Тој оди веќе 2 години во градинка. И кај нас некако многу често знаеле да ги спојат групите, па менуваше воспитувачки, учителки. Тој сите нив ги знае и тие него. И кога го примаат насабајле знае секогаш различна да доаѓа да го земе од врата. Како доаѓа така го гушка која и да го пречекува
Здраво мамички, можеби ја утнав темата ама не знаев каде да пишам. Син ми од Фебруари само до 4-ти беше во градинка на 5-ти примавме вакцина и дома беше се до март. Колку би требало да платиме дали сте запознаени? Два месеца (дек,јан.) по две недели не одеше плус јануари празници пола и ништо не реков ајде. Ама сега е цел месец. Мислења Ваши многу би ми помогнале
Малава тргна на градинка од изминатиов понеделник. Најпрво ме пуштија да влезам во јаслите,ми објаснија како и што ке биде,што ке јадат,што ке пијат.Пред тоа директорката ми објасни да ја оставам само на 2 часа првите денови за адаптација и само памперси да си носиме,павловличева и влажни имаат они. Го спремавме ранчето со пижамки,хеланки и блузичка,чорапки,3 памперса,3 лигавчиња, едно шишенце и топлинки. Отидовме,ја оставив,не плачеше и сама подаде раце кај учителката.Јас на бргу заминав и се вратив по 1 час.Плачеше многу кога ме виде.Вториот ден уште кога ја виде вратата се искина од плачење па кога се вратив за 2 часа таа веке заспала.Е понатака ја земував после 3 часа и секогаш беше заспана.Битно деновиве се чуствува дека е оделена од дома,од нас,па како лепенка е до мене.Не оди дури ни кај мм,плаче од сите.Се тоа го препишувам на промената што и се случува,па затоа така реагира. Сега викенд е па еве ја си спие сеуште.Од понелелник ке остане и на преспивање,некаде до кај 14 часот. Срцето ми се кине кога ја слушам како плаче ама мора да се навикнеме.Сега е 8 месеци и 1 недела,најмала во групата од 17 дечиња.Алал нека им е на двете воспитувачки. Да напоменам само дека за овие неколку дена,бебчево секогаш ми го вракаат со сменета пелена и не е излочкано.Прашав како е,дали јаде,ми одговорија по малку каснувала и пиела сокче. На мама златната она,по сокчето е
Мајки некоја да сподели искуство со градинката „Сонце“(мислам така се вика,таа најновата)во Реонски центар-Ново Лисиче.Чисто инфо да знам што и како не очекува,воспитачки,однос,капацитет,услови,исхрана... Всушност,изборот ми е тој,во таа градинка припаѓаме и очекувам да не примат(со најдебели можни врски).
Многу е гужва во градинката. Ќерка ми беше таму запишана и не сакаше да влезе во објектот. Инаку е убава и нова.
Па тој што ќе ми ја запише ме предупреди дека е пренатрупана и утре задутре да не се жалам за ова,она,ама што да правам,немам избор...некако не ми е логично да го запишам во таа кај детската уличката или друга некоја во Аеродром кога оваа речиси ми е пред нос. П.С.Наводно сега е фул бидејќи идат и дечиња од некојаси градинка од Лисиче која во моментов се доградува,реновира...
Син ми троши по 3 пелени за градинка...го носам во 7 и 30 и го земам во 3 и 10тина минути....мислам дека е ок толку да се троши за тој период. Инаку одма се научи на градинката, го пуштив таму од 14 месеци и немавме проблем со навикнување, туку со грип....откако три пати го повтори грипот - нема гајле. еве јас бев премногу болна последните 3 недели можам слободно да речам и освен поткашлување немаше друг проблем. а постојано се пика во мене, ме гушка и не се одделува од мене кога сме дома. а за навикнување со деца, мислам дека им е популарен оти е бааги темпераментен и сака да си игра, да се брка, да скока. веке на улица го препознаваат комшиите од градинка - оние поголемите. голем џамбаз е хехех го гледам и дома
Мене ми беше и подалеку ама намерно таму ја запишав, но се откажав. Преку 35 деца беа во група. Ја префрлив во поблиска градинка ама упорно ме бојкотира со одење
Празниците не се пресметуваат во цената за плаќање. Поголемиот последниве 3 месеци оди само 2 недели во месецот и плаќаме околу 1 300 денари. Не одбиваат многу. Ако не оди цел месец ќе платите 521 денар. Толку се плаќа кај нас.
Пупица и таа кај детската улица е исто фул. Ние ќе одиме за таа. Не врски, ортоми фатив. И ми кажаа дека во јаслито спијат по две деца во креветче. И од што има креветчиња ставено нема место во занималната каде да прошетаат дечињата па денот во креветче го поминуваат. Затоа ќе се малтретираме сега со баба сервис, па градинка здравје од како ќе пркне за да биде во поголемката група. И таму имало над 30 деца, ама бар поголем ќе биде. Така да аеродром ти е секаде исто. Единствено ми спомнаа за градинката позади веро немало многу гужва. Можеш да провериш. Јас не сум проверила, така ми кажаа.
Немам ни маж, ни деца, но ми излезе темата како активна и отворив малку и почитав. Многу симпатично, дури ми се присака и јас да си имам дете, а инаку не сум некоја која премногу сака деца.
