Форумџика на годината

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
    Е дома седење и платичка веќе њама.
    Погледнете го ЗРО чл.112.
    Убаво си пишува.
    50%.
    :)
     
    На SummerGirl, kukla21, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  2. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.445
    Допаѓања:
    5.012
    Не може нив да им е повеќе жал и тешко од нас, што немаме избор.
     
    На zuto и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.831
    Допаѓања:
    122.856
    Пол:
    Женски
    Ќе видиме од кога ќе почне да се спроведува и што е најважно дали воопшто ќе почне да се спроведува.
     
  4. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    2.055
    Пол:
    Женски
    Е ова им недостасува за да почнат да се однесуваат одговорно. Да видиш како ќе се смени муабетот и како ќе почитуваат протоколи. Да останат со 10000 плата и згора на тоа и одложувањето за плаќење кредити ќе заврши па да видиме дали ќе вршат притисок да се почне или да не се почнува.
     
    На azelea, referentka и fana им се допаѓа ова.
  5. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    53.837
    Пол:
    Машки
    20200813_165703.jpg
     
    На Spidy, M.B., Ambrosia и 11 други им се допаѓа ова.
  6. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Ако ти е коментарот за негувателките/учителките, навистина не е на место.
    Тие ниту го носат протоколот, ниту се одговорни за условите.
    Доволно е една да прашаш, не повеќе, да ти каже како и е да работи во услови на нормална ситуација, не па сега кога ќе биде.

    Дајте разберете дека никој ниту ги прашува за нешто, ниту ги консултира.
    Тие се само обични извршители.
     
    На Martka, M.B., kikin и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    2.055
    Пол:
    Женски
    Нив никој не ги прашува но ниту тие се замараат. Дали една градинка има доставено допис што им недостасува и како да се надмине ситуацијата. Ако нема пари во буџет можат да го поскапат престојот во градинка се до надминување на состојбата. Дали една градинка излезе на телевизија со свој коментар. Не.. немаат храброст. Ако не излегуваат нека не шират паника и нека не вршат притисок. Верувам дека секој би одвоил пример по плус 1000 ден и со тоа да знае дека детето им е безбедно.
    Зошто кога се даде предлог тие што се дома да бидат на 50% сите се бунеа. Зарем приватно некаде плаќаат 100% без да работат. Со заштедата можеа многу многу добро да ги снабдат градинките. Така сите ќе почнеа со работа од септември а децата солидно ќе беа згрижени.
    Можат да воведат и опција 50% за вработеноте кои ќе седат дома а нивниот остаток од плати да се довработи персонал за градинките. Има многу начини. Пари исто верувам има само нема желба.
     
    На Coco31 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    @Elena1001 речиси за сите овие предлози што ги пишуваш одлучуваат предметните Општини, односно МТСП, а за дел би требало и одлуки на Влада, чинам.

    Ниту една градинка (клон) не одлучува самостојно како ќе се организира за работа, небитно дал е нормална или ковид ситуација. Тие може да даваат сугестии, искуства од терен до надлежните над нив. Треба да пресечат директно одговорните за организација врз основа на потребите. Но, прашање е дали и зошто (не) ги земаат во предвид.
    И сигурно учителките самоиницијативно не одлучиле да вртат по родители.
    Верувај.

    Ме изреволтира со претходниот пост дека директно ги прозва негувателките.
    Пак ќе речам, тие се само неми извршители.

    Што се должни тие да уредуваат дворови, садат цвеќиња, да шијат постелнини (лично моја пријателка) и тоа во нормални услови, да обезбедуваат занимални со тв и слично.
    Се е до главните, Општина и МТСП.
     
    На M.B., kikin и Мамичка им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
    Ама тоа со 50% е ЗАКОН.
    Постои.
    Значи не е измислено сега..
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.768
    Допаѓања:
    114.307
    Пол:
    Женски
    Зар мислиш дека градинките се гранапчиња кои со 1000ка ќе се снабдат со гел за дезинфекција, средства и што ти не, тоа онака од продавница купено на фискална. Се работи за институција која набавува на тендер и има обврски. Не е ова маалско гранапче. Чек сеа ќе вработиме после ќе испуштиме. Чек сеа ќе напраиме после ќе свиркаме. Проблемите со градинките се со децении не е само сега.
     
    На M.B. и PUPICA им се допаѓа ова.
  11. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    2.055
    Пол:
    Женски
    Знам како се вршат набавки, повеќе од јасно ми е, дури и мислам дека нема човек што незнае дека сите државни институции вршат јавни набавки а не купуваат од гранапчиња.
    Во законот на јавни набавки има предвидено и набавка од мала вредност како и набавка во случај на итност. Така да и за набавката има начин. Е сега би направила една проста математика каде што во една градинка престојуваат ете 50 деца. Од тие 50 деца по 1000 ден месечно се 50000 денари што не е за занемарување. Дел може да даде општината дел може и владата да помогне.
    @PUPICA јасно ми е и кој е надлежен и кој под чија надлежност зема плата и сл. Но кога рекоа дека забрануваат да работат градинките тоа го направи владата не општината. Кога треба да почнат со работа тогаш се под надлежност на општината.
    Јасно ми е мене дека сите ги револтира муабетот за 50% плата, но што се виновни и родителите кои поради неработење на градинките изгубиа работа. Друго зошто да плаќаат радителите за услуга која не им е овозможена и пак ма крај да речат дека немаат пари да набават средства за дезинфекција. Да не се лажеме дека со плаќање на 1500 ден градинка обезбедуваме плати на негувателките.
    Дали кога матичните лекари кои иако се приватни ординации излегоа да кажат дека немаат опрема. Нека излезат и обие, може многу фирми ќе донираат за да го олеснат овој период.

