Полесно ви е да напаѓате и да бидете саркастични него да сфатите што сакаме да кажеме. Наместо да се најдеше средина за сите , се најде решение само за вас. Ете тоа. И боли за дете. Нека не стават сите на минималец или нека плаќа на сите државата само придонеси. Јас не се бунам. Ама исто нека биде за сите. И замисли има родители од приватно кои останаа дома, без никаков надоместок, па никому ништо. Оти нит има кој деца да и гледа, ни да ги плаќа, а да седат дома.
Не не, има повеќе опции, и има за 12 000. Кога ќе слушнат, ами и да собира алишта, да става за нас леќичка, да запеглува за детето.... Одма оди на 20 000.
@referentka каква програма?! А за 12 има смислено некои активности или само да го гледа, прошета и нарани спаѓа во цената?! Мене ми бараше 15 плус превоз
Епа нај големата група е забавиште. Имаат математика. Учат броеви. Учат поими:над, под, зад.пред... Да не редам сега... Ќе го уназадат тоа дете кое треба да е прваче до година ако го стават во мала (по возраст) група.
Се додека по фб и инста вртат сториња и сликички од друштва со се деца, и децата од брат/сестра рачунај по едно 15-20 души на едно сликце секако, нека се отворат и грдинките. За мене е небитно дали ќе се 10 дрца максимум во група или 20, тоа се сепак деца, тие не знаат, и природно е да незнаат за дистанца, за не гушкање и не држење за раце, тие не знаат за неменување играчки, и дезифекција на раце на секое. Сепак тоа се дечиња, па макар имало по 2 воспитни лица во смена, дома едно две ги гледме и не се догледуваат а не па таму. Сите одиме на работа и сите сакаме раат појадок и кафе, сигурно и образовните и воспитните кдри го скаат истото. Како и да е коронава маме ни расплаке во сркој поглед. Јас имм кој дете да ми чува, за почеток ќе седи дома, каква ќе биде ситуацијата па така ќе се организирам, но има луѓе што навистина немаат како да се справат со проблемот чување дете, кој се нашол во таква ситуаија знае како е...
@referentka Во друга група од иста возраст, може да биде и во друга градинка. Пр кај нас под централната градинка има мислам 5-6 градинки кои се дел од неа , па со изјавата се согласуваш доколку нема место во твојата градинка да биде префлено во таа градинка каде има место.
Токму така. А и да го префрлат во истата градинка ,а во една група подолу по возраст, воопшто не е проблем да се работат две програми паралелно.
Е кај нас нема друга група иста возраст. Има три клона градинката од кои еден е исклучиво јасли и до 18 месеци. Не ми е многу далеку другиот клон.ама за до таму мора кола да се пали,.пеш е далеку. Не ме ни мачи тоа толку, колку што учителките се обидуваат да предупредат колку е опасна градинката во овој период. Дури ме нервира нивниот однос. Секој втор збор им е дека има многу пријавено и дека незнаат дали со децата ќе се занимаваат или со одржување хигиена.
Епа тие за условите нека си се жалат кај нивните во Министерство за труд и социјала,а не тебе да ти кукаат,само се задскриваат зад родителите и ќутат што еднаш до сега не излегоа на протести за условите,ќе ги подржевме и ние родителите,што сме должни ние да ги слушаме ,јас ако имам проблем кажувам на работодавец,не ги замарам моите странки.Ги гледам и наставничките по школиве повеќето се за онлајн убаво им дојде дома да си седат,па како ќе иделе во школо ризично било. А мене не ми е ризично на работа да одам и секој ден со странки секакви да имам контакт,кој дошол од Кондово,кој од Велес кој од Батинци.
Кај нас од 35деца во јасли само 5останаа барем ќе има кој да им обрати внимание и воспитачката и негувателка ќе бидат покрај нив.... А ако треба уште да седам дома нз до кога ќе може фирмата да ми плаќа за тоа, сама сум свесна кој и да е ќе даде отказ...
Едно се надевам ќе разберат во министерство, се дезинфицира и кога нема пандемија! Расадник на зарази беше, се додека детето не стекне имунитет за се, а до тогаш не е проблем сите бактерии и вируси, вошки и глисти, се нека помине, зашто така растеле. Супер и тоа ако така растат, а тие у Козле што лежат, е тие нежни биле. А родители со 100 боледувања земени и пак недолечено дете. Мора да се отворат градинки, и не за социјализација, и во нормални услови ради социјализација не се оди во градинка, во нашиве барем, во Германии не знам како е. До сега со протоколи, намалени групи, екипирање на персонал, и ХИГИЕНА, помалку мајки ќе си ја чукаа главата кај да го остават детето. Тие на кои стварно им треба, другите од рекреација што ги носеа, за нив посебно би се искажала.
Сега оваа состојба штои се доби воопшто реално не отсликува на кому се му треба градинка. ПИшав и претходно мене ми треба градинка ама не можам да однесам дете од градинка зашто и двајцата ќе работиме од одма есенва. И детето на плафон ќе го обесам зашто не смеам да го носам во градинка. Што е најтрагично догодина ќе поаѓа во школо па ќе губи една многу битна година. А знам две мајки што константно носеа болни деца цо чепче парацетамол во газот за да немаат температура барем во првиот дел од денот децата што со правилава нови ќе можат да носат деца во градинка. И сега што правиме. А инаку за децата е милион пати подобро да одат во градинка (зобрувам за деца над 3 години). Има истражувања што тоа го покажуваат. Ние треба сите да се бориме за зголемување и подобрување на капацитети за згрижување на деца, не да се обвинуваме тука кој зошто носи дете во градинка и кому треба кому не. На сите деца им треба градинка пред поаѓање на школо. За родителите не коментирам, градинките треба да постојат заради доброто на децата над 3 години и секое дете над 3 години би морало да оди во градинка. Ние сме држава цо најмал опфат на деца над 3 години во градинка и имаме најслаби резулатти на ПИСА во Европа. Поврзани се двете работи. Ако сакаме усшени луѓе мора да обезбедиме соодветни услови за рано учење. За деца под 3 години се сложувам со коментарот дека би требало да се носат само оние што навистина имаат потреба.
Да де, знам дека се оди, во градинки каде на листа на чекање се деца на самохрани родители и на тие што чекаат да тргнат на работа, а во градинките деца на родители кои не работат ама сакаат детето некој да им го едуцира и социјализира. Се имам видено
Се согласувам дека субјективно ќе судиме (иако не е наша одлука туку само муабет) кому е попотребна градинка ама треба за одредени категории да е загарантирана, а не се согласувам дека не треба да се обвинува, луѓе нудат поткуп за да им се запише детето, додека на листа на чекање се деца ба кои им е неопходна градинка, а овие првиве невработени ама сакале да им се социјализира детето, на година ипол пример. Капацитетите се зголемуваат во некои општини ама недоволно брзо, а од друга страна не се прави ништо за да се среди тоа кому е неопходна, затоа и обвинувам, и ќе обвинувам тек, сум трпела доста неправди во ова општество ама дискриминација на детето нема да трпам
@JoyJoy и се согласувам дека од три години во најмала рака треба да е препорачливо да се тргне во градинка, ако не и задолжително, preschool фактички
Детска градинка е, не е установа за згрижување деца само на родители кои работат. И ова го има само кај нас... Треба да има место за сите... точка. Има родители кои работат од дома не пријавени зошто секој денар е добредојден и не е фер нивното дете да нема право на градинка. Ама кај нас се е побитно од иднината на малите.