Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Јас лично сум презадоволна од нашата градинка и учителките само пофални зборови имам. Не сум задоволна од едни родители кои упорно го пуштаа детето болно и цела група трпеше заради нив, а учителките на секое им велеа да не го носат. А тие не ништо нема, нема кој да го чува.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.779
    Допаѓања:
    77.145
    Пол:
    Женски
    Не е сигурно сеуште. Но бараат потврди, бараат платени сметки и подмирени долгови, како и ке се потпишува изјава... Нас не викаат наредна недела за потпишување на изјавата. Ни пуштија и некои протоколи..
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.053
    Допаѓања:
    110.768
    Пол:
    Женски
    Жити мене у кој клон сте? Кај нас нема ова што пишуваш. Има промаја аба боже сачувај јас од мај до октомври дома само на промаја функционирам, и јас и моиве дома, па фала богу живи сме. За коктелите мислам имам видено слики, ама не можеш да им забраниш, ќе ти речат па не одиме на работа, ај да не живееме... Пресоблакање кај нас е под точка задолжително, мора да се преслече, и во јасли беше така и сега во прва мала. Патичиња ние им облакаме на зимање, значи си седат по топлинки. Јас сум презадоволна. Мене ме иритира фактото што во 4 кога го зимам или кога баба му го зима во 3, никој не кажува денот како прошол, па побогу пола и поише од денот е таму, сакам да знам што праел.

    Општава ситуација не ми се допаѓа. Не планирам да носам дете иако на сопруг му е тешко и да работи и да го чува, се научивме на телевизор нон стоп, ама јбг, бар здрав е. И не сум за отварање на градинки бидејќи не сме и никогаш нема да бидеме спремни. Се дур со сирупот ги испраќаат во градинка, не не бива. Што вика една воспитачка, Абе по мокрачата се осеќа дека пиел антибиотик, ама не и не, не признава. И ете кога мора да се почне, поарно што ќе проверуваат, оти се изнаслушав муабети за фалсификати потврди, хаха ха хихи хи. И мене ми е тешко дома цел ден да го анимирам, ама кога може Дани 3 да им најде чаре и тоа да е едукативно, квалитетно и забавно време, можам и јас со 1. 2 пати на ден возиме некое превозно средство, трчаме и играбме плочка саат време, читаме книги и гледаме Дора и Диего по 3 пати на ден и успеваме. Јас сум до 3 на работа, маж го вади одсабајле, кога ги има Дора и Диего обично работи он додека е под хипноза од цртаниве, доаѓам јас во 3, спиеме или јадеме и после попладне превземам јас обврска. Не е лесно, тешко е, напорно е, сака дружба, сака нешто ново ама тоа е што е, не сме само ние, цел свет е така.

    Ми боде очи администрација па администрација. Во мојата администрација јас веќе 2ипол месеци работам, прво одев по 4 саата, па одев по 5 саати и сега си одам фул тајм. Колегите кои не доаѓаат си работат од дома, си ги земаа компјутерите, списите што се електронски и си работат фул тајм и више. Не велам не, голем дел се она баш дома, без да се појават на работа, а зимаат плата нормално, ама има и такви кои работат. Не ставајте во ист кош, вреѓа, зошто јас сум 8 саата со маска, добив воспаление на вилица од маската, работам ко на норма оти корона и сите решиле да продадат нешто по дома, да си завршат обврските, да си сменат кров, да дигнат спратче, па работа има али сакаш, глава не сум кренала, 3 пати повеќе имам работа од претходно. Да не зборам дека мора да се расправам со луѓе од планина симнати кои не чуле никад за Корона оти во нивното село немало ниеден болен... Па маски, па дезинфекција, па што?! Јас имам ризик моето дете да го разболам.

    И никој пак не ги зима во обзир фриленсерите?! До кога ќе работат тие навечер, добро и што имаат опција некои навечер да работат. Мислам Жаки го спомна нејзиниот проблем, ете и јас дома го имам. Многу неразмислени и избрзани одлуки.
     
    На Martka, fana, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    Кај нас во градинка враќаа кога ќе приметат дека детето не е добро. И тоа е сосема во ред. Неможе дете со коњуктивит да носат во градинка и да се прават родителиве дека не го приметиле. Ако го приметеа дека поткашлува доаѓаше докторка да го прегледа и бараа потврда од матичен.
    Кога некое од децава ми е болно останувам дома зошто прво ми е жал за детето а потоа имам малку осет дека не треба и друго дете да разболи. Ама не сите редители постапуваат така. Лично сим видела родители кои на децата им аспирираа мрсули пред градинка и сируп им даваа. И замислете им ги примиа децата во градинка, искрено бев изненадена. Е истите тие родители што така прават и викаат дека нема што да прават на децата едноставно дури ни денови од одмор несакаат да искористат, на ова лично сум била сведок. Тоа им биле денови за одмор и ќе ги користеле за да одмараат, а на децава неможеле да се притресуваат зошто нос им течел и имале коњуктивит, секако ќе се заразеле и другите а и подобро било за имунитет... ова е нивен одговор. И после истите тие си ги носат болните деца во игротека зошто мајкава била преморена и морала на раат кафе да испие, и утре и здравите деца ќе пренесат во градинка. Е поради вакви родители и поради тоа што сметам дека игротеките се дувло на вируси и бактерии ниту едно од моите деца не сум носела во игротека. Но сеедно затоа што индирекно страдале од другите. И додека родителот сам не се освести џабе се обвинувањата на сметка на негувателките. Вина има и во нив кога примаат болно дете но примарната вина е во родителот кој го донел болното дете во градинка.
     
