Нит негувателки се тестираа, нит ништо. Едно известување само на врата залепија, па кој прочитал добро, кој не на здравје нека му е. Јас пријавив ама џабе беше кога никој не реагира. И до чист брис не го пуштив во градинка. Мене и ова не ми е јасно, како може сите градинки различно да работат?
Јас ја вакцинирав за стрептокока и задоволна сум од таа одлука. Имаме една учителка во градниката, многу си сака така да си прави рекла-казала, од еден на друг родител си пренесува информации. Мене не, ама на друга мајка од групата и кажала дека две деца на Х и Y (видни фаци) немале од јануари платено градинка, а веќе се на список први ставени за ПРИОРИТЕТ. Е тоа ме нервира . Сеа, некој.плаќал редовно, носи потврди, носи лекарско за детето и пак ќе виси на конец до последен момент, а некоИ лежерно се веќе први на листа.
Ми се чини за џабе ќе биде ова трчање по потврди и изјави, пак нема ништо да биде од отворањето. Ќе попуштат за училиштата онлајн и градинките ќе останат затворени.
Па не се болни дека се дома, не се мешаат со деца, не одат по игротеки, по родендени и сл. Значи не се фаќаат вируси само во градинка. А колку само родители носат болни деца, зелени мрсули му течат, ти вика алергија му е. Имавме ситуација во група се појави стрептокока пиогенис, опасна бактерија што кај некои деца предизвикува шарлак и гнојна ангина им се направија брисеви на сите деца и тие што ја имаа им беше кажано да ја лечат дома и со негативен брис да си продолжат во градинка. Е сега дел од родителите се консултирале со адвокат, пишувале писма во министерства и испадна дека градинката несмеела да не ги прима децата ако немаат симптоми, тоа било дискриминација. И ете ти ги сите со потврда дека детето е здраво и сите во градинка. Синчево мое 5 пати беше со гнојна ангина и го отрув со антибиотици. И кој е крив тука, место сите да си ги задржаа дома 1 недела да се излекуваат, сите ги однесоа во градинка, а градинката немоќна не смее да ги врати зошто од министерство рекле дека може.
Погоре напишав за бактерија што се случи кај синот во група, а и назад ако свртиш на темава ќе видиш колку мајки само се бунат дека децата не им ги примале во градинка зошто имало бактерија, а немало симптоми. Ако едно нема симптоми ќе ја пренесе на друго на кое ќе му направи проблем. Мене ме советуваа родители за да извадам чист брис, да му намачкам во носот некоја маст и да му дадам една доза антибиотик за да испадне негативен. И како се криви тука негователки. Еве и јас работам во градинка па не пијам коктели со 20 души, а и никој од моите колешки не сум ги видела да го прават тоа.
за школиве неможат да се усогласат или онлине или покасно отварање како ке отвара градинки детето ми е јасли како ќе одрижи дистанца и други глупи протоколи малите деца во ризик а големите да останат дома катадтрофа...
Ама ти мене изгледа не ме разбираш што пишувам. Значи зборам дека цела градинка знаеше дека ја има бактеријата и не превземаа ништо за да се искорени. А јас како поединец џабе ќе ја излечам ако во самата градинка ја има. А како што јас не се мешам а други родители се мешаат, така и ти како негувателка може не се мешаш, ама затоа тие од нашата градинка се мешаа и не почитуваа мерки. Не знам стварно што не е јасно и како ти си се пронајде во постот погоре што го пишав.
Па мислам дека форумов е за дискусија, не морам да се пронајдам за да пишувам. Еве и ваму цела градинка знаеше и ги преземаа сите мерки, дојдоа од институт за јавно здравје на секое дете му земаа брис и стварно пола група ја имаше, ама се најде некој паметен што не размислува за другите, тука само за себеси и ја влечевме бактеријата цела година. А да сум на твое место ако до толку не сум задоволна од градинката и персоналот би го префрлила во друга градинка, веќе ако не можам друго да преземам. Не се расправам си правиме муабет. Не се сите исти и не можеме сите да ги ставиме на исто рамниште.
Кај вас бар се реагирало. Кај нас и да фати некое стрептокок нема ни да кажат, ќе речат биле на одмор па затоа не идело детето у градинка. Сфаќаш дека не биле откако пола деца нема да одат за некој ден.
Ако сите се совесни, ќе биде исто и кога ќе се во градинка. Само по себе не се создава бактерија само затоа што сме ставиле деца во група. И ако ме читаше, ќе сфатиш дека зборам и за родителите, ние сме исто дел од системот и проблемот. Ти не сакаш да се заштитиш? Еве кажа детето ти се разболувало. Сакаш ти да му носиш дома се и сешто затоа што секакви болни ги носат?! Сега сме во пандемија. Поголемо внимание треба од СИТЕ.
Точно, се сложувам со тебе. Јас пишувам и како родител и како вработена ви градинка. Нити на родителите им е лесно, нити на вработените да функционираат во оваа ситуација. Мене само ме нервира што го напаѓаат персоналот и сите ги ставаат на исто рамниште. Еве на работа јас испаѓа дека џабе се трудам, џабе максимално се посветувам кога општата слика за вработените во градинка е дека пијат коктели и не се замраат за децата и дека ако утре фати корона која некое дете ја донело од родител кој не почитувал мерки јас ќе бидам виновна.
Пишав погоре дека не можам да го префрлам во друга градинка затоа што секаде ми покажуваат папки со деца на листа на чекање, нема место. Ова е единствената што одвај го прими, немаше место. И затоа мислам дека имам право да пишувам и да се бунам. Затоа што секој го сака најдоброто за децата, а само ако сите градинки работат исто и се заангажираат да се подобрат условите, само тогаш ќе биде ок за децата.
Јас не реков дека сите пијат коктели аман, реков тие што се во нашата градинка. Исто како што зборам за нашата градинка дека има многу проблеми и поради тоа еве сите родители се плашат и нема да ги пуштат децата во градинка. Тоа ли е поентата, да одат само три деца во група а другите кај баби и дедовци да ги носат? И да, да се замараа со децата немаше да им пуштаат постојано промаја и да ги оставаат со патиките од надвор во занимална. Да се замараа ќе ми го пресоблекуваа после спиење, а не препотен на промаја да ми седи. И да се замараа ќе ги вадеа на воздух во двор да си поиграат а не затворени како во кафез цел ден. И после, лелее не знам што е работава, сите деца болни, по пет во група седат. Не е фер едноставно, ако се нафати жена да работи во градинка треба да им се посвети на децата. Затоа и сум гневна и не верувам дека во пандемијава ќе пазат, зашто едноставно знам со кого си имам работа.
Тогаш барај да го префрлат во друга група, кај други учетелки. Буни се кај директорка, заканувај се со инспекција. Како викаат ако нејке милом тогаш силом. И мене ме нервираат ескивирања и правење мутави, во било која професија. Исто плата зимаме и криво ми е што јас се трудам, а некој си се прави на триипол
Барав и тоа, полни биле другите групи. Немам излез, морам да стиснам заби додека да тргне во школо, а 4 полни има сега. Затоа што не еднаш сум барала и сум се бунела. И кај раководителка два пати завршив затоа што ми ја оставија големата со висока температура и не ми јавиле, а еднаш измочана во гаќи и исушено тоа на неа, не ја пресоблекле и не ми пријавија. И џабе беше бунењето. Рокада направија, ги преместија негувателките и после пак стара песна.