ќе се нафрлам зашо се прај не ги спомнува а сто пати ги спомна лапале пари. фокус на своето треба. испаднаа најлоши тие шо седат дома. да не треба на некој да се извинам зашо седам дома!? државата е крива а вие по мајките мавате ко тие да ви се криви. малце срамота е.
Те разбирам скроз во целост. Ама како и за се, не е секогаш црно и бело. Државата донесе закон, а не препорака.(прво беше закон, после препорака) Фирмите(газдите на приватните фирми) го заобиколија и најдоа дупки. Тоа ми е муабетот. Револтот кај народот е сосема оправдан. Ама не треба да е само кон државата. Никој не пријавува. И тоа го сфаќам зошто е така. Зачаран круг е. Навлегуваме во друга тема веќе. Најтажно е сепак, што децата треба да ни се жртвата и да ги фрлиме во оган па да гледаме како ќе гори.
А што очекувате од газди на приватни фирми? За админстрација се знае како е. Другарка работи во приватна фирма. Еден период седеше дома заради ситуацијава. Веќе 3 недели е на работа. Газдата и рекол да се врати на работа, или ќе добие отказ. И да тужи џабе ќе биде. Заштитени се како бели мечки. А солидна плата зема. Едвај се снаоѓа за чување на детето. Многу и е потребна градинката. Тешко се наоѓа жена за чување.
Најгласни се оти упорно пропагираат за наотварање на градинките. Ете тоа е себичност. Оти си гледат само за нив. Оти јас и куп мајки имаме нужна потреба од градинка. Не треба да се извиниш. Не знам зошто упорно се сметаш за засегната кога ќе се спомне темата.
Зашто сметам дека секој треба за своето да си гледа. Има мајки што тродупло зимаат од мене и седат дома. Никаде не зедов да плукам по нив. И моето ќе оди зошто немам избор, а дека се бунам-секако дека се бунам зашто на дневен биланс 200 заболени праќаме деца у дувло. Веруј тек допрва ќе почне да не мава и по имунитет на дете и по џеб (јер боловање три недели е 30% ) па ќе се чешаме. Тогаш и тие приватно и тие државно ќе се во ист кош.
^ Оти она е од тие што ЛАПАТ пари од државата а седат дома. Да одеше на работа и да се молеше по народот да и го чуват детето не знам дали вака ќе пишуваше
Супер Лили, бунете се да не се отворат градинките. Само вашите се деца. Нашите не се. Ете тоа е таа себичност. И на една купа мајки кои оставија работа оти немаа друг излез. Треба да се буните да се создадат подобри услови, не да не се отворат. Ама вие си знаете.
Кога ќе имат протоколи, намалени групи, разредени групи. Нема да ми биде. Време за да се створат услови имаше многу. Ама на кој му е гајље за родителите, кога изборите и гласачите од др.администрација беа побитни. А и избор голем немам. Освен да напуштам работа.
пак за други се фаќаш а другите не ти се криви. ако ја сум себична за тебе зашо имам лежено со дете еден месец на инфективна , онда и вие сте јер немате поим како е у лебарки да раниш дете. и да. гласна ќе сум. зашо не планирам да се вратам таму. а коа ќе ни тупнат изјави да потпишеме ќе прајме муабет.
Не сте во иста позиција. Тие во администрација седат дома, а тие од приватно се снаоѓаат кој како стигне. Решение не е дома да се седи до недоглед. Нит е здраво за деца, нит за економија. Во право е @duffi дека место да се насочиме кон барање системско решение на проблемот, си гледаме на кој како му одвовара да искористи.
Девојки Сите сме во иста каша. Ситуацијата не прави нервозни. Нешто е редактирано, нешто избришано, ќе се досреди за да не се гледаат неубавите зборови. Јасно ни е на сите дека приватно ли, државно ли, нема.да е на арно. Решение од нас не се бара.Мора да се издржи тоа што друг ќе ни го наложи. Да размениме кој што мисли и знае.
Како не се бара. Море да сме саглам народ, да се бунтуваме, протести и сл да видиш како се наоѓа решение.
Не сме ние народ. Нема ЕДИНСТВО кај нас. Затоа е така како што е.Ни држава немаме. Ама ај да не забегувам со кукање.
Да криви се. Оти гледат за себе. Не за сите. Оти сте дома и гајље ви е кој како се снаоѓа. Па наместо да барате да се создадат услови вие барате да седите дома до бескрај, а ние да се снаоѓаме како умееме. Кој ни бил крив оти не сме во државно. Нема поента дискусијата. Да знам како е со болно дете, ама во нормални услови и тоа ќе се намали. Мислам се едно исто зборам ама пак останува на тоа гледајте си за себе. Да сте работеле државно. Фала Лили. Немам друг коментар.