Па добро, ништо лошо не бараат. За потврдите е веќе е јасно дека ги бараат. Уплатници имате тие што сте плаќале,или ќе видат сами дека се подмирени сметките до 08 месец и немате долгови. Дека детето е здраво не се мисли на моментална настинка туку на други болести и состојби.
Од 15.08 до.01.09 неможе да се разболи?...па и Ковид да фати? Нели на почеток тие потврди требаше да се не постари од 3 дена од денот на тргање во градинка?!
Колку што знам јас овие потврди дали е здраво се дали има некој синдром ,хронична болест,пречки во развој итн. Пред да почнат може да побараат за моменталната здравствена состојба. На почетокот веќе не значи ништо,важи сега тоа што бараат.
И кај нас стигна известување. До 21.08 мора да се однесат потврди од двајца родители дека не може да работат од дома за да ги формираат групите. Потврда од матичен и сите сметки регулар платени. Е сега, еднаш месечно ќе прашувале дали уште некој има потреба од градинка за да можат да направат план да го вметнат детето во група. Во нашата група само две деца ќе одат, другите од страв не ги пуштаат. Јас прашав која е поентата на потврдата од матичен кога дете може да е носител на вирусот а да нема симптоми. Не знаат да ми одговорат, ми вратија дека потврда е задолжителна. И уште една работа која страшно боде во очи е дека ако на детето му протече носот, одма ти се јавуваат и го чуваш дома, дур не му престане целосно. А после тоа го носиш детето на матичен за нова потврда за да го примат. Здраво дете да носам на матичен и да чекам измешана со болни деца во ек на пандемија е еднакво на лудост. Поентата е да нема деца во градинки за да не се прават гужви а родителите да се вратат на работа. Немам коментар искрено. Не Косми. Потврдата е дали е општо здраво детето. Пример, после прележан бронхит, стрептокока во нос, сипаници, гнојна ангина доктор мора да издаде потврда дека детето е здраво. Е сега во нашата градинка и после протекување на нос ќе бараат потврда. Нема шанси дете да заоди нормално во градинка, хаос ќе биде со боледувања и чуда, нема да може крајот да се фати.
Затоа, ко шо напиша дада Фана погоре, земаш Телма, Сител и Канал 5 и сосе детето и потврдата од матичен влегуваш во градинката
Лошо ќе биде и за децата. Трауми се тоа, не природни работи: не се доближувај, не чепкај, миј се раце.(знаеме колку обожуваат да мијат често), не седи близу, не играјте со иста играчка, не му ја давај боичката... И си мислам, тоа за растечен нос... Кој работодавец ќе те трпи секоја недела да земаш денови или боледувања? Па и татко да ти е ќе те шутне..
1. Што е разликата дали се 5 деца, 10 или 15? Колектив е Колектив. 2. Цело време го најавуваат Септемврискиот бран и баш тогаш одлучуваат да отвараат градинки?! 3. Жално е што удираат по најкревките и што цела година не смислија модуси како да се функционира ниту санкции за приватњациве што експлоатираат радна сила. 4. Не постои педијатар што ќе се согласи со тоа дека е исправно да пуштиш дете во институција.
Зимаш камерата на рамо и влегуваш со се дете, ќе го смениме камерманот Не можам, ме оставија без зборови со носот Траума им е самата ситуација од март па наваму, не па сега со чудово. Тешко сите, само тоа ќе кажам. А дека ќе ме чува мене некој на работа со боледувања за растечен нос постојано, еве сигурно. Плус мене за бронхитис матичната не ми даваше боледување, не па сега за нос што тече.
