Ништо не е нормално во државава, Дани. Ова ако трае со години, и така уништената наша државичка ќе се доуништи. Ама тоа е! Никој не мисли на народот, на децата, се е преживување тука... снајди се па живеј. Тоа и така беше се гревови, сега па да не правиме муабет.
Или одам вадам потврда од матичен за здраво дете и ја носам пак. Ако ни тогаш не ја примат се враќам за еден час сосе дете, канал 5, Сител и Телма под мишка
Ко што 6 месеци не биле изложени на вируси, имунитетот е на никаде. По 3 дена сите ќе бидат болни и дома. А мајките на боледување што значи пак нема одење на работа. Кога сите у Србија Хрварска Босна одеа у градинка и билдаа имунитет нашите у ѕвоно беа. Леле само се нервирам. Ќе се блокнам од темава.
Еве дури го пишам ова ми дојде да си поткашлам. Сега очекувам специјалци да ми влезат филмски низ џам, да ме приведат, и директ во изолација да ме стават
Во ситуацијава мора малку посериозно малку. Кивање,кашлање, нос течење е превенција и треба дома да седат. Пред се, да се спречи вироза и паника.
Во ред е тоа, ама газда не толерира да седиш дома само зошто дете еднаш кивнало... Еве мое дете овие денови намерно кашла, демек се дави, и ќе седи 2 дена дома доктор ќе издаде потврда дека е здрава, па еден ден у градинка и таму пак ќе се накашла и така у круг... Еве за пример на газда на мм, чудно му е дека не возам и нели некад мора мм да ме носи... Јас сум работела на место кај што не си смеел телефон у џеп да имаш, а не па да кренеш, и шо, ќе ми стават забрана дете да носам во градинка. Мора 1 родител да зима и носи дете, а ако работиме у смени? Не е дека сум против да се отворат градинки(иако имам страв), само знам дека вака нема да функционира, ќе има вируси, грип, па на крај пак ќе се дома... Е ако се затвореше се на почетокна 14 дена, ќе седеа дома можда 2 месеци а не 6... Ќе трпеа фирмите 2 месеци... И сеа они осмислиле како да работат школи и градинки, и нов појак бран у септември.. епа нов... Јас грип не фатив коа немав дете, а шетав, работев, се дружев...од ќерка ме фати... Не битно веќе, секако децава највеќе трпат на секое поле... Иначе да, против сум што носат деца болни у градинка... еве јас мојата после грипот ја чував уште 10 дена дома.
Не знам како не толерира. Носиш боледување и тоа е тоа. Подобео дома 2 дена, него паники бпн15 фамилии 2 недели.
Ете не толерираат... не може на секој 3 ден боловање... И јас знам како еподобро... Ама... Рачунај посебно оние кои се во бутици,маркети...
Многу се нервирам со работењето од дома.. како побогу јас ќе работам од дома и ќе гледам бебе и 2 годишно дете? Дај да кренеме глас некако, ова е дискриминација
дали администрација ќе дозволи после завешување на мерката да работиме од дома? кога ќе ги отвори градинките ако немаме потврда нема да го примаат градинка а ние ќе мора да одиме наработа или ќе дозволат од дома да работиме многу ми е глупо со потврдите ...
Кај нас стигна анкета да се пополни,воспитувачките до петок треба да достават информации колку деца ќе одат.Има 3 опции Сакам да оди Нема да оди,ќе го отпишам Ќе си плаќам за чување на место секој месец 521 ден. И сега јас како невработена немам право да го пуштам.Друго несакам да изгубам место па морам да плаќам,како и повеќето родители што ќе направат.Во група ќе биле само 15 деца. Рачунаме со мм,во групи од 40 деца 25 ќе си плаќаат,месечно од една група е 13000.Е сега колкуууу групи се тоа,и колку пари месечно.Си полнат фондови,преку мака на родители.Ако коронава потрае уште година дена(а не би ме чудело воопшто) ние треба да дадеме 6000 за чување место.За мене како единка ајде и ќе си речеш не е страшно,ама кога ќе си направиш пресметки колку пари ќњ се намлатат мака ме фаќа.Ужас е благ збор. Незнам зошто би ги барале тие пари кога ништо за возврат јас не добивам.Што плаќам?Место?А градинките празни.Какво место
А како ти чуваат место, кога ако има 15 деца и твоето е 16то, не можат да го примат. Или ќе примат 14 за да чуваат место за твоето? Малце им нема смисла опцијата чување место, што ако на друго дете му треба тоа место сега? Или ако тебе ти треба за некој месец, а местото реално не постои. Само измислуваат глупости нови секој ден. Во незавидна положба сте некои од вас. Ни сама не знам да кажам што би правела да морам да ја праќам во градинка заради работа. Огромен поборник сум за градинката, сметам дека секое дете треба да иде во градинка. Ама знаејќи ги нормалните услови во градинките, сега во пандемија мислам дека ни 5% не можат да се држат до протоколите што ги замислиле.
Кај нас од градинка имаа пишано во изјавата, ако се поплни групата од 15 деца ќе го префрлат во друга група или во друг објект
Ново во градинка во Карпош. Од понеделник до петок секок родител од 9-12 часот да отиде во градинката и да поднесе три документи: 1.потврди од двајцата родители 2.уплатници дека до 08.2020 е платено 3.потврда од матичен дека детето е здраво Напоменато е дека.во група ќе има максимум 15 деца и дека може да се случи да не се сите.примени. Ај да видиме..
Еве ги почнаа со глупостите. Прво како да не е примено, ако детето веќе одело. Второ што ќе им е потврда дека е здраво сега, ако градинките да речемо отворат од 01.09, детето не може до тогаш да се разболи. Знаев дека се хаос, ама ова почнува да се граничи со лудило веќе
И кај мене го имаше истото известување од Рефи ама нема дел дека само 15 деца би оделе, туку сите што ќе донесат потврди.
Ако тргнеме што е по глупо, тогаш да споменеме дека ги тестираа во јуни. А сега е Септември. ..шо бе маче глупости, па се е наопачки