немале кадар градинките користеле мерка вработените, со отварање на грдинки ќе се укинува мерката ? никој ништо не кажува и денеска во групата ништо не пишаа од градинка шо како ке биде хаос...
Да. Околу 320 воспитачки користеле мерка за деца и хронични болести, да дел од нив ке користеле мерк за деца до 10 години.
мерката уште важи значи и ние шо користеме мерка за деца нема да одиме наработа и ако е отворена градинкава?
Бивша колешка воспитувач со близнаци користеше мерки,ја викнале на работа,мерката ке се укинела деновиве.
Штом ќе отворат градинките, мерката з мајките со деца во градинка прекинува и се враќааѕ на работа. Ама мајките а деца до 10 години кои ќе одат на училиште ќе бидат од 1ви октомври ослободени се до момент кога ќе се отворат дневните центри за згрижување деца до 10 години (целодневем престој). Хронично болните никој не ги спомнал.Тие последни ќе се вратат, дури може и вакцина да чекаат.
Нас ни кажаа нема место во графинката во Влае, под нозе ми гори. А требаше да почне на 15 март. Не е фер ова, незнам кај да се жалам.
Како нема место? Нели во изјавата пишува дека ако нема во тој клон, може било каде да биде распределено, група друга, друг објект...
Ве читам за потврда за вакцини ве молам кој знае кој е поупатен малата има 2 години сите вакцини ги примаше редовно освен последната ревакцина дтп што е на 18 месеци прележа варичела и не ја ставивме а сега па ич не сакам да и ја ставам. Дали ќе ми направат проблем да не ми дадат таква потврда ?
...и за да го примат. На врата имаше закачено кај нас соопштение дека деца со не примена вакцина да не ги носат, нема да бидат примени. Прашај си најарно. Уште ништо абер а? Ви пратија некои упатства?
Кај нас ништо, штама, не ги барав вчера ама денес морам, чекаат да видат со воспитуавачки, ќе одам сега потврда за вакцини да земам, да сум спремна, се мислам во петок брисеви да направам таман во понеделник резултати, ама уште не знаеме дали ќе биде примен, некако потајно се надевам, ми рекоа би требало.
Син ми ја немаше примено дтп,сеуште ја нема примено последната ревакцина,а го примија во градинка.Ова ти кажувам за лани.Некако фокусирани се да ја има примено ммр,а за оваа еднава немаше никаков проблем.
За ММР да ви кажам.. Ако набавите потврда од доктор со мислење дека детето поради можни фамилијарни генетски нарушувања несмее да ја прима, тогаш ја носите потврдата во граринка и детето ќе го примат и брз ММР. Имаше ваков случај, само што издавањето на таква потврда траеше неколку месеци (мислам 4). Се тргнува од матичен лекар на детето и се завршува кај некој конзилијарен тим. ..со тоа што и родителите одат на прегледи. Несакам детали за случајов да изнесувам, родителите беа иеплашени дека ако детето ја прими ММР би можело да се активира патогенот од еден од родителите.
Точно и за ДПТ нас кога во дизпанзер не сакаја да ни ја стават, јас им реков па дајте ми потврда дека не смее да ја прими. Тие ми рекоја дека тие не одлучуваат туку се праќа мислење во ск и доколку тие дадат одговор дека не смее да ја прими ќе издадат потврда. Но постапката е неколку месеци.
Se javiv vo sovetuvaliste nemalo da mi dadat potvrda tuku izvestuvanje za dosega primenite vakcini ama sepak ke piselo deka ne e redovno vakcinirano.......I sega denes pravam krvna slika utre da ja odnesam da ja stavime vakcinata. Fala mnogu na odgovorite sreka sto procitav za potvrdite od kaj nas nisto nemaat kazano seuste ama da si bidam spremna.
Општ хаос. Мерката не е укината, голем број од вработените во градинка користат мерки. Немаат кадри. А мерката не знам зошто не ги укинат. Од друга страна ако ги укинат мерките остануваат да висат родителите на деца кои требало да им ги примат во градинка измонатиов период, а не ги примаат сега зошто нема место. Ептен е хаос целава ситуација. Мислев до сега ќе смислат нешто паметно, ама само поголеми глупости прават. Плус повторно никој не кажува што со тие деца чии родители во меѓувреме ќе ги свикаат на работа, а не се планирани во групите. Многу нејаснотии, многу ситуации не се предвидени. Мора да најдат соодветно решение и да заврши ова лудило.
И со тие потврдите за вакцинален статус ја претераа. Последна е ММР. Таа вакцина што требаше да се прима на 4 години ја преместија на 7. И сега на секое ни бараат потврда а детето од 2 до 7 години според календарот нема вакцина за примање. Ако еднаш сме донеле дека ги има примено сите, незнам зошто постојано бараат нова потврда кога веќе нема вакцини до 7 години.
Сега ништо не ми е јасно, градинките се отвараат, мерките сеуште траат? Мислам на мерките за деца што до март одеа во градинка. Тогаш никој нема да пушти дете. Времени мерки, и мерките за деца од градинки се исто или вториве се под првите. Ако се укинат времените мерки, автоматски се укинува и за овие во градинка и тие на продолжено породилно? Независни се? Каде да се обратам?
Кај нас досега ни побараа само за мрп дека е примена и тоа фотокопија од картончето и само еднаш. Се јавив во нашата градинка сеуште ништо не се знаело а уште два дена има кога ќе носиме потврди јас не знам како ќе направат се на трчање ќе биди. Ајде нека биди еднаш битно