И кај мене малата не ја примија, а е запишана од ланскиот март. Она останува дома со баба и, само синко ќе оди.
Јас уште не знам, не ми креваа вчера, а и тие не знаат, чекаа да видат кои мерки ќе бидат, за да пребројат вработени. Пред ова, ми кажаа ќе примаат, имаат капацитет, ама ќе видиме. Многу сум во неизвесност. Сакам да притиснам, за чаре да си барам, ако не во приватна да го запишам, ако и таму има место, последна опција. Од 9ти ми почнува одмор, да го искористам за адаптација.
Јас колку што сфатив, мерките се продолжени, ама наредна недела ќе се одлучува што понатаму. Значи дека може да сменат одлука и да укинат се.
Дво-смислени се мерките за мајки на деца до 10. Нели тегнаа на работа и останаа само мајки на деца во градинка?! За хроничните и породилното ќе се решавало од понеделник. Ама, Шахпаска и Филипче дадоа две различни изјави
Мајки има ли некој од вас што плаќаат онлајн за градинка? Треба да платам за братучед ми, гледам на вибер има мајки што пишуваат дека плаќаат онлајн, па да ги избегнам гужвите пред банка.
Вака значи на почетокот на пандемијата се донесе одлука да бидат ослободени од работа родителите на деца до 10 годишна возраст. Во јули на 74 седница на влада донесена е измена на одлуката каде вели дека родителите кои се вработени во образовниот процес да почнат на работа бидејќи децата не одат на училиште. Лето е Е сега таа мерка трае за оние кои ќе работат од дома( двајца вработени родители и ќе си го чува детето.) Или ако работат во смена кога градинките се затворени....едноставно мора да бидат со детето а тоа не може да биде во градинка поради останати причини но сепак тоа е за два вработени родители. Едниот ако работи а другиот е невработен тој ќе си го чува детето а вработениот си оди на работа. Останатите родители кои треба да се вратат на работа односно кои работата треба да ја вршат со физичко присуство работодавецот им дава потврда дека мора да бидат на работа и со таа потврда тие ќе го запишат детето на градинка и нивното дете на тој начин ќе биде згрижено и тие ќе си доаѓаат на работа, исто така и самохраните родители.Градинките работат до 5 часот. Афтоматски заклучно со 08.09.2020 престанува да важи продолженото породилно боледување бидејќи мајките или ќе работат од дома и ќе бидат ослободени од работа до 10 години доколку и сопругот е вработен, или ќе ги носат децата во градинка со потврда од работодавач и двајцата ќе работаат со сопругот.https://vlada.mk/node/22034
Ве молам за одговор. Штотуку ни напишаа во група дека приемот ќе бил од 07ч до 07и20ч, а земањето од 15ч до 15и20ч и така било на ниво на цела држава??? Има ли смисла ова, колку родители почнуваат со работа од 07ч, па и порано? Ме интересира по другите градови кажаа ли такво нешто? Ова за во Кочани е!
Кај нас имаше опција да одбереме сами кога ќе ги носиме, кога ќе ги враќаме. Јсс сум од 9ч на работа, ќе ги носам во 8 и 15. Прва смена ми е до 16ч, значи ќе ги земам после 16.
Нема да биде така баш. Ќе има разбирање за 10-0-20 минути плус-минус. Тие по протокол мора да напишата така. Сепак да има некој тајминг одреден.Lolipop23 ќе се договориш лично со нив.
За какви мерки зборуваш за родители што работат од дома? Тие работат од дома и чуват дете..они си знаат како, ама не знам дека и за нив имало било какви мерки..
Напишаа ни минутка отстапка од одреденото време. И не се работи за 10, 20 минути. Градинките мора да работат од 06-17 за да можат сите родители да си ги однесат и земат децата, а не да бараат 3та личност да го прави тоа за нив.
Мхм, баш така ќе биде во пракса. Многу сакам да видам колку од нивна страна ќе нема отстапки од протоколот за работа.
Кај нас сеуште нема ништо околу времето за земање и носење. Јас на вести слушав дека веќе нема да може да се носи и да се зема детето по желба. Моето работно време е од 8-16. Го носам во 7.30 го земам во 16.30, тоа е тоа. Нема никаква шанса да ме дозволат на работа да "играм" како ќе ми "свири" градинката.
Па никогаш не ни било по желба. Само интервалот беше поголем. Градинка отвора во 6ч а најдоцна до 8:15 е приемот, барем кај нас така.
За до 10 години мерката. Читај ме убаво. Тоа што рече министерката. Продолжува мерката до 10 години не е укината. Тоа се знае за кого е. За тие што ќе работат од дома што нема да ги носат децата во градинка а се вработени двајцата. Јас не ги носам законите!
Мене едно нешто не ми е јасно. Јас се изјаснив дека нема да ја носам малата. Ја ставиле во група. Сите се на списоци што иделе само распределени во 3 групи. Значи, групите нема да бидат по 15 деца зашто нема сите тие да одат. Ќе бидат помали. А вака црно на бело, групата е фул.
Ама не ми е јасно каква мерка е таа? Еве со сопругот работиме од дома и гледаме 3,5 годишно дете...што олеснување имаме..? Не те напаѓам тебе, само јас сум збунета...за какви мерки зборуваат?