Јас имам едно друго прашање, дека веќе не можам да се нервирам за ова, нека кажат веќе еднаш и тоа е тоа. За помалите, мојот има 2 дремки, станува во 6, легнува до 7 најкасно. Доручек, ручек, тоа се' е прилагодено на термин ко за во градинка. Детево ми е буквално на ред, на час функционира, ама прва дремка е 9 ипол, ако нешто се помести е прекенкав, втора ми е околу 1 часот. Не спие многу, по саат макс му се. Пробавме на 1 подолга, не се издржува, но и таа не трае долго и ми смета на ноќното спиење. Како прават во градинка ако им се спие? Јас ќе го носам во 6 ипол, морам и нешто да ми дадам да касне по пат, дека до 8 ипол не го држи само цицање, дали ги легнуваат?
Кај нас во јасли немаа некое правило за спиење бидејќи сите различно дремнуваа заради возраста од 9 м до 2 год скроз различни дремки имаат. Во прва мала е веќе друго сите имаа една дремка.
Јасли децата спијат кога им се спие, а за одењето во 6 часот ќе го носите кога ќе биде време за носење на неговата група, малку ќе биде тоа лошо за сите кои ќе носиме деца затоа што ќе се коси со времето за одење на работа сепак до 8:30 ќе треба да се примат сите.
Јасно ми е тоа но јас почнувам на работа од 7. Затоа.. ама цел ден во креветче, ме изненади искрено...
Како што го сфатив Филипче, оние што се спремни може да почнат и во септември. Е кои ќе се тие? офффф амаан веќе
Ако е во јасли, не е битно дали оди стабилно или не. Во креветче си е само и тоа му е. Дали спиело или си играло негово си е.
Кај нас во јасли ги успиваа кога им се спие. Имаа креветчиња, лулашки, душеци на под. Мојата заспиваше кај стигне или ако осетат дека и се спие ја ставаат во лулашката и ја нишаат.. Ете уште нешто што не смее да биде различно по другите градинки, ама е за жал...
@Цвет88 негователките поаѓаат од фактот дека на сите 25 деца во група може во ист момент да им се приспие ко на твоето пример. Нема поединечно успивање, секој си заспива кога му се спие, затоа и си е сам во креветче.
Кога почна Емили имаше 13 месеци. Слично преспиваше како твоето. Одеше две недели па почна корона. Тогаш се пушташе да оди најчесто лазеше. И искачаа и тројките. Дали беше спој или не, многу лошо поминуваше во градинка. Прво и беше интересно и потоа многу плачеше. Сите деца одеа она лазеше. Сите енергични нејзе во 9.30 и се спиеше. За три месеци подоцна ново дете во градинка. Од прв ден се прилагоди и оди со песна во градинка. За назад не сака да си иде. Што се смени во меѓувреме? Сврте на една дремка околу 12 ч, стабилно оди и забите и се извадени. Појадокот им е во 9 ја носиме во 8. Се буди во 7.30. Ако се разбуди во 6.30 до 7 и давам шише млеко дома. И онака касно појадува кога е дома. Ти си го познаваш детето за јадење. Ако јаде рано можеби треба да му дадеш да јаде или да цица во 6.30. Јас не верувам дека дете што оди ќе седи во креветче. Бидејќи ќе им плаче нон стоп.
Воопшто не седат оти не ни имаат толку креветчиња, барем кај нас така беше во јаслите. По две во креветче спиеа. Мислам дека беа 5 кревети на 15тина деца.
Пред некој ден се видов со педијатарот на малава на улица. Викам како сте, што правите? Како е ситуацијата, имате ли гужви? Педијатарот: Одмараме, нема гужви. Уште малку се спремаме за гужвите! (Јас чудна фаца направив). Вика: На децата им спие имунитетот. Ниедно не се разболува. Кога ќе тргнат во градинка вируси и бактерии на заспан имунитет..... леле мори мајко ќе биде! Ме замисли. По 5 деца дали ќе бидат присутни во група во градинка.