Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.301
    Допаѓања:
    226.909
    Пол:
    Женски
    нормално дека ќе гледам за себе зошто коа лежам на клиника со дете ниедна не е засегната. сеа солидарноста ви е битна ....
    поздрав.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Засегната е и тогаш, ама сите за свој г'з гледаме. Зошто? Затоа што градинкиве се извор на зараза. Колку мајки кажаа дека од март не им се болни децата, а претходно нон стоп биле?! И зошто е така? Хигиена, време надвор, чистење, дезинфекции... се игра улога.
    Ама сите за себе гледаат и никој не ја гледа големата слика.
    Ги пуштаат децата болни, а градинките тоа го толерираат. Кога фати грип во фев моево знаев дека ќе се разболи! Знаеш како кашлаа децата во групата (тие што беа таму 5-6). Е кога сите ќе се бунат зошто болни идат, не само по некоја црна овца ко мене, и твоето ќе има бенефит.
     
    На oblace1, Annath, mimiiiii и 8 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.301
    Допаѓања:
    226.909
    Пол:
    Женски
    тогаш е истиот муабет-работам приватно не можам дома да го чувам и ќе фукне анти пиретик пред градинка за да не крене темп таму.
    шо не им е гајле тогаш моето што ќе го зарази само за да не и скратат од плата, а?
    абе ај. се прајме светици овде само
     
    На AngelOfArh, kalinaka, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.792
    Допаѓања:
    145.347
    Да се правиме светици оти бараме услови. Предалеку отиде со навреди и иронија. Не ти личи. Продолжи да си гледаш за тебе и не се потресувај од секој коментар. Оти очигледно си ја имаш мувата на капата, штом секогаш се пронаоѓаш.
    Оти додека ти можеш да користиш боледување, мајките во приватно и тоа не можат. Ама пак е она, јас за мене си гледам, за другите гајље ми е, да гледат каде работат.
     
    На oblace1, anastasijaki, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Исто за сите во сите ситуации треба да важи. Ние имаме системски проблем. Се дур не ја насочиме енергијата него да го решаваме ќе биде моето вс твоето. Од тоа никој нема фајде
     
    На ivi1987, mal.ecka, zuto и 6 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.301
    Допаѓања:
    226.909
    Пол:
    Женски
    па ти баш тоа го прајш Дафи.
    не моеш да користиш боловање (што чисто сумњам) го пушташ болно и други деца да се заразат.
    И кој е себичен рече?
    Пак ќе кажам. Жртви и светици коа вам ви гори под нозе.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.792
    Допаѓања:
    145.347
    Не го пуштам болно и се сноѓам, како и сега. Не ми држи душата да го оставам болно. Па и да шири зараза. Знам што значи. Се снаоѓаме со смени со мм и моите. Бољедување не можам да користам. Немам кој да ме смени. Не знам како да ти објаснам. Оти чисто сумњаш.
    А да се правдам немам намера.

    Уживај во твојата конфорна зона и остај не нас да се снаоѓаме.
     
    На oblace1, mal.ecka, zuto и 4 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.301
    Допаѓања:
    226.909
    Пол:
    Женски
    Од преска сама почна да ме цитираш зашто те боли.
    Ок, сфаќам.
    Сфати дека и мене ме боли.
    Син ми има лежено, знаеш и сама.
    Трауми имам. И да. Ќе се бунам.
    И место за мојата зона (каква и да е според тебе, зошто нема да навлегувам колку ме чини мене кариерно ова седење дома) буни се зашто државата не направи соодветни услови и за вас.
    Стварно очекував повеќе од тебе, но пак ќе речам, те разбирам, зашто на сите децата ни се слаба точка.
    А немој да мислиш дека од први нема да сме у иста каша.
    Ко што мора твоето, ќе мора и моето да оди.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.792
    Допаѓања:
    145.347
    Како јас да се бунам за нас кога ти се буниш да не отворат градинките и велиш оти така ти одговара? Лили дај те молам не глуми жртва. Ти почна со ниски удари. Толку од мене на темава.
    Што не очекуваше од мене? Да сум искрена. Да сум, оти и моето е дете. Ама моето може секој да го гледа, другите нека седат дома до недоглед и нека пропагираат за тоа.
     
    На Chanell*, ivi1987, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.744
    Допаѓања:
    40.200
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно зошто ги пуштате децата во градинка кога знаете дека ќе се разболат, а особено ако се поболежливи и со послаб имунитет. Седете си дома и чувајте си ги
     
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.301
    Допаѓања:
    226.909
    Пол:
    Женски
    Не глумам жртва.
    Кажувам свој став.
    Не очекував дека нема да сфатиш дафи.
    Сите се бориме за тоа што нам ни одговара.
    Јас нигде не ти реков не се бори.
    Од сам старт велам-не одете против мајките. Одете против одлуките.
     
