ова треба да светка. Грешката на нашите идиоти што ги затворија децата и шест месеци неактивен имунитет ќе си наплати со болести кои треба да ги имаат кога идат прв пат у градинка. Цел Балкан градинките отворени ние... Експерименти
А што требаше да праиме??? Шо не ги носевте по игротеки и љуљашки па да билдате имунитет???? Што не ги замешавте во гужва па да стекнат имунитет ? ...или-отвара градинката ама ќе го чувам детето до октомври дома, после ќе видиме Да ги отвореа во јули, да не моравте да ги носите, ќе ги однесевте???
Требаше како секаде така и кај нас да отворат се. Сега дупли страв е. А јас не носам сега дете, оти од прва темп од друг вирус сите ќе треба да се тестираме и да не идам на работа. Таман детето прекина да се разболува, забрани за се имаше.
Е добро де пишале, нема да ги носат. Еве јас не држам место, ќе дадам предност. Без разлика на ситуацијата дома, требаше веќе се да е отворено и да функционира. На што личи ова? Па једини сме у свет. Некој стварно немал избор и изгубил многу за овие 6 месеци. И за 3 деца да се, требаше да работат градинките. Предолго е ова. И уште ќе трае.
Може сте пишале ама не видов, дали јасли ќе работат. Нашево е на листа на чекање, ништо конкретно не добив одговор.
Заради тоа што немаат никаков имунитет веќе, заспан е. А јас не носам додека едното зло не помине и си плаќам за место. Трауми на дете за секое одење и темп да прави пцр тест си брис и крв, не правам.
Дечки не е тоа држење место. Нагласувап дека нема да иде до тоаш и тоаш, си плаќаш регулар, и тоа дете воопшто не го бројат. Јас три год плаќав така и знаеја дека нема да оди до септември 2019. Никому место не се зема така коа си кажан .
Зависи како ќе кажеш... Ако не кажеш до кога мора да ти чуваат... Ние плаќаме 3000 месечно кога не оди дете.
Ами што чекавте, што не си ги жртвуввте децата за да билдате имунитет? Ај, ве молам... До пред еден месец овде и на сите теми за корона се проповедаше едно, сеа сосема друго се збори. Запад и странство не ги земајте за репер нит сме исти во начин на живот ,ниту можеме да бидеме. Да отворат градинки ќе видиме кој ќе носи деца, пак тие што мораат. Тие што имаат друга опција, ќе си ги чуваат дома, а тоа значи дека нема да има имуно-буст. Ама важно е нешто да се збори. Да не мора да одам, никогаш нема детето во оган да си го фрлам. Ќе причекам месец да видам како ќе реагираат деугите.. ...ама за жал фирмата не е на тато па кога сакам да одам.
Не си ја коси душата и не се обвинувај себеси. Кој има да ги чува нека не ги носат и готово. Мојот ќе оди секако ако не ме зезнат,неможам јас да се расправам за тие смени на работа,да ми мава некој од нос што ме мења па уште и жалопојки кај претпоставените демек само јас сум барала смени како они ги исчувале нивните деца. Отказ неможам да дадам во ниеден случај. Плус детето ќе се социјализира и ќе напредува во развојот.
Кој запад, Србија? Ова што на нашите деца им го направија, никаде не им направија. Или требаше да почнат кога сите почнаа и уште имаа имунитет или нека чекаат да заврши. Од сите опции најлошата ја одбраа а жртви ќе бидеме ние. Децата ќе оздрават побрзо, ама ние дома да видиме како ќе поминеме. Другарка ми е веќе 36ти ден у болница, на 34 години, а работи на шалтер. Не и дозволија да седи дома оти има 4 год дете, имала жива свекрва. Не сакам да умрам ради туѓи лоши одлуки. Веќе бев на оплакување ради ковид кај здрав човек.
Абе трагедии од се правите Извинете вака шо ќе кажам... Ама жени олку на едно место и се нешто ќе прочиташ. Паднал имунитетот, заспал итн итн итн. Кој мора ќе носи, кој има опција нема да носи. Дете шо не одело во градинка како тргнува прваче со заспан имунитет? Ова само филмови за нас мајките шо мораме да ги носиме да се чувствуваме како лоши мајки или што? Морам на работа, значи отказ кај мене не иде у предвид и...? Решение?
Ако не виде, се надоврзуав на муабет од членката од педијатар. Може па глуп е педијатарот, ние не знаеме...
Па да, се и сешто пишувате, еден ден едно, друг ден друго. Заспан имунитет, ок, а што е со оние деца кои седат дома за да зацврстат имунитет. Еве син после рота од педијатри во странство доби забрана за градинка од неколку месеци оти имунитет имаше 0. И многу деца се нашле во вакви ситуации. Заспал имунитетот. До вчера ви ги фрлеа децата во оган со отварање на градинките, а сега ви се виновни оти порано не ги отвориле. Која иронија, вие нема ни да ги носите децата во градинка.
Оти на таа нула не му требала нова болест. Му требало да се стабилизира. Мешаш баби и жаби. А у право си, не носам дете у градинка секако. Нема што да пишувам тука. Поз
Нема споредба Јуле. Деца со рота примаат антибиотик. Потоа мора изолација за да се регенерира цело тело, а највеќе оштетените цревни ресички што од ротата што од антибиотикот. Овде станува збор за здрави деца што седеле дома. Опаднат им е имунитетот, да, ама не до толку колку што се зборува
И јас немам дете во градинка ама пишувам. Па добро од тоа му треба заздравување и подигање на имунитетот, ама дека сега им заспал имунитетот, не знам. Сепак се во контакт и со нас родителите, а да бидам искрена моето си игра и со други деца. А си играат и се дружат едно 90 посто од децата. Ретко кој скроз го изолирал детето. Тие што не ги мешаат, нема ни да ги праќат во градинка.
Мн интересна тема. Од една страна требало градинките да работат, имунитетот се компромитирал, а од друга пак деца не носиме. Контрадикторно.