Цел свет се бори со пандемија, сега читав конкретно за училиштата сега се прави план, а многу држави градинките ги отворија уште во април и мај. Корона има секаде. И ќе ја има. И со тоа траумите, не се толку потресувајте де, сите деца во цел свет го минуваат истото. Децата баш и не се толку истрауматизирани како што ние сакаме тоа да го преставеме. Не се лутете, ама така е. Повеќе би рекла досадно им веќе дома. Еве го син ми, седеше и изолација и се, траума никаква. И се тестираше. Ништо страшно. Брис. За нас родителите ќе е стресно и измачување, во грч, ама ете мора да се помиреме дека вака ќе се функционира. Седење дома во недоглед, не бива. Впрочем кој седи дома нели. Групите ќе се секако помали, па мислам и дека нема да има толку разболувања. Ќе се помачат малку вработените во градинките, ништо страшно, и така 6 месеци одмараа. Некако имам впечаток дека децата се поразбрани од возрасните кои уште не веруваат дека вирус има. Син ми кажа да му купам ракавици и да му го дезинфекцирам моливот. Маска исто носи. Децата се разбрани, проблемот ќе е со перосналот кој не верува во корона и не се штити.
Кај нас во градинката каде што работев значеше тоа што го напишав бидејќи имаше деца со здравствени проблеми. А и да е така како што велиш пак не гледам проблем.. Нека има континуитет во увидот на здравствената состојба,па и на две недели. Ова не е нормална состојба. Ќе се јавуваат и за течење нос и за кивање и ќе бараат нон стоп потврди. И тоа е подобро од носење болни деца во градинките,како што ги носат родителите кај нас. Има луѓе на кои итно им се потребни отворени градинки. За да одат на работа ,за да имаат плата, им е потребна градинка,ти имаш можеби опција да избереш ,некој нема. @eli.karameli Има голема разлика дали се 5 ,10 или 15 деца. Групи каде што се малку деца многу малку се разболуваат. Дали е решение да не отворат? Дали би се согласиле родителите да не отворат градинки,а да не им следува плата туку само чување место и плаќање придонеси? Од што ќе живеат тие што егзистенцијата им зависи од отворањето на градинките?
Едно заболено лице е доволно за да се разболеш, не ти требаат 5. Затоа реков жално е што државата не најде модус. Не е секој организам за во колектив, нели? Еве денес комисијата излезе со препораки освен физичко присуство на првачиња, другите да посетуваат он лине настава. И ако јас се прашувам, да, јас сум да не се отвараат градинките бидејќи ако ти се разболе дете немаш каде да го носиш освен по приватниве клиники. Државата нема здраствен столб, ќе отварале градинки. Колку дечиња критични на кои стварно им беше потребна болница Козле им ја направија Ковид центар. Не зборете глупости. Да треба не дај боже негде да носите дете ќе ве видам каде.
Косми, јас може ќе имам еден месец опција, може и само пола. Не можам однапред да знам. А мене никој нема да ме чува на работа за да чувам дете дома ако му тече постојано носот. Кој ќе ми дава боледувања за нос што тече ако тече еден месец без престан? А за потврди во нашата градинка така е. После секое разболување мора да се однесе нова потврда. Значи носев за јачмени, за розеола, за гнојна ангина, за сипаница, за болно уво, за црвено грло, за што уште не. Утврдија едно време дека во градинката има стрептокока пневмонија. Син ми пола година го лечев од стрептокока во очи. Баби и дедовци ми го чуваа, плус јас се утепав од зимање боледувања, а нивна вина беше. Нека ги средат основните работи по градинките па нека бараат потврди за растечен нос. Нема основна хигиена, што да кажам за другото. Зарем некој верува дека ќе одат по протоколи и ќе има мерки за заштита на децата. Кој? Негувателките што пијат коктели со 20 луѓе во соба цело лето. Не. Затоа што во ситуацијава не се мисли за доброто на родителите и децата, и реално ништо добро нема да излезе од ситуацијава. Прва сум за да почне, ама да има протоколи а не само текст напишан на лист и негувателка да не знае на просто прашање да ми одговори и да ми рече дека не знае.