  12. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.369
    Пол:
    Женски
    Еве мене не ми е јасно сега како да постапам. Бремена сум и имам 2 годишно дете. Термин ми е во септември. Детето до јануари одеше во градинка, болен беше, па фати корона. Еве не би го пуштила детето сега во септември, бебе ќе имам, ама кога ќе ми привршува породилното на пролет ќе треба да оди во градинка, а и бебето ќе треба да го запишам. Дали да носам сега потврда дека не можам од дома да работам, дали да не носам. Ако однесам, а не го носам во градинка да не имам проблем, а и ќе држам место што на друг родител повеќе ќе му е потребно. На пролет ако ми речат нема место? А и до јуни ни е платено, се натегаме со мм дали да плаќаме или не. Од градинка само за април ни пратија порака, мај и јуни ние самоиницијативно си ги плативме. Нели во септември се потполнува нова пријава за следната група, моево јасли 2 беше, не знам после тоа што иде. Да не излезе дека воопшто не ми е запишано детето, не знам стварно како да постапам...
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.301
    Допаѓања:
    226.909
    Пол:
    Женски
    не носи потврда, плаќај си 521 денар секој месец и местото ќе ти стои.
     
  14. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Јас мислам дека мора да ги отворат градинките заради тие што не можат да ги користат мерките, тоа им е единствено решение. А дел што можат да ги користат така нека остане и тие нека бидат дома. Очигледно не е за сите исто, затоа нека има и мерки за дома седење и градинка. И мене ме притискаат за враќање од породилно, не ми е опција отказ или 50% плата за жал.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Жалосно, ама вистинито. Од збор до збор точно.
    Ако еден родител се буни за лошите услови тогаш е црна овца.
    Се бунев за вошки кога вриеше цела градинка со месеци, на крај испадна дека само јас се бунам зашто моето од надвор си ги донело (а моето само во градинка одеше и после дома седеше, не се мешаше со никој). Се бунев зошто со патиките од надвор седат цели два саати после спиење, а набутани сите групи во една занимална до одење дома. Е многу сум била свилена, така морало да биде. Да не набројувам, ќе се изнервирам само.
    Лани малото од цела година дали еден месец вкупно одеше во градинка. Се искинав од зимање боледувања, одмор годишен потрошив цел, плус пошо не ми стигнаа денови баби и дедовци ми го чуваа. Затоа што два дена ќе одеше, две недели дома со антибиотик седеше.
    И место сите родители да се соберевме и да се буниме за лошите услови и страшната нехигиена, плус стрептокока пневмонија во нашата градинка е домаќин (пола година стрептокока во очи лечевме, со страшни гнојави јачмени на очен капак), они напаѓаа родител и го правеа свилен, плус не знаел родителот да си го чува детето па затоа му се разболувало.
    И затоа нема да не биде нормално.

    За ситуацијава жалосно е што не важат за сите истите одлуки и што има родители што стварно нема каде да си ги остават децата. Јас имам среќа што можам од дома да работам, инаку и јас ќе требаше да одам на работа. Вака одам по потреба, ама и самата не знам до кога ќе трае.

    Ако се отворат градинките ќе мора да почнам, ама планот е да не го носам туку баба и дедо да го чуваат (само да се живи и здрави, се нафатија без збор).
    Дур одеше од бронхит и пневмонија не можев глава да кренам, со коронава не смеам да го ставам во огин, не смеам да ризикувам.
     
    На oblace1, Bozica1980, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    И јас сум за да ги пуштам в градинка. Ко што спомнав во другата тема, работам од дома, со години. Ама не се децава папагали, ќе ги затворам в кафез, ќе им оставам вода и храна, и ќе работам. Од мене се очекува 8 часовно работно време, и сработена работа за сите тие саати. На никој не му е гајле дали децава мои треба да ги наранам во тие 8 саати, да им дадам вода, сок, ужина, на едното да му менувам пелени, на другото да му го бришам газето, да пазам да не се фрлат од тераса, да не чепнат во штекер, да не направат поплава во купатило. Треба на сите страни да гледам, а ваму работа. Како да се сконцентрирам и на децата и на работата истовремено? Па и уште ќе ми речат среќа сум имала, од дома сум работела, барем децата не требало некој да ги чува. Аха, да, мене така ми даваат плата, од што многу им сум лична.
     
    На zuto, Sexybaby86, kikin и 8 други им се допаѓа ова.
  17. GirlGirl555

    GirlGirl555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2015
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно, доколку некое дете крене температура ќе треба да се тестира за корона? Дали тогаш сите деца од групата треба да седат дома во изолација?
     
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.949
    Допаѓања:
    14.687
    Пол:
    Женски
    Еве претходно го имав пишано бројот кај што ми одговорија.
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.808
    Допаѓања:
    142.182
    Луѓе... ние и да се испоубиеме тоа е.

    Доволно сме глупи за да одгледуваме деца у земјава, па што и ако ги праќаме у градинка со 200 заболени на ден. Нека заврши ковидов и отидов што подалеку.

    Детево е грев тука да го чувам.
     
    На LiliBoz, kikin, Ordinary и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.437
    Допаѓања:
    90.814
    Пол:
    Женски
    Во Данска ги отворија училиштата и градинките уште во април,со солиден број заболени,без носење маски,со миење раце и надзор за групирање над 5 деца.
    Шведска не ги затвори,а Холандија ги отвараше постепено.

    Не постои држава која ќе ги остави родителите дома до 2023 год.платено.
     
    На Espadrila, dunika, Lolipop23 и 13 други им се допаѓа ова.