. Navistina bea sakani od vespituvackite i negovatelkite...a i decata megusebe se sakaa mnogu. Do den denes koga ke se sretnat ocinjata im svetkaat :)
    Eva odese od 2 god i 5 mes.
    Vo jasli negovatelka im bese Dani, a potoa Zane koga preminaa kaj golemite. Vospituvacka im bese Tanja...koga ja premestija vo druga gradinka ne samo sto placea decata tuku i jas placev (mislam i dr roditeli), a potoa Sonja... inace site se super i se mnogu dobar personal.
    Boze koga ke se setam kolku samo gi guskaa, bacuvaa....toa ne se glumi, a i nema zosto :)

    [mod-kirilica:26x40zxv][/mod-kirilica:26x40zxv]
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.378
    Допаѓања:
    44.819
    Отидов да го запишам малиот мој во најблиската градинка, пополнив апликација за запишување, ама ми кажаа дека најголемата група е полна, ни лани не запишале ниту едно дете во таа група. Од друга страна рекоа дека децата кои се една година пред тргнување во училиште, како што е малиот мој, мора да се прифатат поради адаптација, па веројатно ќе отвореле нова група. И на крај ми рекоа дека во август ќе има списоци, па ќе видам дали е запишан :?:

    Е дури сега не знам што да правам. Детето плаче за градинка, страшно му треба социјализација, а тука не знам дали ќе го примат. Најверојатно ќе одам да го запишам во уште една градинка, ама таа е подалеку, земањето ќе биде проблем. Планирав жената што го чува да го зема порано од градинка, и сестра му од училиште, ама вака ќе и биде далеку. А да фаќам врски за градинка мачно ми е. Немам некој близок, имам службени контакти, ама некако глупо ми е - за запишување во градинка...
     
  18. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.458
    Допаѓања:
    747
    без пардон градинката беше и остана каде што ги имам најубавите спомени хаха сега брзо ја видов мојата омилена учителка и ми беше мн драго сто останала иста :$ :lol: ;) :D :D :D
     
  19. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    34
    Еве веке десет дена идеме во градинка и се разболе. Нокеска неможеше да дише, плачеше, кашла.
    И сега памет немам во глава кој ке ја чува. Иначе горе доле не е лошо во градинката, проблечена, чиста, само не јаде таму. А да ја оставам до 16.30 нејадена некако ми е многу. Ке бидеме упорни.
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.803
    Пол:
    Женски
    Не кашла само поради градинката, види времево какво е променливо, ние големите кашламе, а не пак децата....
    Еве мојава оди од семптември...секој месец кашла и седи дома по една недела, и сега е дома, ама не ја отпишувам, знам дека и е убаво, се дружи, се социјализира и сега жали што е дома, само ме прашува кога ќе оди пак во градинка...
    Што се однесува до јадењето, на почеток нормално е да одбива да јаде, и мојава, инаку тежок гурман уште од сега- ич не се метнала на мајка и :lol: , јадела само по 1-2 залчиња, додека се навикне и на тамошната храна и и додека се привикне на местото...има деца што одбиваат да јадат од револт што ја смениле средината, не се веќе дома со мама и сл.
    Замоли ги негователките да бидат потрпеливи и да ја наранат, барем нека руча.