Не сакав да кажам да не е платено за сите..... туку за мене зборував конкретно да има опција за да бидам ослободена па макар да не ми е платено.
Треба недела барем порано. Илјадници деца треба за краток период кај матичен. И да се здрави ќе се разболат.
Дека преживувате со 20% плата незнам дали е изводливо и тоа со мало дете. Може преживувате но имате помош од друга страна бидејќи вака е нереално. Премногу нереално и премногу апстрактно наведено 80% и тоа велиш само во кредити. А каде се сметки за струја и основни потреби за детето. Но има родители кои и двајцата имаат кредити и може им оди и повеќе од 100% од приходот од едната плата. Имале стабилна работа, дете во градинка и се одело како што треба. И нормално е да се бунат родителите бидејќи станува збор за животна егзистенција. Ако ја изгубат таа плата ќе ги немаат ни тие 20%. И не секој има помош од страна. Дури и кога ќе отворат градинките пак е опционално ако сакаш го носиш ако не не го носиш. Градинките мора да се отворат и ајде да речеме некаков почеток да биде со потврда. Но мора да се овозможи подоцна да тргнат и децата на тие родители што работат од дома како и на родителите кои потенцијално бараат работа односно што ќе најдат во меѓувреме и ќе донесат потврда од кога би почнале со работа. Треба да се примаат и децата на тие родители кои се фриленсери и уредно си плаќаат данок, зошто нивните да не одат, луѓето плаќаат можеби и повеќе од некои поединци. Но кај нас конкретно во градинка има доста мајки кои ги носат децата а не бараат работа, ниту планираат да бараат работа. Имаат сигурни примања или мажи кои надвор работат или некој бизнис. Е сега неможе тие да фатат место наместо да оди некое детенце чии родители пр се сектори како здравство, полиција војска кои воопшто не беа ослободени па дури немаа ни право на одмор. Едноставно ситуацијата е таква и на некој начин мора да се направи селекција. Секогаш ќе има незадоволна страна. И да се едитирам/ дополнам, тој муабет од стилот ќе издржите без плата 2-3 месеци го слушаме од март 2020 а среќни би биле ако заврши до март 2021. Не се 2-3 месеци и нема да бидат. Башка кога ќе остане без работа потоа ниту детето ќе го примаат во градинка а газдите веќе вршат дискриминација, со дете мало без да ти го чувааѕ нема лесно да се најде работа додека не добиеме вакцина
Имаме помош минимална од моите и неговите. Али не е доволна за се. Сметки ни се заостанати добри 30.000 ден. Од мое искуство неможе некој да ми каже дека не се може. Има и потешки случаеви од мене, и тие немаат избор. Но повеќето можат. Мажот ми работеше едно време и две работи, од 7 до 16 и од 17 до 21часот друга работа. Само за да седам јас дома со детето. А тоа дека градинки мора да почнат мора, јас сум ЗА, мора да се продолжи, и нам ни треба и на децата. И се надевам искрено дека нема да трае до 2021 и подолго. Се трудам да мислам попозитивно. Мене само ми е криво за таа селекција, едноставно сите имаат исто право.
Леле тоа ќе биди хаос. Не само кај матичната. И за брисеви исто. А мора да завршат сите деца во тие неколку дена пред почеток.
Селекција некаква мора да има и пред тоа беа пренатрпани. Но еве за пример да го пишам ова, имам неколку пријателки кои се државна администрација. Децата им седеа дома, кога почнаа мерките се утепаа од нервоза како не им биле макар запишани и место да чувале само. Сега едвај чекаат уписи да отворат, трчаат како луди од една во друга градинка, врски фаќаат само да ги запишат. Немало да ги носат, но сепак ќе однесат потврда во градинка а дома ќе ум ги чувале, потоа мерки ќе користеле. Зошто на сите ни е јасно дека ноември ќе дојде и весело ќе биде. Е сега на некој ќе му треба тоа место и работата му зависи. И така уште еднаш се разочарав и од државата и од народот пред се. Каков ум се раѓа на овие простори просто да не веруваш.
