На вести на 24 имаше вклучување од пред Влада и репортерката кажа дека сеуште седнуцата е во тек. Пушти ТВ, сигурно на некои од наредните вести ќе кажат.
Јас порано сакав да оди во градинка. Јас толку убави спомени имам, и другарки уште од градинка, не доаѓаше во предвид некој да го чува, сега се се измени. Да би имала, би го оставила дома. Отказ не ми е опција, имам преубава работа и доволно постигнато до сега, не би сакала да ја сменам и да почнувам на ново но и нормално од финанскиски аспект. Да би било се' нормално, ма и торта ќе му направев, за благо да му почне од мерак. Сега сум со доза на резерва, но не мислам на најлошото, мене само ова исчекување ми прави стресови, која и да е одлуката, сакам да има одлука. Плус и нов ќе биде таму, прв пат, освен ако не речат не може, ќе избезумам. Ми гори... Не се знае кои мерки ќе се користат, ниту бројот на вработени во градинка.
Неофицијално, градинките од 1 ви Октомври. Таа е првична информација од МТСП. Инаку спремни се, протоколи, обуки, ама чекат одлука за старт. И школите биле спремни. Изгледа се плашат, друго објаснување нема.
Нека ми ги чува господ моите деца и на сите ... Едното 4то оделение треба да биде, другото 5г и најмалото14м у градинка побудалев веќе