М? Прво викаш градинк не е за згрижување само на деца чии родители работат - од чии пари се финасираат градинките? Само од тие што имаат врски да ги запишат децата или и од овие што не можат да ги запишат а се вработени. Приоритет мора да има во државните, а во приватна може кој сака да се запише. После се поправаш од дома работеле, па јас тоа и го зборам, тие што работат не можат да ги згрижат децата од тие што држат место и ги носат децата само ради социјализација. Се согласувам дека треба да им место за сите, а до тогаш? Ова последново со иднината на најмалите не го разбрав, извини. И немам проблем јас со тоа децата да одат од било која причина, само ради социјализација, на еден саат, да држат место а не одат реално, ама не знам дали знаете колави листи на чекање има во некои градинки, меѓу нив има родители што се во крајна нужност да го згрижат детето, апсолутно не дискриминирам деца кои треба или не да одат во градинка, ама ок ви е тоа да е со врски?
Не е ок бе, тоа сетрудиме да кажеме. За секое дете МОРА да има место... Нема шо државна, недржавна градинка. Нема листи,нема птиоритети... За секое дете треба да има место. Фалат градинки. Врски фаќаат пошо нема градинки. И не се поправам воопшто никаде, пробај да разбереш поубаво. Детска градинка е за сите, ако не е за сите ќе пишува САМО за деца на вработени. Се додека не пишува така услов не смее да има. Тој што работи од дома(не пријавен) е дома и е осуден као у стил ауу срамота дома е а праќа дете у градинка. А оној кој бара работа, како да најде? Пошо негово дете нема право повеќе на градинка од на оној кој работи. Тоа е исто ко јас сеа да кажам па ај оние кои работат двајцата нека оди у приватна јер имаат пари(дискриминирачки у крајност). Децата не смеат да бидат предмет на муабет, не се криви тие што немаме држава па ај нека седат дома... А за иднината на младите не знам шо не е јасно? У 21 век, не се загрижија што некое дете сега нема да може да учи зошто нема пари за компјутер, таблет, ама па шо, мама не работи, нек го учи. Секој пат кога ќе кажете дека некое дете има помало право од друго за нешо е дискриминација. Проблемот со листите, врските итн не е од родителите. Туку од надлежните. Јас кога ја запишував ми рипна една ама нема место... Ако, фала и реков.. кога ќе има ќе оди... Ако вака зборите и делите деца, проблемот ќе се развлекува до недоглед, и ете ти ја иднината, напредок нула.
@Цвет88 викаш не треба да има услови, а Филипче најави некои “услови” за приоритет, како самохрани родители и тие што мораат да бидат физички на работа? И тоа сметате дека е дискриминирачки? Се додека нема доволно места за сите, приоритет мора да има. Не може да ви е ок јас да дадам отказ зашто морам да сум физички на работа, за некој што имал врски и го запишал детето зашто требало да се дружи. Викаш фаќаат врски пошто немало место, и сега кога ќе има уште помалку место? Во ред ќе биде само тие со најјаки врски децата да им се во градинка? А така и ќе биде, зашто нормализирате фаќање врски. Зборувај ми за дискриминација додека викаш дека правото на детето да оди во градинка е пред правото на секој родител да обезбеди егзистенција за своето дете. Жабе адресираш каде е проблемот кога е време на пандемија, во нормални услови може ќе имаше простор да се бориме за повеќе места (што немаше да се случи ама да речеме така) до тогаш проблем ќе бидат луѓе што нема да разберат приоритет.
Ме заболе за филипче, да има доволно градинки системот ќе функционира и сега и лани, и догодина и после 50 години. И јас не работам ради короната сега, ете да не беше таа веќе ќе имав 6 месеци стаж, отплатен кредит и кој знае уше шо, зар ми е крива фирмата? Не, нашава држава е крива. Не смее да има услови никаде за деца, не зависно дал е корона, грип или било што. Кој нормализира фаќање врски? Ние што викаме дека не треба да се дозволи да дојде до тоа? Па ќе фати бе, коа живееме во таква држава шо за да земеш лек од аптека до скоро ти требаа врски. Си видела пријава за у градинка? Бодови се собираат кај нас кое дете има предност,бодови еј... небаре ги тестираат. Ако живееш у таа општина толку бода, ако работиш у истата уше толку, ако си студент уше толку, ако имаш уше едно дете у таа градинка уште бодови.... Нормални ли се овие критериуми бе? Да, сега имаат право повеќе оние кои работат, од пример мене која чекам да ме викнат, ама у меѓу време, откако ќе ги згрижат тие деца, да најдат соодветно решение и за другите. Него да, побитно е у доба корона да се дадат пари на избори, а не за адаптација на простории за престој на деца, не за маски... Изгледа не сакаш да сфатиш што кажувам. Ти ги обвинуваш родителите зошто сакале да им одат децата у градинка. Сакаат, нивно право, плаќаат, и треба да им се овозможи. Зошто да не мрднат со гз од удобната фотеља и да направат нешто надлежните? Знаеш колку години наназад е проблемов? Јас шо памтам бар 15...за 15 години а сигурно се и повеќе они не се сетија што фали па сеа услови ќе ми поставуваат,ти викаат чим си добил извод од дете си требал да го стаиш на список абе ај... Не не, не одобрувам таква селекција.. Секогаш си има причина како да се скокне проблемот. Ете сега пандемија, опасно е не може сите деца у градинка... Еве да не е пандемија, како ќе селектираш ти кое дете да оди, а кое не, од оние кои не работат, значи на вработените да се згрижени, ама има 20 деца кои се со не вработен родител, а има место само за 15? Ок е некое да се отфли, а 15 други да се примат? И за ова јасно и гласно кажав, не не смее да дојде до оваа ситуација, не не треба да е ок некое дете да не може да биде примено. Тебе ти е ок јас сега да одбијам работа, пошо морам утре да почнам, ама немам у моментот потврда, пошо потврда може да се однесе само до одреден датум? Ете добивам повик од утре почнуваме, каде да оставам утре дете јас? Направија групи со деца со потврди? Ете приоритетот среден, тие ќе одат, сега нека работат на другите..нека најдат решение. Ама да кажеш кој смее а кој не да запише дете у градинка, не можеш.
