Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. MACKICA1902

    MACKICA1902 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    374
    Пол:
    Женски
    При нормални услови а не во пандемија треба да има по малку деца во група а не по 30-35.Барем добро во ова лоша ситуација што децата овие шест месеци не се разболеа воопшто али во февруари сопругот, мене керка ми и син ми не фати сите грип иако со полесни симптоми...и сите што ги знаев кога тогаш ги фати тој период..што ли вирус ќе беше тогаш:?:
    Значи факт е дека градинките се лежиште на вируси и затоа да се престане веќе еднаш да се носат болни деца во градинка и воспитувачките да толерираат родители( пријатели) кои оставаат болни деца..
     
    На Martka, danichap и referentka им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Мене ми е ок мерката со растрчен нос дома да седат. Па баш така се шират бактериите, вирусите и што не. Кој ќе им брише нос во градинка? Негувател/воспитувач кој после треба да пипа други деца?! Или детето само со рака мрсули си „забришува“. Кивање без маска или еве детето ако знае рака да стави на уста, кој знае дали одма ќе му биде измиена (не пребришана со марамица). Па со таа рака ќе испипа кај стигне, па твоето-моето ќе фати и после ќе се жалиме.

    Времево не е за градинка со мрсули до уста. По мене никогаш не е. Нашава градинка и доктор има, па ни тој не сум чула да реагира. Проблемот е системски. Ако градинката поддржува да се примаат деца со кашлање/кивање, сигурно нема воспитач/негувател на одредена група да врати дете.

    Ако навистина се чисти повеќе, ако се проветрува и децата повеќе се надвор, не по терасите, него во двор, децата би требало да не се разболуваат толку. Нема ладно било, топло било. Надвор. Се знае кај им е местото на деца. По светов имаат чизмички за дожд, кабаници и сл. за да се надвор во секоја прилика, само кај нас седат затворени дека е „ладно“.
     
    На MacenceEna, Martka, mal.ecka и 11 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Ај па може и се добро ќе биде.
    Троа оптимизам ни фали во пеаимистичкава државичка.
     
    На Mami3, kiki_riki и fana им се допаѓа ова.
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    40.513
    Пол:
    Женски
    Такви потврди дадовме кога се запишуваше детето(за синдроми и хронични болести)

    Јуле не се истрауматизирани ама нарушен е нормалниот развој. Еве мојот е 3 години, возраст кога е најбитно да има интеракција со други деца, а тој кутриот изолиран веќе 5 месеци.

    Дани проблемот е што нема да важат правилата за сите. На Петко таму, братучед на Станко од управат детето и болно и со антибиотик ќе го примат.


    Претпоставувам сега што ќе се случи. Или ќе има препретпазливи учителки, од чија група сите деца ќе останат дома зошто ќе се најде кај секое нешто суспектно, или лабави кај кои ќе има и болни деца и сите ќе одат во изолација.

    Значи ќе се отворат градинките, а родителите ќе мора пак да седат дома.

    Значи не сум против градинките, туку против целиот наш ментален склоп како нација. Ама тоа за жал не се менува, бар не преку ноќ.
     
    На Coco31, ivi1987, MACKICA1902 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.323
    Допаѓања:
    259.556
    @Ano да, и соцализацијата. Нарушено и е секојдневието, дома е веќе досадно. Во право си.
    Види, вирусот е страшен, целата таа психичка тортура, знам, поминав, и на никого не посакувам. Ама еве мене ми стои дека ова не завршува.
    И ние како родители треба да се насочиме кон почитување на протоколите и безбедноста на децата.
    Оти навистина има родители кои мора да остават деца во градинка.
    Решение не е седење дома.
     
    На mal.ecka, Coco31, Cosmi и 6 други им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.398
    Допаѓања:
    37.565
    Пол:
    Женски
    Со корона вирусот е тешко за сите во сите држави. Сите сме исти сега.

    Најтешко ми падна кога одев да го земам, дворот поделен на 3-4 дела со оние црвени ленти, моево беше во тој дел со песок и една цевка како тунел, сакаше да оди на лизагалката и воспитувачката вика дека не смее, едно друго и тоа сака да оди преку лентата и воспитувачката го зема го враќа назад му вика дека не смее. ;( Ми идеше да го земам и да не го однесам додека не заврши ова со коронава ама мора да се работи за жал.

    Само да го заборават и децата овој период и да не им остави никакви трауми. ;(
     
    На Martka, mal.ecka, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Пробав многу пати да ја сменам ама никаде не ми го примаат. Градинките се преполни, секаде ми покажуваат преполни папки со деца на листа на чекање.
    Одвај најдовме место во оваа кај што одеше до сега, за жал реалноста е таа.
     
    На referentka и Cosmi им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.078
    Кај нас не е до волку...вработените се со маски, ние со маски пред врата предаваме деца...ама во двор заеднички си играат. Може оти е мала градинка...
     