Ај да не се заксчаме за лични работи. Иначе матичните педијатри, ради инфо, по тел си нарачуваш потврда и ти ја прави. Да не мислите дека брисеви земаат. 50 денари е.
А знае ли некој со приватните градинки што ќе биде? Ке има ли упис на нови дечиња? Инаку, вчера застанав до Буба мара во Н. Лисиче. Секој ден шетам со малата по детска улица, но ништо не ми личи дека е средено. Не гледам раздвиженост, тревата несредена и неискосена. На врата стое залепени соопштенија од почетокот на пандемијата. Ништо друго.
Не се сите доктори такви, нашиот нема да ти даде потврда без да го прегледа, брисеви и општ преглед. Иначе не ни наплаќа потврда.
Мислам дека е најдобро да нема селекција, сите деца без искчучок да одат в градинка... Ама за тоа мора да се направат по 10 градинки најмалку во секој град, а тоа се дополнотелни еден куп воспитувачки за вработување, а тоа се еден куп пари. А на државата баш и не и се дава. Не сум по политики ич, ама мислам сите посреќно ќе живеевме наместо споменици и милиони евра дадени, да направеа градинки. Се на се, со право си разочарана.
Ние се надеваме ќе почнат но денес прочитав преку 260 негувателки користеле мерки. Сега дури можеби би имало и повеќе. Огласи никаде не видов, можеби имало во меѓувреме. Потона бродот изгледа. Верувам дека приватните ќе работат добро и нема да ризикуваат повторно да ги затворат. Незнам која ми е подобра опција, дали приватна градинка, дали жеба да земам за чување? Мора да се смислуваат алтернативи. Не ми изгледа на добро ова молчење и калкулирање иако веќе 3 недели има препорака да почнат. За ниту еден сектор не се чекаше толку многу.
Јас разбрав дека изгледа нема да се отвараат градинките, ама не знам, ќе видиме. Најтажното е што државата попрво би затворила скроз градинки, отколку да обезбеди подобри услови во нив. Подобри услови треба и воопшто, а не па за време на пандемија. Ама ова е доказ дека тоа нема да го дочекаме никогаш овде
Мене ме интересира како со мало дете и 20% од 15000ден да се преживее знаејќи дека струја, вода, телефон, нет не се испод 4500? 20% од 15000 се 3000, со мало дете за пелени и храна не ти стигаат, а сметки и јадење за родителите не ни помислувај. Од 3000 треба и зимница да се направи, да се купи средства, да не збориме дека можда дете ќе побара некад и сладоледче и сокче надвор. На нас месечно чисти ни остануваат 9000 и не стигаат за храна, хигиена, гориво и некој ситен ликсурлук на дете (задоволство). И не е 1м, овој е 5ти месец, ако се изземе март. Дете дома чување и работа од дома не е опција, не знам зошто не им е јасно на овие паметнициве што измислуваат правила. Јас за 1 недела се враќам на работа од одмор, сите ќе бидеме вратени, нема веќе нит ротации, нит скратено работно време, не знам како ќе се заштитиме искрено. Дете со маж дома, ќе видиме како ќе се снајдат, од сабајле до кај 12му се интереснитр цртани некако успеваат да се залажат, ама до 3 е борба со лавови, Влад и Никита џокер у покер за да сработи маж. Среќа е голем има воспоставено говор, немам проблем со тоа па да се сеќирам да не ми застане во развој дете. А од 1ви фала му на Господа па и поише работа ќе има, малку со плата ќе рипнеме и може дури да размислиме и да ја земеме пак жената што го чуваше. Оти не гледам како би тргнал пак у градинка ако не однесам потврда. Верувам дека ако прашам на вистинско место ќе ми го примат, ама не е тоа работата, сепак има луѓе кои се во понезавидна ситуација од мене. Не можам да бидам нефер.
И претходно кога сум носела дете на контрола и ми требала потврда за во градинка дека е здраво, од секогаш наплаќале 50 денари. И тоа со фискална и.она лифче од парагон блок, значи не пари дадени за во џеб.