@eli.karameli Ама ајде малку реалност,еве не ги отворат градинките. Ајде овие од државните фирми нема повеќе да земаат плата дур седат дома ,а приватните ? Еве имаш фирма ,мора да исплатиш плата во која има 25 мајки со деца од предучилишна или раноучилишна возраст кои ќе чуваат дете дома, ќе продолжиш да плаќаш работници кои не одат на работа,а и нови кои работат на нивно место,бидејќи работата мора да тече? Па имаш здравствени работници кои немаат опција да работат од дома,кој ке им ги чува децата додека се на смена? Мака мачат луѓе. Затоа треба да се отворат,кој мора да носи,ќе носи. Плус многу малку деца ќе тргнат во градинка. Пр.Група што броела 18 сега се потврдени 3 што ќе одат. И да не претеруваме сега дека нема каде дете да однесеш за лечење . @ivi1987 Смени ја градинката штом не си задоволна од персоналот и самото функционирање. Има одлични државни градинки кои редовно дезинфицираат,и имаат одличен персонал,не можеш да генерслизираш,иако има и никакви негователки ама и родители, редовно пробуваат да носат деца со сирупи и капки за уво,очи,нос, со инфекции, јас верувам дека ќе има протокол,па и они сами ќе се заразат ако не го почитуваат.
За потврдата за здраво дете ќе треба ли брисеви како секоја година што правиме? И пак ќе прашам, со еден родител во странство дали има некој што ќе праќа дете? Не знам дали ќе е доволно само потврда дека работи во странство или мора да ја преведам оваа изјавата од овде дека не може да работи од дома па таму да ги замоли да му удрат печат?
http://www.femina.mk/новости/актуелно/тажна-реалност-децата-во-тајланд-во-градинките-и-школите-во-проѕирни-кутии-и-со-маски Еве какво решение нашле некои. Какво-такво, решение е. Ова како пример само... Не велам дека е идеално, ама сепак некој се потрурил нешто да стори. Дали е ОК и дали може вака да се функционира, незнам. Важно некој мислел. Сеуште сум на ум да им пуштам "вода" во градинка да залепат на врата една Изјава дека нај совесно ќе ги почитуваат протоколите. Зашто сум сигурна дека сепак ќе има деца кои се "блиски" до управата и ќе им биде прогледувано низ прсти и за нос и за се останато.
Во овие неколку месеци кај нас само еднаш некој вирус ги фати, седеа една недела дома. Кога мерките се строги и не идат болни деца се надевам нема секоја недела болни да има. Стравот беше секако тука, ковид да не е...тоа е ризикот кој го презедовме. Од безопасната кашлица на Ели, која таму ја закачи, после и мене и другите две не фати. Значи некој се "спровнал" таму, на жалост утрото не го вратиле од врата, и цела градинка скоро ги фати. Кога се почитуваат мерките се надевам нема нон стоп болни деца. Нас потврди не ни бараа, но ниту термин за на лекар не добивме. Следевме кај децата, само јас се тестирав.
Дани, овде како да не знаеш дека не се почитува ништо. Ќе има дете со носе кое седи и дете со носе кое ќе го вратат дома. Еве сега, да ти дадам пример како функционира наопачки.. Се јавив за да прашам како оди процедура за потврда дека детето е здраво.Ма телефон ме прашаа за број на картон и да донесам 50 денари да си ја земам потврдата. Е вака на сите ќе ни дадат по една и чао. Стварно ли е здраво, не ли е...којзнае.
Знам...ама како што Косми и други кажувале дека има стварно ок градинки...со надеж да се влијае и на другите. Едни ако можат значи може сите.
Можат, не дека не. Ама од 20 воспитачки секогаш ќе се најде една која ќе го руши реномето на цел колектив. Дефинитивно сум ЗА градинки. Сега и одма.Без одлагање. Само мнооту ме исплаши изјавата на сегашноот директор на Центар за јавно здравје ‐Александар Стојановски кој кажа : Ајде, со име и презиме нека се покаже тој што ќе реши да се отвараат школи и градинки на 1ви септември. ..што сакаше да каже со ова, што мислеше...
Верувам дека овој систем би бил функционален. Е сега ако проблем е имплементацијата, треба сите да реагираат. Порано доколку било нормално и секојдневие дете со сируп во ранец или растечен нос...сега веднаш да се реагира, гласно и транспарентно, при оставање на сопственото дете. Мислам по неколку се во тимот, да се разговара уште при упис. Тел линии за приавување неправилност. Е сега, може и сопственото дете да е некогаш оно со растечен нос...и нема да смее да оди. Првен сопствента свест е. Воопшто да не се носи дете со симптоми, тел. консултација.