Таман се навинка во градинка, пак се адаптираше, почна весела да излегува од таму, пак се разболе. Трет пат во месец и пол. Еднаш со температури 40.2, четири - пет дена нон стоп... после неколку дена повраќаше се живо и диво четири - пет дена, среќа цицаше и вода пиеше. После десет дена, еве, пак температура. Не крена многу, 38, едно чепче и ја симна. Следниот ден 37 со нешто, ништо не дадов, и денес е супер. Не сакав да давам никакви сирупи, никакви хемикалии, ама почнав со сируп за имунитет. Дајте некој совет нешто природно? Додека е дома јаде се подготвено свежо, овошје, зеленчук... во градинка малку се слаби со овошје, повеќе на зеленчук, ама одлучив сабајле пред да ја носам, да и правам едно витаминско овошно смути. Друго чаре? Немам кој да ја чува ако се разболува вака, а ако одсуствувам од работа, немам кога да ги одработам деновите... Башка и газот и е ко на мајмун зацрвенет... втор пат така кога ќе се заоди во градинка. Ќе морам да видам за промена на препарати за хигиена во пеленската регија во градинка...
малку и од мојата приказна мајки почнавме во градинка од 1 фебруар значи на 23 месеци..првин одеше по 1.5час да последните денови и преспива таму и седи до кај 15,00 часот... е сега од цел месец дали му се собра 10дена да оди... 3дена во градинка 10 дома и така...првин фати конјуктивит па бронхит и сега последно воспаление на уво..хорор..предходно беше здраво детенце дали 2 пати се имаше раболено во 2 години, а откако тргна во градинка за 1 месец 3 пати со антибиотици и разно разни други препарати..искрено ми се смачи иако викаат дека мора тоа кај сите деца да помине...сега овој период нема да оди додека скроз не се стабилизира - ќе го чува мајка ми како и претходно.. инаку плачи редовно кога одиме..од дома џабе зборување...вика сакам да одам на школо кај децата, ајде носете ме таму , да насабајле нозе му се враќаат градинката кога ќе ја виде.. учителката вика дека е многу мирен и дека приплакува ама не нешто сериозно..вика супер е како за првпат одење...насабајле гледав само да го подадам и да не се задржувам дека почнува да плачи многу...после се смирувал за кратко и си играл , јадел се што ќе му дадат и брзо се успивал... секогаш е преоблечен кога ќе го земам и така... се на се задоволна сум , ама ова со болестиве ме нервира... ќе се опоравиме и пак ќе одиме
@Kaetana иста ситуација и кај нас.... две недели во градинка, адаптација супер и оп рота вирус... Месец дена не ја носев, се снаоѓавме како знаеме, еве пак десет дена оди во градинка и повторно адаптација и вчера со тт, 37.6, лигавење, одбива да јаде, цела вечер доење..... Матичната вели забите се, направивме крвна слика, денес треба да ги однесеме резултатите, па ќе видиме што е, ама веќе аман...А претходно нема ни ќивнато И како што велиш, секој ден здрава храна, во градинка и доручекот и го носам, ама ете...И што даваш за имунитет?
Покрај исхраната со сите салтанати, почнав да ѝ давам сируп изопринозин. Три пати дневно вика, јас ѝ давам два пати. Не знам дали ќе смени нешто. Сериозно се фрустрирам. Морам на работа да одам.
Немам пишано на форумот може, 1 година. Порасна дечково и во градинка Пролет тргна. Во втора јасли. Се адаптираше 1 недела, досега мрсул немам видено, ете го ко чешма сега. Јас не верувам дека е од децата, од многу плачење, вриштење и ларингит си доби. После колку време ги враќавте на адаптација? Дали пак по 1 саат или да продолжиме по 4 саати? Број од негователката немам, сега жена го чува, ама ептен на живци ми оди веќе и ќатоа решив во градинка да го пуштам.
Јас да ви се пофалам дека малата не плаче повеке кога ја оставаме.Пружа раце на кај негувателките и не ги остава на раат цело време.Ми се пожалија дека сака нон стоп во раце ама во принцип била послушна и веке се адаптирала кон другите дечка.Од вчера кога ја зедов,носот и е растечен а симтоми за настинка или нешто друго нема,само тоа.Таму пола и повеке деца беа со мрсули па ке им се приклучи и мојата од понеделник Ја зимав после 13 часот ама неделава што следува ке си поседи повеке,јас треба на работа да тргнам...Се на се и требаа 2 недели да се привикне
Леле @Kaetana од што толкава температура? Испитавте? И ние сме слични периодов, со температури, бактерии, па сеа изгледа вирус и тоа додека е сеуште дома. Среќа маж ми е дома и ја чува, ама неговата работа трпи, од понеделник ќе биде трета недела како е дома малата.....а замисли јас да требаше да земам толкаво боловање И ние сме во план да почнеме со сируп за имунитет, вие кој го пиете? Нас докторката ни го спомна Дефендил ама скапичок бе некако Веројатно сите такви сирупи со бета глукани се скапи?
Направивме крвна слика, сѐ супер. Нема индикација за бактериска инфекција, црп мирно. Ништо, јас мислам дека е комбинација од заби и градинка. За имунитет ми ги спомнаа дефендил и изопринозин сирупите. Јас земав изопринозин. Не знам колку е дефендилот, ама изопринозинот е 805 денари 50 мл. Се дава по 5 мл три пати на ден, јас давам два пати, сабајле и навечер. Очекувам шишето за пола месец +/- да отиде... Земав три сирупи, за секој случај, оти тука не знам ни што има, а не ми се верува дека ќе ми дадат нешто. Од работа не следуваат денови за дете. Смееш да не одиш, ама да си ги одработиш саатите. А со детево во градинка, па три пати неделно на курс за јазик, едноставно немам кога да ги одработам саатите... Ич не мислев дека до толку ќе е вака. Еве ја дома од четвртокот, се намалија мрсули, подобра е. Од утре... Стварно се надевам дека ќе остане така.
Дефендилот е околу 900 @Kaetana. Значи сите се приближно таа цена, и за месец дена -оп 1800 Дај боже само да се здрави, иначе ова е пренапорно, и за нив и за нас.