не ми се верува 1 септември кога ќе обезбедиме потврди утре е неработен јас мислам една недела унапред ќе ни кажат..
Епа кај нас во градинка бараа од 24.07 до 27.08 да се донесе потврда од матичен од претходно не примаат, по некоја логика е за сеа да почнат да не застати потврдата. Памрт немат веќе што прават не знам дали дете ќе ми почне во градинка од наредна недела или не се е хаос
И во Карпош бараа веднаш потврда дека детето е здраво и може да посетува градинка. Комплетот документи немаше да е прифатен без таа потврда. И сеа??? Која е гаранцијата дека до 15.09.(на пр) детето нема да се разболи? На учителките Ковид тест им правеа во јуни.Гарантира ли некој дека сега се здрави?? Се е наопачки.
Кај нас пишале дека од понеделник ќе почнат да ни даваат активности кои можеме да ги работиме дома.. Некако ми е слабо вероватно да почнат од 1ви...
Да бе... Дадовме по 1000 денари за "материјали" , не оставија дома да седиме и почнаа да даваат задачи дома со децата да работиме. А целиот прибор во градинка Па во ек на пандемија купувавме од ново се, да може да работиме од дома.
На КАНАЛ 5 оди најава : Канал5 дознава кога ќе отвторат градинките, вестите се во 18 часот. ...па еве чекам вести да гледам сега.
Како си одложуваат само... Колку пати до сега се спрема отварање се спрема и оп ништо... Ептен ми е сомнително мене некако...
Еве на канал 5 кажуваат сега, најверојатно од 1октомври, па после вика уште е неизвесно... Каша попара се.
100% И порано беше така. Кога бев во градинка,сите зборат на 10 јуни распуст,јас се чудам,кој распуст во градинка сте
Логички. Тие дечиња мора некој да ги прифати после школо,ИЛИ родителите ќе мора дома да седат ( а тоа веќе незнам кој работодавец би го издржал). Ај уште еден месец...