Богац вика за да се укине треба да дојде предлог од управата на градинките. Они како општина после ќе решеле. Со тие пари плаќале дезинфекција, режиски трошоци и сл. @AngelOfArh се скршија од работа овие 5 месеци. Може сега ги цимаат заради целава ситуација со планирање, организирање и сл. да не работеа по 8ч цело време?! Секако не е нивна вината, ниту нивен избор да затворат, ама па и твоево дека ептен се ангажирани е најблаго кажано, смешно.
Ништо не работат,дома се.На пола саат ако ги викнат одат до градинка. Колешка бивша вика се чувствувам како на породилно,плата тече само бебе што немам.А што работи @AngelOfArh ? Деца нема.
Чистат, средуваат, шараат градинката,ѕидовите ги местат, имаат некој проект одат на проектот, папрологија средуваат.... До кај јуни-јули секој ден по неколку часа работеше за да прикачи на страната што да работат децата, активности... Ја гледам луѓе секој ден, знам женава дека не ме лаже. Башка секој ден оди на работа, од 8 до 12, 8 саата никој скоро не работи во градинка.
Дали мораш @Cosmi би те замолила ако сакаш да ми пишиш лп да те прашам нешто јас пробав но не е дозволебо да ти пишам.поздрав
^И "работењево" на негувателките/учителките периодов зависи од Општина до Општина. Исто како и плаќањето на паушалот, УО на градинката треба да достави предлог до Советот на Општината кој ја носи конечната одлука. Иако, јасно е дека УО се инструирани од горе. И примање нови деца е башка политика на секоја градинка, директно условена од просторни услови, расположивост на кадар и слично. Што се однесува до уплатниците, сегде е иста шема. Тоа е работа на администрација, учителките немаат допирна точка со нив! Не е во ред да коментирате и обвинувате учителки за тоа, ако не грешам погоре имаше такви прозивки. Тие само добиваат инфо од централа кој платил, кој не, кого да опоменат да плати и слично. Наредната недела ќе се доработуваат протоколите. Последно официјално инфо. Значи нема уште конечна одлука кога ќе се отворат и како ќе функционираат.
Јас веќе навистина немам памет. Како за внуче кое оди во градинка, така и за моево прваче. За сите деца...
Исто и јас. Пред некој ден така ми дојде некоја тежина, па сум се изнаплакала за сите деца,искрено многу ми е жал за дечињава,им се уништи безгрижното детство,а еднаш си дете
И уште ова, како надоврзување на икс дискусии овде на темава. Само 10% од циркусон „Скопје 2014“ да не се изградеше ќе немавме проблем со просторен капацитет, број на персонал, популарно нареченото „чување место“ и слично. Кога и да помислам на градинка, прво тоа ми паѓа на памет. Истиот муабет го имам лично слушнато и дебатирано со градоначалници од тоа време. Молеле, пекале да се изградат градинки и училишта плус, но, буквално им ја затнувале устата. Кој како сака нека ме разбере... Но, ни под разно нека не го толкува постов како оправдување за низа (не)преземени постапки на сегашниве. Можеби постов ми е за во СДК, но, периодов многу дискусии не се за овде, па сепак е зборено.
Се јавуваат учителките поединечно на секој кој се изјасни дека мора детето да му тргне во градинка. Разубедуваат. Тоа ме нервира уште повеќе, ми прави да сум не сигурна каде го праќам детето. Ви се имаат ли јавено и вас?
Дека не се спремни, дека им дале само пар ракавици и еден визир, дека нема место во просториите, дека уште прв ден сите ќе се разболат едно од друго, дека немаат кадар за да ги почитуваат протоколите. Искрено, умрета сум од страв. Ви кажувам дека од нервоза од ова, почна главата да ми врие Ем си плачам ем сама се тешам.
Срамота е тоа што го прават. Ако ми се јават мене за да ми набиваат чувство на вина и страв, како да го немам и сама - големата ќе ја праам. На вести ќе ме гледате.
Лелее, се ќе направат само да не почнат со работа. Ц ц ц... Убаво е платиче без работа, и јас би така
Снимајте ги...што е ова бе психички не побудалеа веќе... И да оди и да не оди се чувствувам како лоша мајка. За првата опција ако се разболи, за втората што е во затвор и којзнае како ќе му влијае на развој и способност за социјализација...