Мене едно не ми се јасно Се дискутира дали деца да се вратат во градинка ама упорно администрација ќе земала плата. Може ќе ги отпуштат ете и така ќе бидат задоволни некои. Гледајте.за децата што е најдобро. Остајте кој ќе земал пари и не буричкајте по туѓи џебови, нит ви влага нит ви излага. Ете, ќе ги отпуштат од работа. Бидете си мирни сеа.
Чудно. Пошто нели бараа родителите на децата што одат во школо да се вратат на раб. Конкретно еве сестра ми моментално оди на раб
мене стварно ми е чудно коа некој ќе почне за државно да збори а поим нема дали ни е намалена плата, дали нас ни се закануваат со отказ, ама ај... караванот велат си врви..
Гледaјте си ги вaшите прoблеми сo децaтa и вaшите гaзди и вaшетo рaбoтнo време и ич дa не се секирaте штo нa некoи oд нaс (врaбoтени вo држaвнo) им е решен прoблемoт oд стaрт Еурoпa, хир aј кaм.
Ноуп. Туку ако веќе се збори, нека се збори вистината. Јас зимам 4 пати помалку кеш откако сум дома. Ете, сеа нека се задоволни. Не зимаме фул третман
Ама тоа не е тема на муабет. Тема е дали е во ред граринките да се отворат, дали се спремни и со кадар и дали може да се одржи на ниво хигиената и дистанцата. Да бидат по 15 во група и НИ ДЕТЕ повеќе па ни на некоја што има каде да се јави а не исполнува услови кои се наведени! Не е тема дали сака некој дома да седи. И да сака и да неќе, ако се отворат ќе си оди како попче на работа. Ако не- има врата..отворена е. @LiliBoz напред е Еуропа, остај таму..мед и млеко течело
Дап, на дрво растеле парите таму Конкретно мислам дека не сме спремни да се отворат. Жал ми е за вработените во приватните градинки моментално и дефинитивно треба да размислат и нив да ги субвенционираат како и сите приватни фирми. Не е воопшто во ред за едно мајка за друго маќеа. секој родител се бори за иднината на своето дете која и те како зависи од финансиите. Но не, не сум за отварање ако групите се над 10 деца.
На ФБ денес некој дневен центар објави дека ќе отварале целодневен престој после часови за згружување. Има некоја Уредба на Влада???
Прекувремено како и да е не земам. И бејзикот ми е намален. Имам притисок од главните. Колегите ме мразат зашо имам дете... здраво на улица не ми викаат пошто седам дома де. А рачунај дека одев на работа до пред месец дена. Одев и во ниедно време за ним да им помогнам иако сум ослободена. Е.. тоа е нашиот гнасен народ
Приватен сектор ем работи од дома или оди на работа и деца чува,па издржуваат. И полни буџет државната службеничка да чува дете. Малку Морген не мешање во штипки. Сакаш да седиш цела година дома,а приватен сектор да те плаќа,па уште да не се меша. Малку морген. Седете дома ама само со плаќање придонеси и чување работно место.
Цел муабет е дали е безбедно да се отворат градинки и школи. Незнам зошто упорно МАЛО МОРГЕН. И 100 пати да се повтори тоа, дали ќе се смени? Не. Мерак ли е да ги отпуштат буџетарите од работа? Ај нека ги отпуштат... Ќе биде тоа по безбедно за градинката?? Основна плата се намалува ПО ЗАКОН. Ради нега на дете 14 дена со комисија. Па одиш на одмор два дена. Па пак комисија ти дава боледување. Зашто нема кој да ти гледа дете.
Кај реков да не седат? Конкретно у мојот случај лути ми се тие што имаат деца за женење Основна ДРЖАВНА не смее. Тоа не лажи .. Смањи дожиљај. Темата е за деца. Не за фрустрации.
Па реалноста е таа. Никој не ви буричка во џебови. Државата за некој е мајка за некој маќеа. И да за детето си гледам да. Моето дете не е ништо помалку од вашето за да трпи за оваа ситуација. Пак ќе кажам, театар е ова голем за на вакви како мене очи да им мачкаат. Решение можеше да има ама избори, избори, избори.
Овде веќе не се работи за што е добро за децата. Туку како БУЏЕТАРИТЕ да се отпуштат за да им се нахрани душичката. Сто пати да се повтори дека-да, во право се, не е фер... џабе ќе е. Темава стана фрустрации на секој што има пристап до нет.
Е како не буричакаш коа постојано тоа го збориш. Не рекол никој да не е исто за сите деца. Кој такво нешто пишал, еве најди и цитирај. На кантар не се мерат работи.
Па зборам. Криво ми е. Моето дете е исто како и твоето . А го гледат во денот 10 души за да се снајдеме. Додека буџетарите седат дома и агитираат за неотварање на градинките.
А според тебе...безбедни ли се градинките? Изземи кој каде работи. Збориме за здравјето на најмалите. Или по важно е кој каде работи? Еве лично прашање: Поднесе документи за во градинка?