Градинките мора да отворат и животот да тече. Но мене ме мачи прашањето зошто градинките беа затворени толку време и која е разликата од сега до пред неколку месеци? Можеа да го искористат периодот на годишни одмори и да пробаат со групи со ротација на 2 недели. Ама несакаа...спремаа избори а администрација требаше да остане здрава за во избирачки одбори. Е сега се нека почне одеднаш, и градинки и школи и факултети ма се на куп. Незнам како не им текна да дадат ваучери и на пензионерите за шетање, тогаш сликата ќе беше комплетна. Но незнам како не се разбира до толку значењето на приватниот сектор. Се е тоа еден круг, ако приватниот сектор колабира знаете ли кога администрација ќе користи мерки...НИКОГАШ. Ќе нема пари ниту за едните ниту за другите. Со самото тоа што администрација нема да има пари за трошење ќе настрадаат и сите помали бизниси кои всушност и го полнат најголемиот дел од буџетот. Се е тоа домино ефект. Да не збориме за наплата на банките и сл, па тоа ќе биде поразително. Се започнува и завршува со приватниот сектор и поради тоа градинките мораат да почнат. Јас пак имам информација дека за дел од администрација што обожава да користи мерки ќе бидат на 50% а дел само со платени придонеси, меѓу кои се и градинките доколку навистина не ги отворат до февруари. Ќе видиме тогаш колку ќе бидат поборници за да не се отворат градинките и дали ќе се толку гласни. Друго што ми боде очи е како тоа се чудите кој би бил крив ако детето фати корона. Па се знае кој РОДИТЕЛОТ на детето кое ќе биде првично заболено. И сега ќе речете асимптоматски вакви онакви и сл. Абе мајки драги ако секој поединец ги почитува мерките детето ќе нема начин да го донесе во градинка. Ама нели ние сме најпаметни и ги пуштаме децата поручек на лулашки, денски на собиранки и сл а родителите по викенди и гостења. Тие што одат на работа морало со колешките кафе муабети и сл. Срамота е што децата ни страдаат заради нашето немање на колективна одговорност. Се згрозувам во каква држава живеам и со каков народ.
Крајното е дека ние ќе се испокараме тука, едни ќе се за други против, а тие што треба да решат нема да ги слушаат ни едните ни другите мајки. Ќе си направат нешто налик протокол на папир и тоа ќе е. Сите сме во иста каша.
Ако отворат- прва сум за носење дете. Не може рсботата.да чека веќе. Ако не отворат, како ќе решат- така. 50%...или само придонеси... Од оваа кожа во друга нема одење. Жена немам намера да барам зашто немам доверба, ете таква сум и тоа е.
За да можат да си уживаат дома. Ова не се однесува на членки од форумов. Имав една многу интересна случка во градинка кога работев. Мислам дека ја имам пишувано овде. Носат болно дете и мајката вика - Ако почне да кашла, викнете ме. Дома сум. А детево кашлаше ептен. Уште и вика на колешката - Има сируп во ранчето. Ама за тоа се виновни директорите.
Ова е тоа што сакам и јас да го кажам. Да имавме малку повеќе свест сите немаше да има препрлашени родители кои ќе мора да ги пуштат децата во градинка. Немаше ни да бидеме до ова дереџе да се испоколеме меѓу себе, некој заради страв, некој заради немоќ. И не може некој да ме убеди дека родителите оделе на работа па ризикот бил ист да се заразат, па ајде сега - Удри бригу на весеље. Не јас на работа седам со маска 8 саати, мијам раце по сто пати на ден, минимизирам непотребни контакти. Детето шета исклучиво со мене или моите, без контакти со други деца, без лулашки. Единствен контакт овие 5 месеци му бил со двајцата внуци по два пати и тогаш сум била на трње. Да секој си одлучува за себе, ама кога станува збор за здравјето на сите треба сите да сме поодговорни. Поодговорни за оние родители и деца кои мораат да одат во градинка, за болните и ранливите, за сите нас на крајот на краиштата. И пак ке кажам најмногу ми е жал во целата ситуација за децава. Дај нека поминува побрзо ова лудило за да можеме сите да се вратиме во некој нормален колосек.
Во нормала нема никогаш да се вратиме... За жал.. На триста ума сум за градинките од раб ѕвонат прашуваат кај мм на раб одат проверуваат... Ама па кога ќе согледаме се поарно да почнат до кога ќе ги чуваме вака.. Кај нас на улица по 30деца декоја вечер до 12-1ч играат на почетокот носеа маски сега не.. И секој викенд ги расшетуваме натаму наваму.. На почеток ми беше страв ама мора да се меша е сеа викендов продолжениот не бев Охрид туку Маврово, овој што помина не седев во Лебедово езеро туку горе во едно ресторанче кај патеката накај водопадите значи ја изнесувам ама гледам да не бидеме каде што се сите... Нека ни ги чува господ како моите така и на сите.. Сега баш им купив од аптека ќе им давам
Нашите од вчера почнале, ама нема инфо кога и дали ќе се почне со деца, само протокол им доставиле по кој знае кој пат... И зошто ги тестираа, колку помина од тогаш? Мислам тоа баш и немаше логика...
Е тоа е проблемот. Наместо да се зголеми бројот на внимателни, се зголемува бројот на невнимателни. Кога можат другите, можам и јас е работава, намести обратно, да се прави притисок за поголемо внимание. Не сме ни ние затворени дома, ама едноставно не го мешам детето. Наоѓаме други алтернативни начини да сме надвор. Точаци, планина, шетаме... Тестирање немаше поента ниту тогаш, ниту сега нема поента да го прават. Состојба се менува секој ден.
На 1 почнуваат, од градинките ќе почнат по телефони у сите фирми да потврдат дека МОРА да е родителот на работа и не може од дома. Приватните се со листа на чекање, преполно е. Носиме најтешка одлука сега, здравјето на сите дома, или парите со кои се храниме. Живот и глад. Болест и пари. Ужас без крај.
Е шо..не веруваат на потврдата па ќе се јават кај директорот да проверат??? Па тој се потпишал на неа и ставил печат. Ма ајде... Или и нив ќе им набиваат чувство на вина. Боже мили, сешто !!
Па верувај ќе има многу што ќе злоупотребат. Затоа мојот работодавач не издава потврди. Односно издава за оние кои мораат да се присутни. За другите ако издадат ни рекоа ќе мора целосно да се вратиме иако не користам мерки туку сум во редовен систем на ротации.
И мене ми бараа потврда од работа дека сум се вратила на работа и тоа за да го отпишам детево.Им викам ама зошто ви е потврда дека сум се вратила кога доброволно го отпишувам детето,па ми рекоа они секако ќе го исконтактирале работодавецот . Не ми беше логично за отпис на дете
Извинете на израз али луд *е*е збуњеног. Хаос е. Сите со различно искуство сме побогу. Кој е тој протокол у секоја градинка различен.
Кај мене ако се јават да прашаат или да убедуваат , верувајте дека ќе ги отераат у пм Да не испадне дека без мене не се може, не сум само јас така, од што сме во голем број мајки и татковци текот на работата страда,.смачено им е на оние кои се без мерки а претежно се во години. Искрено, смачено ми е. Сакам да работам, неможам вака веќе. И дете дома "пукна" ама и јас. ...а ЕДНАШ мора да се отворат..
Многу нелогичности,го отпишувам детето дека секако ќе тргне во школо од септември и онака мора да ја испишат,држев место се понадевав дека ќе отворат јуни,јули ама ништо и сега џабе сум плаќала.