    На mal.ecka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.442
    Допаѓања:
    90.823
    Пол:
    Женски
     
    На referentka и fana им се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    И мене ќе ми е ок мерката за растечен нос ако се почитуваат и останатите мерки. Пошто ако не се почитуваат ќе треба да оставам работа за да чувам дома дете со растечен нос (а од март до денешен ден не ми се разболел).
    Ама по тоа што го гледав до сега кај нив во градинка, тешко дека децата ќе останат здрави како што се дур седиме дома. Ниту еднаш не беа извадени на воздух во двор, промаја редовно по цел ден затоа што им било претопло, деца со мрсули и јаки кашлици ги примаа без проблем. Плус не верувам дека ќе ги остават со топлинки до испраќање, а сега би било лудост да ги остават со патиките и по тепих да си играат лабаво. Моето последен пат кога закачи бронхитис и примаше терапија, негувателката ми рече да го однесам после два дена, као у стил - нема ништо да му биде, донеси го и ќе си го чуваме. А он со антибиотик и инхалации 10 дена.
    И поради таквото несовесно работење, моето и многу како него не можеа со месеци да стапнат во градинка.
    Затоа и не верувам дека преку ноќ ќе ги сменат навиките и ќе гледаат за доброто на децата.

    И немој сега некој да ми рече, па што не се буните вие како родители, или ако се буните и зборите ќе се сменат работите.
    Не, ништо нема да се смени затоа што на една рака се бројат родители што се жалат и реагираат за нешто.
     
    На Annath, kukla21 и K7M10J им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.442
    Допаѓања:
    90.823
    Пол:
    Женски
    Вашиве значи од една страна барале потврди на секое разболување,а од друга ви примаат деца болни?
    Не разбирам.
    Ке мора да ги сменат навиките таму кај вас,инаку и сами себе ке се изложат на опасност.
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.369
    Пол:
    Женски
    Во иста градинка да не биле нашиве. Јас еднаш реков за прозорите, не да ми беше муабетот изваден од контекст, неписмена излегов, ова од родители. Магла надвор прст пред око не се гледа, прозор отворен. Значи не зборам за проветрување на одредени временски интервали, туку нон стоп цел ден отворен и кога спијат, а прозорот над креветчињата е. А за надвор, што ќе искочат, оградата пола со дупки, може да им избегаат. Башка домашните миленици луѓево си ги носат во дворот за нужда...(facepalm)
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Тоа е иронијата. Пред мои очи мајка на негувателка од друга група и кажуваше дека има сируп за температура во ранецот, ако качи да и даде.
    И после се, сега бараат потврди после секоја настинка.
    А да не зборам дека нашата занимална е многу мала и дека едвај 5 деца со две негувателки собира, ама седеа по 15 до 20 деца без око да им трепне.

    По други земји читаме дека не бараат потврди а дека, самите родители се совесни и ако им настинат не ги носат.
    Кај нас и потврди ќе платат и ќе мижат пред кашлицата и мрсулите, и во минијатурни занимални ќе чуваат голем број на деца.
    Кај нас прво требаше да створат услови, поголеми занимални и голема хигиена, па после да се прави муабет за отварање и згрижување на деца.
     
    На Sexybaby86, danichap, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Ауууу
    Будала работа(facepalm)
    Јас пак друго читав.
    Да го најдам и ќе го постирам.
     
  15. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Ништо чудно, огромни прозори ширум отворени цел ден заедно со вратата. Милион пати замолени да го пресоблекуваат после спиење зошто многу се поти, ниту еднаш не ме послушаа. Еднаш отидов порано да си го земам па ги фатив во небрано. Горната блуза му ја смениле, долната маица утоп испотена му ја оставиле.
    И што да очекувам во ек на пандемија, дека тие истите ќе го чуваат детето како што треба. Од старт знам што ме чека пошто од бебе оди а и големата беше со истите негувателки.
    За во двор мали биле, не можеле да ги допазат. Големата до завршување на градинка не ја извадија во двор.
     
    На Sexybaby86, Coco31, K7M10J и 2 други им се допаѓа ова.
  16. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    2.075
    Пол:
    Женски
    Кои се тие негователки што пијат коктели цело лето?
    А родителиве сите прибрани 4 месеци дома затворени, по улициве и кафаниве само негователки шетаат.
    И како ти е крива градинката што детето имало бактерија или и таа негователката му ја пренала?
     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Да не утна нешто :)

    Вакви па што релативизирате да му се смучи на човек. Што не се болни децава од март наваму?!
     
    На Coco31 и ivi1987 им се допаѓа ова.
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Како не ми е крива градинката ако на врата имаше истакнато известување дека во градинката има стрептокока пневмонија? Ама касно затоа што децата веќе фатија бактерија. Требаше да затворат и дезинфекција да направат за да ја искоренат, а не да дозволат децата да ја закачат и одвај да ја излечат. Тебе ако ти е ок, мене не ми е затоа што не е наивна бактерија и остава последици. А јас од дома не си ја донесов.
    За коктелите како да ти кажам, од март наваму гледам слики со коктели, со 20 луѓе на маса седнати и горе опис #карантинскадружба. Не е еден ден, пет месеци гледам дека не почитуваат мерки и се мешаат со роднини и пријатели. Истите тие ќе треба да ми го чуваат детето во затворен простор.
    Не им беше дадено да седат дома за да си прават приватни собиранки и дружби со куп луѓе, или не сум у право???
     
    На Coco31, Ano и referentka им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Абе 100% читав, ама сеа барам дали исти човек дава две разни изјави.
    Оти кај нас и тоа е можно, уста рекла-уста порекла:D.
     
    На ivi1987 и kukla21 им се допаѓа ова.
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Се е релативно.
    Кога малата ми ја фати стрептококата, јас пријавив во градинка.
    Се тестираше цел персонал и на родителите на децата им беше кажано.
    Се дезинфицираше и градинката.

    Знаете што ми рекоа - па други родители не пријавуваат.
     
    На M.B., Martka, karak и 7 други им се допаѓа ова.