Здраво. Би сакала да прашам за искуство и совет. Конкретно се работи за синко мој кој до пред короната одеше во градинка во една Општина. Почеток на април имавме планирана преселба во друга Општина и со време најдов градинка. Културно бев да видам за место, услови и тн. Се договоривме да дете крај на март почне со адаптација во таа градинка, како не би му дошла нагла промена. Значи напоменувам, дете го запишаа ( така ми потврдија ) и договорено да денот кога ќе почне да донесам Досие негово. Фати корона и од 11.03 затворија градинки. Се јавив во новава градинка да препрашам дали да донесам барем Досие како би го имале и ми кажаа нема потреба, денот кога ќе почне ќе донесете. Кога се најавуваше во јуни дека ќе почнат пак се јавив и пак истиот одговор. Сега почеток на август кога почна да се збори за доставување на потврди се јавив и добив одговор : нема потреба од потврда сега за сега, кога ќе има нешто ќе ви се јавиме. Случајно од комшии слушам дека почнале потврди да носат и однесов и јас. Реална слика е дека мора да се вратиме на работа ( физички да присуствуваме ) , а дете нема кој да ни чува ама баш нема! Кога денес ми се јавуваат од градинка и ми викаат дека им е навистина жал, но дете е невозможно да започне сега ( нема од 01.09 да почнат ми напомена ете да ви дадам инфо ). Кога прашав зашто да не може да почне, добив одговор дека се води како да не е запишан зашто не одел воопшто во таа градинка и дека ќе треба регулар да чекаме за упис! Искрено збеснав, прашав по која основа е ова кога се беше културно објаснето кога прв пат дојдов и пополнив се регулар и регулар имав потврден одговор да од 01.04 дете почне со градинка ( пред да испадне со короната ова ). И како викам сега пу пу неважи сето тоа и дете не ми е запишано, па треба да чекам кога ќе ви одобрат уписи. И објаснив дека нема кој дете да чува и со мене на состаноци не можам да го носам! Ми вика : па не требаше да го отпишете од таа градинка! Ама жено викам ние со вашата колешка сето тоа убаво го образложивме. Корона не знаевме дека ќе има не гледав на гравчиња. Жената се извини 10 пати дека и е жал и дека не е до нив и дека сега истово им го соопштуваат на останати родители што се како во мојот случај. Океј викам, како сега јас да постапам со оглед дека јас морам ама морам да работам регуларната работа, а и тоа што плус работам? Ја прашав што доколку тоа што го збори за упис им одобрат догодина на есен? Да оставам работа и да живееме со една плата? Не добив никаков одговор освен извинување и дека не знаат што да ми кажат и помогнат, освен дека ќе е дете на приоритетна листа кога ќе почнат со уписи! И сега Ве прашувам Вас .... дали е ова навистина вака или ме испафтаа културно?? Што можам да превземам или не можам ништо да направам? Се извинувам на долгиов пост.
@sofi2107 на претходните страници има куп родители во твоја "кожа". Убаво ти кажале, така е. Не можеш ништо. За жал, изгледа да
Прати допис до Општина, закажи состанок со директорката. Во краен случај види други градинки. Инсистирај на решение. Јас не би се помирила, да така е и толку. Никој не ја предвиде ситуацијава, плус цело ова време те маткале, бар од старт да ти кажеа. Потпиша ли договор? Имаш на писмено дека е примен од 01.04? Многу непрофесионално.
Кај нас се зборува дека на ниво на Општина ќе почне школската година за сите со физичко присуство. Исто и дека ќе отворат градинки. Бев на одмор, така да не тврдам, ама ова е од управа на училиште. Родители и наставници притискаат да се оди во училиште и градинка. Ние имаме и преглед закажан кај стоматолог од училиштето. И никој не ни бара изјави, ни во градинка ни во школо. Во Скопје знам до вчера беше.
