Мерките се продолжени за тие кои работат од дома, не за тие кои ќе пратат дете во градинка. таман работа дете у градинка ја дома.
На тие што им дадоа потврда од работа дека присуството е задолжително, за нив од среда мерка не важи. За други незнам како ќе биде. Ваљда ќе има некое решение, бидејќи дамо 1/3 од децата можат да се примат во градинка.
Ако одело во градинка и ако не можеш да работиш од дома, тогаш ќе оди во градинка и нема мерка. Ако не одело до март или ако можеш од дома да работиш нема градинка.
А има ли кај нас дневни центри кој примаат дечиња од 2 години? Има еден тука одма ама пишува од 3 години.
Не сум грешка. До 11 март си одеше редовно, на 12март мм почна да ја користи мерката, дење го чуваше ноќе работеше од дома. Сега ги отворија градинките, има потврда за работа од дома, мерките уште важат. Можам да ја користам мерката или со тоа што ги отворија градинките, автоматски значи дека тој ќе се врати на работа физички. Потврдата произлезе од од затворањето на градинката, градинките се отворени, па се плашам да не има некоја правна финта, па и потврдите да не не важат.
Пробај, на нет најди ги Колорес, ама не градинката туку дневен центар. Постирав пред некој ден дека имаа оглас за прием. Ако не таму тогаш провери по другите приватни.
Ние од 9ти почнуваме во градинка, барав, но не најдов... Може да ми каже некој што се е потребно за таму за син ми? Инаку сме 1 годинка.
Истата е, првата, дека може да извршува работни обврски без задолжително физичко присуство. Мислам дека така беше.
Има работодавци кои си организираат работа од дома за сите вработени или во комбинација со ротирање. Децата на истите секако не мора да одат во градинка, но во овој случај и не станува збор за мерка, едноставно на тој начин им функционира фирмата и тоа е тоа.
Од прво до пето оделение е во Колорес. Ако неможе градинка барем по некој саат во неделата да биде со деца да учи и осознава.
@monik55 еве ќе ја тагирам @Cka ако сака да каже нешто ако знае за фирмиве лиценцирани за гледање деца. Можело да се договориш и за 10-12.000 ама да не готви и да средува по дома. Мене многу ми се тие пари. А и непознат човек...дома...скептик сум.
Не многу е не сум.во состојба да плаќам приватна градинка или жена,мислев дневно или по неколку часа неделно да го носам,за да учи и едуцира,си го гледам детето дека му треба и си бара повеќе да работиш со него а јас немам толку време а и сила. Или да се надеваме дека ќе сменат нешто и дека ќе примаат нови дечиња
Сега новата Министерка кажа дека имало 19000 слободни места а 14000 биле пополнети. Имало 5000 слободни. Но, не во секоја градинка. Види,.распрашај се, можеби во некоја соседна има слободни места.
У иста ситуација сме, моето е скоро 15 месеци, требаше а почне во градинка од 15 март ама коронава се упропасти. Сега не го примаат, немаат место, не можам да останам без работа а нема кој да го чува. Ми експлодира главата, од 9ти сигурно ќе почнам а незнам кај да го оставам.