    На Martka, mimiiiii и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.445
    Допаѓања:
    90.842
    Пол:
    Женски
    Работам како фриленсер 6 год.И работам навечер затоа што клиенти ми се од Америка.
    Предноста кога си фриленсер е тоа што најчесто сам организираш работно време.
    Така да може да се организира и дете чување и фриленс работа.
     
    На Martka, ivi1987, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.053
    Допаѓања:
    110.768
    Пол:
    Женски
    Некогаш не можеш, често состаноците му се преку ден, ама некако праиме планови. Успева секако. Искрено поарно вака отколку да се тресам секој саат, не секој ден.
     
    На kukla21 и Cosmi им се допаѓа ова.
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Може, ама не се функционира така на подолг период. И не можат сите навечер. Јас работам за фирма, клиентите се од Канада, комбинирам ноќе и денски и пак 16 часот ме фаќа. Плус состаноци да одржиш со дете е невозможно. Мојот баш тогаш прави некоја глупост.
    Ама ние ќе работиме од дома до ноември сигурно, така да немам избор секако.
     
    На azelea, kukla21 и Cosmi им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    А кога ќе спиеш?! Навечер ќе работиш, преку ден деца ќе гледаш. На долг рок уморот ќе те совлада
     
    На Lolipop23, Cka, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.445
    Допаѓања:
    90.842
    Пол:
    Женски
    Фриленсер не е исто со сегашново наметнато работење од дома.
    Кога си фриленсер работиш проекти кои тебе ти одговараат, и пред се имаш флексибилно работно време ,а со тоа и можност за организирање.
    Денеска имам проект за лого за кој ми треба 3 часа да го завршам.Сама ке одредам кога ми одговара,дали наутро,попладне или навечер.
    Утре имам повеке,задутре помалку,ама сама правам план кога да работам.

    А и навика е.Исто ко одење наутро на работа.А кога ќе навикеш после е тешко да работиш фиксно раб.време.
    Инаку ноќе ќе спиеш,само нема да си легнеш во 12-01 туку во 03-04.Јас спијам околку 5-6 саати.
    Не е лесно ама е изводливо,работиш кога сакаш ,не работиш цел ден.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.323
    Допаѓања:
    119.226
    Пол:
    Женски
    Јас читам и најсериозно се трудам да сфатам како да отсуствувам од работа оти носот на Ева ѝ течел?
    Одморот е ограничена работа, а знаеме носот ќе си тече многу често.
    Боловање за тоа нема. И?
     
    На jacqueline.s, duffi, Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    А тие што имаат 40ч неделно?! Еве такви знам блиски. Работат 7 дена за да постасаат.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.079
    Мора законски да се изнајде решение доколку градинка не го прима детето родителот да е ослободен...:(
    На жалост само така може да функционираат градинките во корона ситуација.
    Меѓу редови кажано каша попара и тешко изводливо, посебно за приватниот ќе биде сектор, ќе биде:worried:
     
    На Coco31, duffi, ivi1987 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.814
    Допаѓања:
    142.209
    Мм работи 7 дена, не го смета државата за вработен. Пробавме на почеток да чува дете 8 саати додека сум на работа па да работи 8, ама преморен беше.
    Кога рекоа и јас да работам од дома, дете 8 саати гледаше 2ца родители кои зјаеа у комп, додека имапе онлакн состаноци мораше да ќути, додека сме на моб, ја зачутуваш... се додека не си даде отказ свекрва ми за да не спаси сите 3ца и ни олесна.
    Првите 3 месеци бевме преморени, исфрустриеани, дете нервозно, ние нервозни.... на долг рок е ужас.
     
    На mal.ecka, azelea, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.445
    Допаѓања:
    90.842
    Пол:
    Женски
    Види ,тие не се фриленсери што ги збориш,тие работат од дома,ама работат на фиксна плата,не на проект.
    Никој не може да ми наметне 40 часа неделно.Ако си фриленсер ,сам одредуваш колку можеш.Има денови во кои работам по 15 саати дневно, и тие 40 часа ке ги направам во 3 дена,ми одговара сатница од 30$.
    Викенд,државен празник,одмор, нема за фриленсери, ама дека може да се организира времето, може.
    Ама ете тие што ги знаеш ,работеле по 6 часа дневно секој ден за да стигнат,реално и така можеш да чуваш дете дома,тие 5 часа да ги распоредиш во текот на денот,и нема да биде запоставено,нели?
     
