Леле беее.. Цел свет се пушти во промет само ние тапкаме во место. Незнам, можеби и не сум во право, ама нели треба да се работи за да се живее Сеа, опасно е, не велам дека е сеедно, ама па...малку организација низ воспитни установи ќе дадеше придонес. Постапно нека отвараа... Стварно незнам, ми се рика од сето ова
Не бе Рефи,не треба да живееме,не да ми се рика ,ми се пука ,толку ли сме неспособни како држава? Никако не можам да си објаснам дека цел свет се отвори и градинки и школи ,па и кај нас се почна да фунционира,ама не бре само не градинка или школо,таму само фаќа корона . Еве ми се јавија и од балетското студио каде што одеше лани ќерка ми ,им стигнале протоколи како ќе работат, во помали групи и со други мерки па доколку сакаме да продолжиме да се изјасниме,исто и од курсот по англиски ќе имаат настава онлајн,деца си одат на тренинзи,ја стварно не знам луѓето како мислат да живеат со ваква психоза и параноја. Сега кога ќе им простигнат ратите од септември ,па откази ќе фрчат ако не се вратат на работа охоо...и зборете ми за здравје,а менталното здравје отиде во неповрат
Азалеа... На работа МОРАМ да одам. Или дете со мене ќе носам. Таткото е во неослободена категорија. Родителите ни се со штаки. Жена неможам да најдам, едноставно НЕМА.
Знаеш колку многу ти верувам. И јас ја носев едно време со мене на работа,дур не бевме почнати турбо да работиме.
Приватните градинки се спремаат од 1ви најдоцна 5 ти септември да отворат, како што ми кажаа и на своја одговорност.
Кај мене се две, две места у градинка, две у приватна, две жени за чување или отказ, психоза е мал збор за тоа што ни се случува на нас со мали деца
Сеа прочитав на фб од нашата градинка дека ќе се почнува и протоколите се ставени, прееска платив за март месец а утре ќе ги однесам потврдите.Зошто званично не кажат за сите градинки не ми е јасно
Јас најдов жена, не се издржува веќе, одам 4 месеци веќе и едноставно нема кој да ги чува. Прашав во градинката (приватна) дали има нешто ново но ми рекоа не знаат, а сеа читам може ќе се отвараат. Не знам што да речам, како народ сме многу ќутливи, трпи и молчи работава а еден куп родители останаа без работа Требаше тие каде што има услови да се отворат и да се види како ќе биде, ама кај нас ништо.
За март? Јас за август имам платено или вие ослободени сте? Нема многу дечиња пријавени да одат и во ред е така, нека имаат предност тие што навистина имаат потреба да одат. Кога плаќав за август си викам, 6 месеци платени - 3000 денари дадени, за што?! Место чувам, а ваму не може да оди. За 3000 ќе и купев нешто, бар ќе се занимаваше по дома. Сега ќе продолжам да плаќам, за што? Ако трае ситуацијата до следната година ова време, уште колку пари џабе ќе дадам. И не ми е толку за парите колку што ситуацијата не е во ред. Од една страна дискриминација се прави на децата кое да оди, кое не, а ваму сите ќе плаќаат. Богац ми кажа парите биле за дезинфекција,средства, и сл. Ако не може да ми оди детето зошто да плаќам?
Ние редовно плаќавме за да немаат изговор за не примање. Се што кажаа, се исполнуваме. И еве уште ништо.
Зарем и за Август Ви е кажано да се плати? Нас со Мај ни кажаа, и толку, за Јун/Јул/Авг нема уште ништо кажано (за градинки под Карпош зборам).
Во право си. Јас имам три деца, лани кога средниот беше прваче, престанав да работам за да се посветам на нив. Најмалиот во градинка одеше уште кратко, во деновите кога ќе изразеше желба сам. Многу ме иритира кога ме гледаат како - лесно ти е тебе, не работиш.
Јас сум под стрес што од темава, што на time.mk нон стоп отварам. Само шпекулации. Од незнаење стрес.