Не, не потпишав никаков документ кој е насловен како Договор. Единстево што потпишав и пополнив беше Прашалник ( ако може така да го наведам ) за кој ми напоменаа дека е регулар иако веќе имам пополнето во претходната градинка и стои во Досието на детето. Не е проблем за Допис или Барање до Општината, а ни до директорката. Но, еве сега Ве читам наназад страни и се консултирав со една пријателка воспитачка ( во друга Општина ) и да, тој е тој протокол кој им е даден и нит Општината, а ни вработените во градинка не се моќни да го бутнат мој синко во почетна програма како би отфрлиле некое детенце кое веќе одело во таа градинка. Искрено и не би сакала да дојде до тоа. Единствено да пробам откако ќе почнат градинки, па за некоја недела да отидам лично и да видиме како може да ја решиме работата. А, за во друга градинка не би зашто оваа ми е баш лепенка до зграда и дечињата со кој се дружи му се таму. Многу полесно ќе му е да се адаптира со веќе познати ликови. Едит: немам ништо црно на бело дека е примен. Во постојан контакт бев и сум со педагогот и дефектологот. Кој во ниеден момент не рекле дека не е примен со оглед на првичната ситуација. Денес само напоменаа : Кога ќе имаме зелено светло за упис на нови деца за оваа учебна година, Вие веќе имате потврди и ја знаеме ситуацијата пред корона како беше све договорено па така да вашето дете ќе е на приоритетна листа
@sofi2107 треба да имаш потпишано договор за официјално да ти биде детето запишано во градинка. Само на збор не важи. Ти кажувам затоа што имав такво искуство со малиот. На збор беше дека ќе биде запишан, ама да чекаме да не викнат за договор да потпишеме и тек после тоа официјално ќе се знаело. И во 5 за 12 не викнаа да шкртнеме, без разлика што на мене ми гореше под нозе зашто имав дата кога морав да почнам на работа. А за другото не те излажале. И во нашата градинка нема уписи на нови деца. А кажаа дека и тие што биле тазе запишани дека нема да ги примат затоа што не биле во можност за адаптација. Плус, не се ни знае кога ќе почнат со работа.
@sofi2107 мислам дека те ставиле во многу неповолна позиција. Не е во ред така да се остави. Оди разговарај со директор, па ако треба и во општина. Многу ми е жал фино звучи, ама никако не ти го решава проблемот. Дека па и до толку се групите полни да не можат да примат дете, не би рекла. Се сомневам дека 15 деца ќе има во секоја група во секоја градинка и дека капацитети се исполнети. Како ќе ги повлечат мерките за чување дете доколку градинките не примаат нови дечиња? Тие што не биле запишани и сега требале да се запишат за родителите да појдат на работа, што, извисени ли се? Мора да се најде решение за сите. Еве, ќе укинат и продолжено породилно, ама ако не примаат деца во градинкиве, каде ќе одат овие? Државава е трула од корен. Па и ние ко народ пасивен, попасивен! Нит некој да се пожали, нит да се побуни. Немој случајно да се пожали некој да не случајно се занемариш со светото величество власт или персонал во градинка.
Сега читам , школската година од 1ви октомври ќе почнела. За градинките тоа не важи нели? Прво Влада мора да изгласа некои измени во ЗО. За грарринки нема што да гласа.. Колку сме зависни од државата...еј...
ко да менува нешто што еден месец се пролонгира. се знае есен дека сезонскиот грип е на изволте... баш октомври е таман за него... ништо не ми е јасно.
ова е слика баш за сите градинки..незнам што е повеќе да се каже... Еве да прашам, дали на наставничките од градинка би им било мило да останат без работа? или да земат пола плата? нели, нема деца, нема градинка, нема работа, па псоле ќе почнат малку повеќе да се залагаат за опоравувањето на цела ситуација..или е па сега незнам и кревање раменици..значи мора да работиме, мора да се живее!!! Знам дека не се виновни ни наставничките, ама ете јас мислам дека се способни да одржуваат хигиена, јас им верувам 100%, па макар и да треба цело работно време да седат со маска, ќе седат бе, акко можат другите така и они, и да децата веќе знаат за вирусот и се свесни, само тераб да се воспостави добар однос и ќе биде се ОК..и ако се изнесеше СЕ ова може до сега ќе имаше решение за отпочнување со работа..
Детето е официјално примено кога ќе се потпише договорот, јас како што ја разбрав членката изгледа само усно и потврдиле. Сепак да сум на нејзино место не би оставила така, би одела до повисоки институции. П. С. Се извинувам што се убацив на твојот пост
Леле лудница ни е државава,веќе не ми се ни прави муабет на тема градинки и школи. Попрво срцев или мозочен удар ќе добиеме од нервози и неизвесност што ќе биде утре, отколку корона. Инаку да за градинките не треба никакви законски измени може во секое време да почнат,немат врска со училиштата,освен ако нешто друго на господата во златните фотељи не им текне. Поважно беше они да се одморат од изборите,а за децата има време...ќе дојде Нова година
Нема никаква логика школите да учат онлајн и од дома да има опција(а поголемите знаат и можат да носат маска и да држат дистанца), а најмаливе да ги фрлиме во оган. Но, тоа што нема општа логика ништо не значи во државава. Не верувам дека ќе отворат градинки во Септември. Проблемот е како ќе се справат со проблемите што ќе произлегуваат од неодењево во школо/градинка. Хаос.