    И да едитирам, градинките се гранапчиња кога треба партиски кадар пред избори да примаат и тоа договор на дело ама сега кога има реална потреба се институции.
    Уште многу ќе си страдаме, уште многу.
     
    На Leo_29, Coco31, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.833
    Допаѓања:
    145.549
    Од вчера се затворени па немаше време да се спремат.
    Да набават се што треба по список, да направат протокол и се по ред.
    Се е само празни изговори. Се можеше да се среди. Ама не беа битни децата. За изборите уште протокол за држење на пенкалото не се измисли, ама за градинките неспремни се.
    Срамота! Едно големо дно сме и ништо повеќе!
    Не знам ни зошто ги браните кога самите сте свесни дека е така.
     
    На forumce, ivi1987, vitamina и 13 други им се допаѓа ова.
  13. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Баш така.

    Имам само да дополнам дека за тоа не се виновни учителките/негувателките!
     
    На Martka, ivi1987, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  14. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.722
    Допаѓања:
    17.937
    Пол:
    Женски
    Така си е енџел,ама секој месец знаат да кажат да се купи тоалет,брисач,влажни,чашки и течен.
    Како знаат тоа да побараат а секој родител ги носи,верувам и секој родител би купил средства,маски итн...
    Значи ништо не е нормално во оваа држава.
     
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    Мене ме контактираше вчера, ама само да праша дали ќе оди затоа што им барале бројки. Културно само. Вакво нешто никогаш не пробале. Возрасни сме, знаеме каде живееме и кои се условите.

    Така е, само спроведуваат што ќе им се каже. Пази боже да се побунат за условите на работа. Можат ваму да прават гилти филинг кај родители, а масовно да излезат да се пожалат не можат.
     
    На Coco31, duffi, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    2.055
    Пол:
    Женски
    Утре да им речат им кратат плати одма ќе се организираат, како и што се организираа пред неколку месеци, ама да се организираат за услови и средства за хигиена неможат. Туку научени трај си, мижи си и земај си плата и така чешмата е државна.
    Во нашата градинка се правеше притисок и пред коронава. Постојано им беше муабетот ако има кој да го чува детето подобро не го носете, еве сега ќе почнат настинки, еве сега е сезона на сипаници, сега на стомачен и сл.
    @PUPICA Да ги обвинив негувателките зошто вршат притисок и зошто незнаат да кажат НЕ.
    И да појаснам дека најчесто сум на страна на негувателките, сепак ни ги чуваат децата. Секако дека треба да имаат подобра работна средина и подобра плата, едноставно да бидат задоволни. Ама ме вадат од кожа муабети како им е тешко на работа. Кога се вработуваат се возрасни луѓе најчесто со ВСС значи над 24-25 год дури и мн.повеќе и доволно зрели за да сватат што ги очекува. Ако неможат да се носат со товарот нека не прифаќаат.
    Секоја работа има своја тежина, таа што е на лента дури и во тоалет и го бројат времето а некаде дури и забрането е цигари да се пушат, значи немаат пауза ни за цигара. Или хурургот кој оперира и по 5-6 саати, што треба да рече отидов на пауза.
    Секоја професија со својата тежина.
     
    На referentka, kukla21, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.768
    Допаѓања:
    114.307
    Пол:
    Женски
    Абе да ми кажат и секој ден ќе носам по шишенце дезинфициенс, стварно премали пари се одвојуваат за градинките. А дека се неспремни, не се, и погоре мислам пишав. Ко не 6м, ко 6 дена да беа затворени. Ама тоа до вработените не е, некој пиша скоро на секој саат се менуваат мислења, па тие мислења не ги менуваат воспитачките за на нив да сме накострешени, на нив најмалку им одговара да си играат топло ладно со родителите оти они го јадат стапот од двата краја.
     
    На PUPICA, kikin, karak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    Не се ни тие виновни што не работат градинките, па да се ситиме како ќе им било ако се на 50%. Не е човечки, како што не е ни она што го прават таквите како кај рефка и мони.

    Плаќам даноци на општината, плаќам градинка, еве 5м ја финансирам за "чување" место, а нит упис имаше, па немаше кој да го фати, соодветно на памет не ми паѓа да носам средства. Се додека прифаќаме дека е нормално ова носење тоалети, сапуни и сл. системот нема да профукционира. Мали пари се да, ама малку ли цица државата, па и за "ситново" да ја финансирам.
     
    На ivi1987, Sexybaby86, Bibi30 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    На 5 март плативме 1000 денари за материјали, на 11 некаде затворија градинките. Никој не ги спомнува тие пари, а за партиципацијата се потепаа, па закани нема да ни го отпишат детето, па нема да го запишете во прво одделение... Ни материјали видовме, ни пари, ни услуга. Ама дај ти плати уште.
     
    На elcezelce, azelea, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.031
    Допаѓања:
    39.798
    Пол:
    Женски
    Негователките работат по наредба на директорите на градинките. Не одредуваат они по колку деца има во група. А тоа дека треба да има повеќе негователки, треба. Ама нашето Министерство нема пари за повеќе да плаќа.
     
    На Martka и kikin им се допаѓа ова.