@sofi2107 ако немаш договор потпишано, ништо не можеш да направиш. Нема како да докажеш дека ти ветиле дека ќе оди детето во градинка.
Точно. Но, Софи не е засебен случај. Има многу како неа. Бебињата што во Март беа 3 - 4 месеци, сега се спремни за во градинка. Што со нив??? Треба решение и за оваа група на деца.
Ќе треба да ги запишат. Стандард е тоа кај нас. И да си чекаат. Ако немаш врски за упис, две три години чекање не ти бегаат.
Се согласувам. Многу лошо изиграна ситуација на денот на нашата прва средба и договор. Да бев известена од нив како оди целава постапка со запишување-пренос верувам дека би постапила од старт со барање документ црно на бело да потпишам. Но, искрено не бев во тек ниту ми беше кажано и објаснето. Ме ставија пред свршен чин во 5 за 12 откако доставив потврди. Ај ќе премижев, но овие месеци се имав јавено неколку пати за сигурно да ми потврдат да не биде пу пу неважи. На секое мое јавивање и прашување да не нешто испадне контра од договорот ми беше кажано : мајка не се секирајте денот кога ќе почнат градинки ќе почне и вашето дете! За вчера да ми кажат пу пу неважи! Никој не ми даде документ за да потпишам, кога прашував дали треба да потпишам нешто добивав одговор : денот кога ќе го донесете детето ќе донесете само Досие и тоа е тоа. Целава ситуација е хаотична. Се јавив денес и реков дека сакам да закажам состанок со директорката на која ќе и ја објаснам целата реална ситуација, врз основ на која сум во ситуацијава оштетена зашто на ниеден мој досегашен разговор не ми беше кажано она од вчера. Побарав состанок со директорката, а напоменав и дека ќе закажам состанок и со градоначалникот на Општината доколку не ја средат ситуацијата за која сметам дека бев изиграна од сам старт. Дека да знаев немаше да го испишам од претходната градинка. Ми закажаа средба од наредна недела и дека ќе се потруделе да ја корегираат грешката и самата ситуација. Па останува да видиме наредна недела како ќе заврши разговорот. Да сметав дека не е нивен недостаток и грешка немаше да реагирам и ќе се помирев со ситуацијата. Но, во конкретниов мој случај нема да оставам да остане на тоа од вчера. Жал ми е многу за сите родители кој се во ваква мат ситуација.
Добро бе луѓе за какви договори зборувате??? Мм беше да ка запише во градинка лани во јули. Дал име, презиме и му дале 2 копии од договор НЕПОТПИШАН, дома да го пополниме и истиот го носевме во градинка на првиот ден кога појде. Потпишан ми го вратија некој месец после тоа. Заради ова никој не ми кажа не го носи детето. Сите вие имавте договор пред да почне?! @sofi2107 и да тераш до крај. Срамота е да инатитуции мајтап играат. Нека те пратат во друг клон дур се створи место, ама мора да најдат решение. Божеее
Ние не сме обновувале договор секоја година,пет години одеше во градинка,на почеток од јасли што беше тој договор и толку.Не ми е јасно ни на мене?
Малку е да кажам дека се лудаци. Место од 15 август да почнат, они од октомври. 6 месеци се децата дома, не можеа да направат план и да ги организират училиштата. Ама бев во образованието така да јасно ми е. Поголеми мрзи и неработници нема. Со чест на исклучоци. Се надевам Мила ќе среди нешто, оти е дно. Ние секоја година обновуваме договор, и годинава обновуваа и плус имаше уписи на нови деца.
Исто и на нас така ни дадоа договор. Јас се чудев дека одма ги запишаа децава, ама мислам дека во Градинкиве под Карпош нема некој проблем за запишување. Знам кога одев да ги ,,запишам,, кога имаа само 5 мес Директорот рече штом сте тука со живеење мора да има место за нив. И навистина така беше-не не изиграа, пред да тргнат земавме договори и ги примија одма (во Август).
Зависи генерациски како ќе се погоди. Кај нас не се мн во група, ама другарка ми пред 2 год кога ги запишуваше децата едвај ги запиша.
Договор? Па тоа еднаш при прв прием на детето го потпишавме и толку. Еве 5 години оди во градинка и никој ништо не побарал да обновиме. И кога прашав, ми имаат кажано дека редовните деца по автоматизам преминуваат во наредна група нагоре, нема потреба од Договор.
Не сум тип на човек што цело време, за се и сешто плука по државата, ама ова нема смисла. Најголема глупост е да почнат од 1 октомври, што правеа 6 месеци и МОН и МТСП стварно не ми е јасно.