Леле, ај не збори.... Градинките се финансираат од сите нас кои живееме тука. Дури и да не работам, јас живеам тука, купувам, а ддв-то каде оди? Даноци? Немој молим те, само тие кои работеле! По можност од државна администрација да се, оти тие најмногу допринесуваат... да, да... Јас работам од дома. И замисли си, плаќам даноци, дури и данок на приход, ама ете не сакам да се пријавам и да плаќам пензиско. Ова ме прави граѓанин од втор ред? Детево мое што е? Сите деца, без разлика кои им се родителите, заслужуваат и треба да имаат ист третман. Се друго е дискриминација!
Ти нормализираш фаќање врски три реда подоле кога викаш “па ќе фати бе”, кој сте тоа вие што викате не треба да дојде до тоа? Пошто не сте успеале да не дојде до тоа а решението го наоѓате во фаќање врски и скокање на листата на чекање. А пази и на некој не му било тешко кога се родило бебето да аплицира, ама ти не се согласуваш дека требало и ќе си фатиш врски и ќе си го решиш проблемот. Ако има критериум кои деца да имаат загарантирано место во градинка, за врскаџиите одма ќе изградат уште едно крило, нови групи и може и подобри услови. Додека со врски се решава проблемот, ќе има родители кои не можат да обезбедат егзистенција, ама пак збори ми за дискриминација
Слабо прочита дека сум напишала дека тие што работат од дома не можат да ги згрижат децата од тие што ги носат само за да си поиграат и си ги зимаат, или тие што држат место само? Како вака читате бе, јас сум пишала дека не се градинките само за тие што ќе најдат врски да ги запишат ама ти прочита дека се само за тие што се вработени. Дискриминација прави секој што го скокнал моето дете на листата за чекање, додека јас плаќам дадилка 15 000
Ако не сакаш да разбереш не реплицирај.... Јас не сум видела човек што не знае да ја сфати поентата на муабетот. Ние вие тие,појма немаш шо зборам,се фаќаш за тие врски небаре ти убиле некој. За твоето сирото е дискриминација, за моето шо чека не, е како бе така??? Ауу работиш.. јас небитна пошо чекам градинка за да работам.
Јас сум видела човек што не сфаќа поента, ти. Ти се фати за критериумите небаре ти убиле некој, и ако, чекај си ред и немај услови да работиш од дома пошто пред твоето ќе влезе некое за да учи песнички, а мајката на тоа ќе си седи дома и нема ни да бара работа ниту ќе работи од дома, ама исти права имаат двете, така ти одговара, или само така пишуваш, не е важно.
Од три градинки имам делумно инфо, ама во таа што ми е важна ми рекоа не примаат нови деца ама може да се аплицира, кога ќе почнат немаат најава, а кубуреле и со персонал пошто користеле мерки, од петокот ова
Абе ај сериозно... сеа па песнички ќе учи, до прееска беше само ќе си поигра... Значи стави си у главата, ниедно не треба да биде одниено по ниеден основ... Ќе ти олесни акомти кажам а ок е, ти си у право, нека идат само децата на вработните? Али главниот проблрм нека не се решава, удри по дечињата...
Мене ова највеќе ме исплаши, да вработуваат не верувам, дефинитивно ќе имаат повеќе задолженија околу дезинфекција во ваква ситуација тие што ќе се на рабпта, така што не верувам дека скоро ќе отворат
Општо, меѓу народот има психоза. Може сами си придонесуваме, еве од себе тргнувам. Ем ми стиска ем ми писка.
Зошто не се спремни а мачкаат очи демек нешто се работи... Јавно се кажува дека се е спремно: исчистено дезинфицирано, а ваму бившата учителка на ќерка ми вика не бе нема шанси, нема да може да се допазат децата... Или вика нека пуштат се па што биде...