Дечки поднесов документи. Истиов протокол е секаде. Нека е со среќа на сите кои ќе ги пратите децата во градинка, посакувам се добро да испадне. Наивно...да...ама немаме избор.
На комшивката моја не и го примаат в градинка детето, иако си одеше таму пред короната. Таа најде работа и треба од 24ти овај месец да почне, ама не била вработена, и ја вратија. Се изнаплачи, кутрата
е ако де, сепак може да и дадат потврда дека работи. не мора да е вработена. нека е и под договор. ништо не ги чини. кај нас во изјавата не пишуваше дека градинката се оградува од тоа децата ако се заразат. баш коректно беше напишана ...
Јас поднесов документи. И Изјавата ја потпишав, со напомена дека родителите се организираме градинката да потпише Изјава дека вработените ќе ги почитуваат Протоколите. Неможе тие за ништо да не се одговорни. Секаде има ПРАВА и ОБВРСКИ. Неможе ти да се оградуваш од се.
Да, но не знам кај прочитав демек градинката (читај државата) се оградувала... Пошто немаше такво нешто во изјавата. Туку дека мора да се почитува протокол, да не се носат болни деца во градинка и дека ќе се зимаат ако кренат температура. Што реално и во нормални услови треба да е така...
Родителите ќе потпишат дека ова и она,.ама и директорот на градинката треба да потпише дека ќе ПАЗАТ на децата се според протоколите . Што ако не дезинфицираат, ако не се мијат раце, ако една учителка седи со 30 деца до 17 часот чекајќи да ги земе неко???
Никако Ама важно да сме активни Тие како ќе докажат дека во 7 сабајле сум дала парацетамол за да издржи детето? И тие никако Учествуваме во Медрано циркусот. Незнам дали прочитавте, НСДП предлага да се прекокне цела школска година
Маjки не сум вo темава бидеjќи уште сме категoриjа бебе Има ли инфo штo ќе биде сo градинкиве? Ќе се oтвараат ли за бебиња или?
Прашуваш дали примаат нови? Секоја градинка одлучува засебно, зависи од условите. А дали ќе се отворат, не се знае.
Ќе ги отвореле наводно втората недела од Септември. До 21.08 траело пријавување на деца кои ќе посетуваат градинка. После тоа Комисија ќе одлучувала кои деца ќе бидар примени (зашто се пријавувале и без потврди од работа). Па ќе се правеле групи и пре групорања и ако имало во една група повеќе од 15 деца, тогаш ќе се распоредувале по други клонови. ...па тек тогаш ќе почнеле со работа. Бавно оди некако.