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Фантазираш сега. Проект е, ти бараат 40ч неделно за да се заврши, те плаќа на час.
    Ќе работиш 6 часа секој ден, одмор кога?!

    @Cka кој го јадел стапот, знае како е.
     
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.814
    Допаѓања:
    142.209
    Или колку пари ти требаат. Ако си на тракер, да те видам зезај се. Брат ми за да добие работа прифати за 24 саати да сработи за 500 долари, ама 24 саата не јадеше, не па дете да чува 15 саати у денот. Плус креативна работа, мора мозок уклучен
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Не го носам во Ѓорче, во друга населба оди.
    Ако го нема во вашата градинка ова јас што го пишувам, тоа не значи дека никаде го нема. А за промаја не сакам да зборам затоа што едноставно не ми е ок препотени деца да седат со ширум отворен прозор и врата во исто време зашто било претопло. И да, топлинки од 14.00 кај нас не носат внатре, им облекуваат патики и сите групи од јасли па до голема група седат во една занимална и не чекаат да си ги земеме. Зошто? Затоа што ако оставале ние да им облечеме на одење ќе се направел хаос, вака они ги средувале на време. И после бебињата лазат, големите трчаат, средните со играчките од доле се у уста. И после зошто детето болно, епа болно.
    Не измислувам, реалноста со која се соочувам години наназад ја кажувам. Ти супер што си задоволна, мило ми е, ама јас не сум и кажувам и кај што треба а пишувам и тука. Не треба да мижиме пред проблемите и треба да се обидеме да ги разбереме тие што имаат проблем со услови основни во градинка.
    А негувателките не треба да прават журки со тон народ и тоа на нас да ни е нормално, зашто ако беше за журки ќе си одеа на работа и немаше да страдаат родители кои немаат буквално никаков излез и не можат да се снајдат за чување. Зашто ако ти имаш маж кој го чува детето зашто работи од дома а јас ете работам од дома и чувам деца без проблем, некој на комшиите и бабите од 70 и кусур ги оставаат зашто немаат друг излез. И место овој период да се работеше за подобрување на услови во градинка и отварање нови објекти за да се згрижат децата, ние тука се објаснуваме дека е ок што децата седат на промаја зошто и ние дома седиме и сме живи и здрави, ништо не ни е.
    Јас сум со две деца дома и плус работам од дома. Среќа што не сум ограничена со работно време, па многу често знам по цела ноќ да заглавам за да сработам, а на работа одам по потреба.
     
    На Sexybaby86 и azelea им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.302
    Допаѓања:
    226.914
    Пол:
    Женски
    маш ми еден куп раб позиции смени ради пинг понг со дете.
    од предобро раб место мораше да замине јер секоја недела дете се разболуваше, а кој ти дава боледување два пати у месец, се шанса нема.
    две години скоро (коа беше у изолација см шест месеци плус уше три не фати) јас работев до 16 а он од 16 и 30 за детево да седи дома...хаос.
     
    На azelea, fana и Cka им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.445
    Допаѓања:
    90.842
    Пол:
    Женски
    Како фантазирам.:?:

    Ок ,проект кој бара 40 часа неделно,со вклучен тракер ?!
    Во ред .Наутро работам 2 часа.Вклучувам тракер,работам,Исклучувам тракер.
    Попладне работам 2 часа.
    Навечер работам 2 часа.
    На крајот на денот тракерот брои 6 часа одработени.
    Утре ,ако можам ке одработам 8,задутре 10,односно сам ке си одредиш кога и како можеш.

    Одмор ако си фриленсер зависи пак од тебе, и од никој друг.
    @Cka
    Е да ,ама пак сам бираш.Зошто да се зезам.Имам илустрации за книга да завршам до недела,зошто да ме прати на тракер?Не сака секој клиент да те следи на тракер,Јас денес можам 10 направам,утре една,ама книгата ке биде завршена.
    Брат ти фатил проект кој може му бил напорен,ама за тие пари тука некој секој ден оди на работа 25 дена во месецот.
    И може да биде цел месец слободен за дете,си заработил македонска плата за еден ден.
    Настрана муабетов,ама фриленсерите баш можат да чуваат дете периодов.
     
    Последна измена: 12 август 2020
    На Martka, karak и kikin им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.079
    Јас работев прескромни 2-3 часа на ден. Сега ич, кога се на распуст.
    Со деца на толку мала возраст, не ни преспиваат, стварно не знам како би нашла 2 часа тука два часа таму кога партнерот е цел ден на работа.
    Борба со аларм е за ручек да се стави во 06 оти во 07 се сите будни.
    Слободно време е само навечер, да, но мене концентрацијата и силите ми се на 0 оти деновите се турбо.
    Супер што си нашла ритам кој е одличен за тебе, но јас верувам дека на жалост кој многу не е тоа случајот
     
    На mal.ecka, MacenceEna, Coco31 и 6 други им се допаѓа ова.