Што ви бараат кај вас да носитр , и ние ќе стартуваме многу детали не ми кажаа Ќе се распрашам и кај пријателка плус . Колку што разбрав мали групи ќе се 10-15 деца макс , приоритет , стандарт на деца со двајца вработени што мора да се на работа , ако има можност слободно место и друго дете повикуват , или ја мислам плус тука влијае и врски ако имаш ќе ти оде детето кога ќе сакаш ти , нема да чекаш а за останати коа ќе профункционира се нормално тогаш и сите деца во градинка што се пријавени /запишани , кај нас вака е ..
А на оние што запишале дете да оди во градинка пред короната (а не одело претходно во градинка) и двајцата родители не може да работат од дома тие деца ќе ги примат?
Јас бев ваков случај, да, го примаа синко и ми се јавија од градинката, ама одлучивме со мм да не тргнува сега, уште ќе го чува дадилката дома. Одложивме за следната година.
По правило треба да е примано , ама очигледно не важат мн правилата . И ние првпат почнуваме , и јас зимоска пред корона а пријавив за од септември ..
Мојто е од тие,ќе видам утре ќе им одам што ќе кажат. Дај боже да го примат,јас не се плашам и сум многу возбудена што ќе оди во градинка,некако ептен емотивно го доживувам тоа. Негде би тргнал од 1 октомври,бидејки ќе биде вакциниран. Ама дај боже да го примат.
Ние на 14 август ги поднесувавме тие документи. Нашата градинка МОЛК. Никој ништо не кажал. Нит дали се групи формирани, ниту кои учителки се, ниту она време на доаѓање да се објави (нели секој ден на пример моето во 7.10, наредното вп 7.20..морало да има.10 мин разлика). Почнаа.да ме нервираат одговорниве на граринката. Како да чекаат последен момент да објават за да неможеме да стасаме да понесеме нешто.
Иста и јас , емоции еден куп , со спремање со се околу неа како ќе е повеќе страв имам од др движења отколку одењето во градинка моментално .. ^ За времето и се останато мислам дека во тек на неделата ќе не информираат подетално , и на првичното одење у градинка лично ќе се дискутира за се останато ..
Ова знаете како испадна?? ...ќутете-трајте ќе ни ги прифатат децата.. Точно е дека зависиме од нив , ама и тие од нас. Да не плаќавме минатите месеци, ќе ги прашам дали вака ќе се однесуваа .
од тие пари плаќаат одржување, струја вода, материјали. Платите се директно преку државата, вие плаќале или не нив им иде платата. Секако 6 месеци не плаќаа ни струја ни сметки, ни па инвестираа... некои се фалат искречиле. Па за 6 месеци пола град сама ќе го искречев.
Точно е дека 1490 се партиципација. Ама на Вибер учителката душа ни извади додека да извлече од сите 521,00. Сега никаде ја нема кога треба да се јави нешто. Знам дека платите им се од Буџет, ама стварно ме нервираат ете.. Доволно е " почитувани родители на 9ти почнуваме со работа, дополнително ќе бидете известени...блабла.."
Ама па што има учителката со тие 500 денари? Има договор, 3 неплатени, иде известување дека е отпишано детето. Со има сметководител, директор, учителката не треба да ја занима за пари, освен ако не е плата. А она на 15ти си зима.
Епа наредено и е од "управа" да се јавува и да опоменува. Како за тоа се јавуваа, така сега и за ова нека се јават. Точно 7 дена има до 9ти, редно е два збора да кажеа. Сеа на Канал5 на вести, Јагода Шахпаска со список пред неа, да се обезбедел простор, да се обезбеделе средства...централната власт требала на локалната да и обезбеди пари.. Ало.. Да не е доцна за вакви барања?!
Не, ми се јавија да ми кажат во кој клон е распределен синко за од септември, и да одам да потпишам договор. Ама по телефон им кажав дека нема да оди, и нема да држам место на друго дете.
За овие 6-7 месеци до сега ќе изградеа уште по некоја градинка плус ќе вработеа персонал плус, ама не изборите и фотељите беа побитни. За децава кој одат во школо друга прича тие што немаат компјутери и интернет нека си останат неписмени што има везе ќе мислат тие на сите....
се јавив во градинка да прашам што како и на секое мое прашање учителкат ми одговараше ке ве известиме.Учителкава значи нема поим што ке се случува а еве го кај е 9-ти.А на врата ке бидат главни кога ке мерат температура и ке одлучуваат кое дете тој ден ке оди во градинка или не па во зависност од тоа родителот или ке оди или нема да оди на работа тој ден.Како ке се толерира ова неодење од работодавецот не знам.Покачена температура во моментот може да биде од икс причини а не од болестМногу нејаснотии и недоречени работи па ке се оства простор за манипулации.