А сменско работење на двајцата родители е мислам најдоброто решение. На сите институции. И државни и приватни. Исто, нека отворат градинки, кој сака нека го носи, кој не, сменско работење.
Има и друга опција. Ако више не може да седат дома тие што се приватно вработени, нека достават потврда дека мора да работат и нека им пуштат кеш за дадилка.
И трета опција, дел од основците дома, а децата од градинките во училници, а да се вработат уште учителки. Така ќе бидат 8 деца на една учителка и ќе има дистанца у сите ќе бидат на работа и сите ќе бидат со другарчиња. Можности има, нема кој да мисли.
Фино. Не разбра што ти кажав. Во државна вратив мајка со ранец со антибиотик сируп и капки за очи,се дереше ,ми се закануваше ,ја пратив кај директорката си замина дома ко попче. Во приватна ист случај морав да го примам по наредба на директорката зошто одело од јасли. Пари. Не се воопшто побезбедни приватните. А има малку пријавено во државните ,нема да бидат ни по 10 во група. Во еден наш град има пријавено 140 деца од досегашни 900,а 4 објекти има градинката. Ризикот ти е ист и со жена,ти нема да знаеш приватно какви дружби има, само што му го скратиш дружењето на детето.
Па не си била од другата страна. Во градинката кај што оди твојата се 15 запишани? Во истата градинка кај што работев 3 деца ќе одат во средна група од 16 запишани. Тоа е за мене многу подобар избор од жена да ми доаѓа дома.
Кај мојата и редовно се Макс осум деца. Не знам колку се запишани, мојата не оди сега у најголемиот удар. И 3 да се.
Кај нас од 50тина деца кои одеа, сега има само 12 пријавено. Има 2 училници и 4 учителки. Јас мислам супер ќе е така и баш сметам дека ќе биде безбедно. Едвај чекам да почнат!
Сега не се ослободени, ги викнаа на работа, но кога ќе стартува учебната година ќе бидат ослободени. https://vecer.mk/node/518728
Последна опција треба да биде е намалување на платите на администрација доколку буџетот неможе да издржи за да се помогне приватниот сектор. Се е во круг бидејќи ако се намали куповната моќ на администрација пак ќе страдаат одредени приватни сектори. Затоа не сум против доколку намалат и ги пренасочат на мајките од приватен сектор. Мора да се направи некој вид на баланс. Предолго се држи во неизвесност одлуката. Но сегашните мерки неважат за сите исто и затоа родителите се револтирани. Намалување на основна ПЛАТА на родител кој користи мерка немаше НИКАДЕ во администрација. Приватно кратеа и 50% или неплатен даваа. Да не мешаме боледувања. Тие по закон се знае како одат. Родителите се притиснати или отказ да дадат или пак да се снаоѓаат и тоа предолго трае а стравот дека ќе трае до пролет е уште поголем. И да не заборавиме дека има и администрација која воопшто нема право да користи мерки, пр здравство (освен доколку не се двајцата во некој од секторите кој има забрана за мерки) пр.жената во здравство а мажот приватно. И нив не им е лесно, ако нема кој дете да чува еден треба отказ да даде. Секој го гледа проблемот само од своја страна. Треба да се бориме за подобри услови и истите да останат и по завршуање на мерките. Да се прошират објекти а не 30 и кусур деца во група. Па после болни биле. А не пресметува државата колку пари се троши на боледувања за дете до 3 год, намерно потенцирам до 3 бидејќи тие боледувања фондот ги исплаќа. Дури и тие бројки би биле мали затоа што доста од родителите и тогаш се снаоѓаат со баби дедовци за да не им кратат од плата. Можат барем наредните 6 месеци да се искористат да се направи нешто подобро.
Каша попара. Сериозно мислите дека државава може да плаќа за сите родители дома што ќе седат. И колку ќе биде тоа? За државно ќе биде како со судиите од уставен, одма ќе се поништи одлука за минималец, а за приватен сектор клоца во газ или ако има помош, едвај минималец, ако е посаглам фирма. Подобро ќе одиш на работа и жена ќе плаќаш, него да изгубиш работа.
Ја мислам тие шо се админ. да не им даватат ич плата...Шо ти е гајле дал имаат дете за ранење,кредит и референтск плата од 14к. Ма кој ги шиша,они се креиви шефовиве што не де снаоѓаат у кризава...Ако ја немам,они па ич глава да не дигнат! *за појаснување,саркастична сум*
При поднесување документи се потпишува изјава. Меѓу другото пишува дека ако во групата има поврќе од 15 деца,се согласуваш твоето дете дс биде префрлено во друга група. Еве не ми е јасно, нај големите групи се забавиште, ама ако го префрлат во друга група како ќе го пројде материјалот кој е предвиден?
За појаснување не реков да не земаат плата туку доколку веќе кратат да биде последна таа опција бидејќи и тоа ќе се одрази. Со скратените плати да покријат на родителите од приватен сектор. Нека земаат и од приватен 50%. Еднакви да бидат. Е од вакви мислења се полнат родителите со револт наместо да се најде средина за сите. И да бидеме искрени тие што едниот родител е администрација а другиот приватно, во најголем дел мерката ја користеше тој од администрација. Зошто? Пак потенцирам дека е последна опција, ама во декември, јануари ќе сватиш што сум сакала да кажам. И буџетот има лимит. Дај тогаш на вас и бонус да ви дадеме и нашите плати од приватен сектор да ви ги подариме бидејќи вие сте родители и вашите се деца а нашите кој ги шиша, може и за леб да трпат ама битно вас ништо да не ви фали. *за појаснување, саркастична сум во последниот дел*