Прво не смее да каже дека е здраво детето без да го прегледа. Така у опасност цела група е. А за пари нашиот матичен нема ни каса. И без здравствено лечел и лекови давал без да наплати.
Ама нашиот матичен е лекар, а овие се трговачки путници што викаше баба ми. Со ливчиња од сирупи и памфлети од адаптирана формула.
И мене матичнава нит пари ми зела, нит ми нудела витамини, млека, козметика и чуда. И мојава е уникум ондаК? Не е вашиов единствен изгледа
Дајбоже сите да се такви! Коса ми се крева од памфлети кај доктор и ливчиња со препорачани производи, кај нашиов нема закачени реклами по ѕидови, има нацртани мурали.
На мене првата матична ми зема пари, а втората не. Првиот пат не знаев дека не се наплаќа потврдата. А ја платив 250 денари.
Тоа беше пред 7 години. Не се сеќавам дали ми даде сметка. Мора некако да заработат на грбот на децата.
Не е единствен. Не ги прајте сеа сите доктори за никаде. Има и такви кои прават пари, ама има и од тие другите. Кај мојава има флаери и слично, ама нит ми препорачувала нешто, нит ми нудела, нит ме терала, а недај боже пари да ми бара.
Ќе бидам офф малку ама во контекс на матичните, предходната матична и пари бараше за потврда, и не не примаше пред 9часот (наводно ладно било пред 9 да не се малтретирало детето) и со 40 тт ме праша што сум барала кај неа и упат зошто сум барала за на болница, требало дома да седам и да си го ладам детето.
Некој погоре пиша "попрво нема да отворат отколку да се потрудат да средат нешто" побогу мали деца се, иднината наша. Ама... ете... Како и се друго. Се молчи се трпи... Јас сум во италија, тука се крена џева што од родители што од воспитувачки, веднаш отворија уште во јуни сезонски центри за деца преку лето, имаше некој корона случај ама веднаш беа изолирани и со мерки за превенција пак отворија во најдобар ред. Битно реагираат и се залагаат, таму каде што може треба да се реагира реагираат веднаш по некој случај. Се е во ред ми е муабетот. Оти се потрудија не ради друго. Кај нас не се ни трудат да променат нешто па затоа најдобро е да затворат и да молчат. И што да кажеме за ова?! Сега од 1 ви кај нас без исклучок кажаа дека ќе ги отворат. Ме замисли само едно, 8 дечиња јасли на воспитачка, 29 деца поголеми на воспитачка? Премногу се. Ама, се организирале. Океј. Еве и тоа ќе го видиме како ќе е. Едноставно ако има некое детенце заболено, се изолираат 2 недели. Дезинфецираат и отвараат пак. А побогу што треба да прават? Да држат затворено? Не е изводливо.... едно децата се уништуваат, друго многу поважно родителите се на работа. Па кога се на работа по дифолт бараа да се отворат градинките. Така. Во Мк е најлесно да речеме дека ќе е затворено, клучот и капата настрана. Тоа секој го може. Работата е да се потрудиме да направиме нешто да фунционира. Светот мора да продолжи.
Го изгубив линкот. Ама сигурно читавте дека во Берлин после само 12 дена отварање градинки ги изолираа и ги затворија. И нас ли не чека исто?!
Не е точна информацијата.Во Берлин има 41 училиште што е затворено на 2 недели ради појава на корона.Вкупно има 825 училишта. Училиштата ги отворија пред две недели.Децата се со маски.Градинките работат од јуни регуларно моето оди од април.До сега немаше случај на корона и не е затворена градинката.Ама има други што ги затворија.
Да не мислиш на "Сакам да кажам"? Читав, ама ги читав и коментарите на ФБ. Пренапумпана вест, како и обично кај нас, а и неточна ко што гледам. Не потпаѓајте на вакви квази информации, ве молам.