Јас уште се чудам зошто плаќате место од 521 ден. Тоа кај нас го нема. Место си плаќате. Каде е регулирано ова?
Се плаќа и кај нас. Ама сега на ниво на општина ослободија од плаќање од како е затворена градинката.
Помал град, не е толку кнап за место веројатно . Тука сите за во главната градинка се тепат, јас таму не сакав. Куп деца изнабутени, хаос. На моето групата беше не повеќе од 15 деца. А во исто време не одеа повеќе од 7-10дечиња.
Јуле Јас прашав ЗОШТО 521 кога не работат. Ми вика: ами срруја, вода, комуналии за објектов ???...плати за вработени??.. Од Буџетот на Општина Карпош е предвидено 1мил денари за режија и плати за вработени, арно ама приходот не е по 1500 ден (колку регуларно ) па барем за режиски да има некаков приход. Зависело која Општина е по јака финансиски. Пример во Аеродром не плаќаа, имале пари тие. Богац во Карпош не ни прости. ...па го нарекуваат "чување место"
Извини, не знам точно дали беше Аеродром, некоја од Општините е, ама... ...од овде што читам па по сеќавање која членка од каде е..
Во Гази Баба не се плаќа. Ама се' си мислам низ нос ќе ни ги извадат да ги платиме наеднаш сите од март навака ако сакаме да одат децата во градинка. Јас би плаќала да се чува место, ама не знам како ќе биде според протоколиве... запишани беа 30 деца, редовно 25 одеа... кога имаше анкета колку деца ќе одат во групава, 5 сигурни беа, уште две три неизвесни оти родителите работат во образование. Еве десет нека се... другите ќе ги отпишат?
Лошо се разбравме, не мислам ништо лошо, мислев дека сте во Ѓорче 2 клонот па сакав да помогнам, ама добро. Потполно те сфаќам, верувај ми, не ти се потсмевам. Само сакав да кажам како може иста градинка различни клонови, различно однесување... Ама добро. Што е со примање нови деца? Навистина во Карпош било готово со групите? Не е за мене, за пријателка сакам да помогнам. Јасли јас како што знам нови деца нема да примаат, а ни дека нема да оди прва јасли. Ова излезе бетер од распашана команда, кој како разбрал така си прави. Горе прочитав што прават по цел ден вработениве од градинка, не знам за другите, свекрва ми вчера од ручек ја станаа, во 6 попладне, саат време окапа на вибер кол, цел ден вика имав работа, едвај ручекот го спремив. Пред тој ден имаа некој состанок на зум, знаете како изгледа жена која едвај разбира од технологија да се вклучи на Зум и да се снајде?! Не знам за другите, ама за свекрва ми, капната е жената и дур беше на одмор ја ѕивкаа. А за уплатници јас плаќам онлајн и не ми барале досега уплатница на увид. @Annath мислам и Гази баба како и нашата општина имаат одлука од совет на општина, а таа е да не се плаќа така да немаат право да ви бараат пари.
Примање нови деца е на ниво на општина. Секоја си одлучува, зависно од условите. Кај нас примаат , почнати се уписи.
За јасли мислев?! Зошто тие не се лесни за оправање нели, иди да те видам остави бебе 9м на земја да плаче преплаче кога е адаптација. А нели нема сега седење пола саат па саат, оставаш и зимаш дете во одредено време. Многу недефинирани работи а за најмалите и најранливите се работи. Не е на арно. Ни треба градинка сега и веднаш, ама ни треба и организираност.
Па и јасли. Кај нас сите имаат посебен влез во јасли во објектот каде оди малиот. Не гледам проблем за адаптацијата. Го оставаш. Се враќаш за пола саат-саат. А за на под и големи и мали се. Не само јаслите.
Не знам дали добро паметам, ама мислам нашите одеа во иста градинка... Кај нас се плаќа сега во овие месеци Едит. @referentka е баш во Аеродром плаќаме
Кај нас редовно се плаќа 521 денар и не смее да се касни со плаќање. Јас пошто на почеток нема да го пуштам да оди, задолжително за место ќе мора да продолжам да плаќам. Денес пак стигнаа прашања од типот - На колку деца им тррба итно градинка и колку деца би тргнале по укинување на мерки? Од 10 родители што се изјаснивме само едно ќе оди, другите 9 од страв не ги пуштаме. Вчера вкупно 4 се изјаснија дека ќе ги пуштат. Од група со вкупно 25 деца. Тоа кажува се за условите и безбедноста мислам.
Ама кога немаш избор, мораш да пуштиш дете, нема страв.. тоа е. Јас ќе работам од дома некако ќе се снајдам, тоа е, мора... Ако ме прашувате мене или сите у градинка или сите дома, пошто сите сме имале потреба па сме ги запишале децата, а и не треба тоа да ги интересира бе... Ќерка ми фати грип, со само 5 деца во градинка, значи, доволно е.. а не па во група од 15 деца што кај нас е да речам нормално оти редовно во наша група одат 16 дечиња. Друго, не може никаде да не фигурираат оние што работат од дома. Како што од градинка не се загрижија како се снаоѓаат тие родители по дома, така и газдите баш им е гајле. Да се сработи мора. Грев ми е за децава ептен.
Баш. Не е само чувањето. Има еден куп други работи што се побитни од тоа да се згрижат. Децата учеа работи, ред, дисциплина, другаруваа . Пр ќерками секој ден ме моли да сме оделе на гости или да сме викнеле некое детенце да си поиграла