Јас кога бев во ваква ситуација (см мораше да остане дома) маш даде отказ и почна да работи сасим трето втора смена само за да прајме пинг понг со детето
@monik55 имаат опции и за неколку саати. Се е како ќе договориш. Имаш состанок онлајн договарате за пари, ако сакаш камера кажуваш. Има секакви верзии. Секако не е во ред да изгубиш работа а 12 000 не се многу гледано долгорочно бидејќи задржуваш работа. Ако иде за неколку саати и помалку се плаќа. Има опции и ден да иде ден не, оти сите работат наизменично, не смее на одредена квадратура да има повеќе вработени. Не знам дали работиш во канцеларија, ама ако е така, се организира да одиш една недела една не, пример, или ден да ден не,па така ќе си договориш со жената и ќе плаќаш пола,да речеме 6000. Јас тоа го гледам како неизбежен трошок. Ем дете изолирано,нема да биде со 15 деца и учителка, ем ќе одиш на работа.
Не сум канцелариска работа,во смени сум. Ќе разгледам што е како е. А приватен едукативен центар кај што го носиш детето по некој час знаеш?
@kukla21 не е кај сите така како што кажуваш ама ако е тоа твоја перцепција, нека стои. Пример еве јас, не можам да одам на карта да ми продолжат породилно оти ми заврши на 20 февруари, иако беба немаше 9 месеци, порано имав отворено ради здравствени проблеми. Аплицирано во градинка уредно уште од лански ноември за дете да почне и ќе почнеше. Не знам зошто мислите дека не се пуштаат деца бебиња во јасли. Првото дете ми тргна на 11 месеци и со ова имав таков план со тоа што од 9 до 11 ќе коростев одмор стар и нешто боледување. Не, немав опција да ги чувам дома до 2 години и реално мене сега ми е проблем. За првото однесов документи од работа и е во групата од 15. Второво не ми го примаат во јасли. И сеа јас ќе користам мерки уште или што да праам? . Ова е лудо. Ни тие во министерството не знаат шо одлучиле, па камо ли ние да знаеме.
Не знам. Ама ако одиш во различни смени со маж ти, жена за малку ќе ти треба и малце пари ќе дадеш. Дури и подобро ќе ти излезе.
Јасно дека има и такви на кои им е потребно. Кажав и во мојот пост. Во јасли носеле тие што имале реална потреба од градинка, како кај тебе што е ситуацијата. И @referentka ја имам запаметено дека е во тие кои мн рано почнале да носат дете во градинка. Ама дека сите во јасли запишувале деца, не верувам. Тие што сакале поднеле документи како тебе со време затоа што им горело. Јас зборувам за оние кои ниту поднеле документи, ниту имале намера да поднесуваат. Такви се јавија еден куп во групана на фб што ја читам. Што ќе давале кога и така немало место или што ќе се пријавувале кога им кажеле дека нема место. Ќе поднесам, па ако нема место барем ќе знам дека кога-тогаш ќе има или како @monik55 ќе одам ќе досаѓам. Не ова, сите се жалат демек нема место во градинките, а не ни реагираат, не ги запишуваат децата затоа што немаат намера да ги праќаат децата, ама убаво е дома да се седи и пари да се земаат. Ние една богата земја што се погодивме, па да финансираме мерки на влада, топ. Мене искрено жал ми е за оние кои немаат опција никаква и овие 6 месеци не знаат што со себе и со децата и прават 300 комбинации. Ние сме двајцата дома, работиме, ама сме живи ненаспани, мртви уморни, понервозни. Сите не утепа ситуацијава. Пак ќе кажам, МТСП, градинките, општините сите потфрлија. 6 месеци не мрднаа со прст, не ги адаптираа просториите да згрижат повеќе деца. Протоколите се знаеја од мај месец. Секоја градинка има спортска сала, сала за приредби и сл. Се тоа можеше да се преадаптира и да се направи простор за повеќе дечиња. Во дворовите можеа да се стават привремени објекти, да се изнајми дополнителен простор, да се вработи кадар. Значи многу можеше да се направи, а никој со мал прст не мрдна.
Ме запишуваат таму кога одам и прашувам,денес ми вика таа а си била април јули,август Мене неми е проблеми ма глава ќе им се качам се дур не ми го примат детето. Лесно е за жени да ти чуваат дете ама ете ние не сме таков тип а и немаме срества. Како да платам жена кога една плата ни оди кирија и сметки. А најбитно мие образовниот процес.
Многу лесно велите отказ дај си. Тешко се живее со две плати а не па со една, а уште потешко е потоа да најдеш нова работа.
Мислам малце е иронично да се каже дади отказ,што не дадовте вие овие неколки месеци кога ви гореше под нозе. Работава испадна за едни мајка за други макеа.
Мониче а да се распрашаш за некоја друга државна градинка? Знам дека некаде ќе примат, зависно од условите. Оди во општина , буни се. Не ги оставај вака. Ако ќутиш , ќе мислат се согласуваш.
https://libertas.mk/filipche-sledna...-oslobodeni-od-rabota-i-za-hronichno-bolnite/ Важат мерките или не сега? Во рок од 5 часа, 2 различни изјави, прво министерката вика не ги укинуваме, па после ке разгледувале следна недела. А од 9 ти почнуваат, вторник е неработен ден, значи брис и потврди се примаат до понеделник. Урнебес, како да знам дали да носам потврди во понеделник, кога не се знае дали ќе ја укинат или не мерката, а од тоа ми зависи одлуката. Катастрофа!
https://m.facebook.com/edukativencentarpeperutka/ Еве го едниот сега ќе пробам и другиот да го најдам. https://m.facebook.com/brightkids.brainobrain/